Јаневска: Никој нема да биде отпуштен од работа, иако во претходните 7 години имаме 17 илјади ученици помалку
2Јаневска: Никој нема да биде отпуштен од работа, иако во претходните 7 години имаме 17 илјади ученици помалку
3Екоактивистите од струмичко по одлуката на Вишиот управен суд – ја продолжуваме битката против рудникот Иловица
3Прва снимка од природно чудо: Пајакот користи мрежа за да направи пружина и ги лансира мравките побрзо од Ф1
ЕвропаПоранешниот менаџер на барот во Кран-Монтана по трагедијата: Порано имаше повеќе апарати за гаснење пожарПоранешниот менаџер на барот „Констелејшн“ во швајцарскиот скијачки центар Кран Монтана, Ерик Досдо, изјави дека клубот претходно немал акустична пена.Поранешниот менаџер на барот „Констелејшн“ во швајцарскиот скијачки центар Кран Монтана, Ерик Досдо, изјави дека барот претходно немал акустична пена, за која се сомнева дека придонела за брзото ширење на пожарот во кој загинаа 40 лица за време на новогодишната ноќ на 1 јануари, и дека имал шест противпожарни апарати и пошироко скалиште за излез од подрумот. Досдо ѝ покажа на швајцарската телевизиска станица РТС неколку фотографии од барот, кои датираат од 2005 до 2015 година, кога таванот на подрумот на зградата, каде што избувна пожарот, не бил покриен со акустична пена, објавува „Ле Фигаро“. „Немавме пена, навистина не ни требаше звучна изолација. Немавме звучен систем како во ноќен клуб и работевме најдоцна до 1 часот наутро“, рече Досдо. Поранешниот менаџер на клубот изјави дека во негово време имало „шест противпожарни апарати“, додека според медиумските извештаи, сегашните сопственици на барот каде што избувна смртоносниот пожар, Жак и Џесика Морети, инсталирале само еден. Досдо, исто така, рече дека скалите што водат до подрумот, во кој се наоѓал барот каде што се одржувала новогодишната забава, исто така биле драстично намалени по „обемните реновирања“ што ги извршиле новите сопственици. „Не разбирам зошто ги намалиле скалите до таа мера. Секако, за да ги направат поубави“, рече Досдо. Според најновите наоди од истрагата, 34 од 40-те жртви што загинаа во пожарот во Кран-Монтана биле пронајдени заробени на дното од скалите што водат до приземјето, кои биле премногу тесни за сите да можат да избегаат. Судот во кантонот Вале нареди Жак Морети да биде притворен три месеци. Општината Кран Монтана претходно објави дека од 2019 година не е спроведена никаква инспекција за безбедност и пожари во барот.Тагови: барот Кран Монтана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00Муцунски: Јас би се извинил, до овој момент немам одговор од бугарската страна11:12Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05
Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00
Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33
Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00
Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05
МакедонијаПретставена „Везилка“ - Македонија добива национална фабрика за вештачка интелигенцијаПроектот „Везилка“ – Национален центар за вештачка интелигенција, денеска беше официјално презентиран. Станува збор за иницијатива што треба да ја поврзе домашната научна заедница, државните институции и приватниот сектор со европската инфраструктура за развој на вештачка интелигенција. На промоцијата беше истакнато дека „Везилка“ не претставува самостојна „фабрика за вештачка интелигенција“, туку таканаречена „АИ антена“ – национален центар поврзан со европската АИ фабрика „Фарос“ во Грција. Преку ова партнерство, македонските истражувачи, стартапи, компании и јавни институции ќе добијат пристап до европски суперкомпјутерски капацитети, вклучително и суперкомпјутерот „Даедалус“, како и до напредни бази на податоци и специјализирани алатки за развој на модели со вештачка интелигенција. Проектот чија реализација е планирана за три години, има вкупен буџет од околу 6,2 милиони евра. Од нив, приближно 3,1 милиони се обезбедени како грант од Европската Унија додека останатите средства се кофинансирани од државата. „Везилка“ е вложување во иднината, во потенцијалот на македонските научници, истражувачи, студенти и компании. Тоа е и јасна определба државата да биде активен учесник во технолошките процеси што го обликуваат современиот свет - Христијан Мицкоски- претседател на владата проектот претставува историски чекор во дигиталниот развој на државата и обид да се изгради траен систем, наместо да се реализираат поединечни и краткорочни проекти, посочи министерот Андоновски. Целта на Везилка,се конкретни решенија базирани на вештачка интелигенција – од македонски јазични модели и дигитализација на културното наследство, до анализа на здравствени податоци, оптимизација на енергетските системи, автоматизација на административните услуги и примена на паметни технологии во земјоделството. Покрај истражувачката компонента, „Везилка“ ќе функционира и како центар за обука и развој на кадри.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00Муцунски: Јас би се извинил, до овој момент немам одговор од бугарската страна11:12Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05
Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00
Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33
Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00
Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05
ЗдравјеДесетина колапси на јавни места за неполни 40 часа - „вжештена“ линијата на 194На речиси еден саат по еден колабиран на улица. Од утрово до пладне Брза помош интервенирала за четири колапси, а исто толку имало и во вчерашната дневна смена. Лекарите од службата велат дека деновиве се повеќе граѓани се јавуваат на 194 барајќи совет како да си помогнат за да можат да „го изгураат денот“ поради вртоглавици, болки во пределот на слепоочниците и омалаксаност. Симптоми на метеоропатија чувствуваат и млади и здрави луѓе, вели Д-р Елена Пиловска која појаснува дека топлото и променливо време, особено пред невреме, знае да направи силни промени во општото здравје. Метеоролошките улови не влијаат само на физичкото здравје, туку може да доведат до голем пад на концентрацијата, затоа во кога има високи температурни разлики и промени во атмосферскиот притисок се препорачува зголемена внимателност, особено зад воланот. Освен да се пие голема количина на вода и да се внесува полесна храна, овошје и зеленчук, лекарите препорачуваат да се користи секој слободен миг и да се замине на планина, во природа богата со кислород, односно да се вдише чист и незагаден воздух. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈаневска: Никој нема да биде отпуштен од работа, иако во претходните 7 години имаме 17 илјади ученици помалкуИако во изминатите седум години бројот на ученици е намален за дури 17 илјади, а со тоа е променет и соодносот меѓу наставниците и учениците, министерката за образование и наука Весна Јаневска уверува дека нема да има отпуштања на наставен кадар.На отчетот за сработеното во првите две години од мандатот, Јаневска оцени дека квалитетот на образованието е унапреден преку низа реформи насочени кон подобрување на условите и можностите за учениците, студентите и научната заедница. Како еден од позначајните процеси ги издвои токму оптимизацијата на училишната мрежа и воведувањето на едносменска настава во повеќе од 200 училишта низ државата. - На овој начин не само што се заштедуваат средства, тоа е помалку важно, туку децата повеќе се социјализираат, учат во подобри услови и постигнуваат подобри резултати. Свесна сум дека има реакции, но да повторам никој нема да биде отпуштен од работа, иако во претходните 7 години имаме 17.000 ученици помалку. - Весна Јаневска – министерка за образование и наука Откако обелодени дека само тројца ученици се запишале во земјоделската струка во средното училиште „Кузман Шапкарев“ во Битола и поради тоа ќе мора да бидат прераспределени во друга паралелка, Јаневска посочи дека поради долгогодишниот недостиг на интерес било предложено оваа струка да се префрли во регионалниот центар, но по реакциите од училиштето и локалната заедница, предлогот не бил реализиран. Според министерката, потребен е поголем ангажман на наставниците во промоцијата на струката и информирањето на деветтоодделенците за можностите што ги нуди таа професија. - Ние сме имале примери на училишта со многу низок рејтинг кои со тек на време, токму поради ангажманот на наставниците, станале реномирани училишта. Тоа го покажува искуството. Кога велам дека треба да покажат ангажман, јас не ги критикувам, јас само ги замолувам да направат нешто за да ги задржиме нашите деца на соодветните места. - Весна Јаневска – министерка за образование и наука Меѓу реализираните активности, Јаневска ги посочи и зголемените плати за наставниците, проширувањето на системот на стипендии, инвестициите во училишната инфраструктура и дигитализацијата на образовните услуги. Според неа, во изминатите две години биле вложени околу 70 милиони евра во образовни проекти, додека буџетот за високото образование и науката бил значително зголемен. Јаневска повтори и дека третa година по ред учебниците ќе бидат доставени до учениците на почетокот на учебната година, додека поддршката за инклузивното образование била зајакната со ангажирање на 1.350 образовни асистенти во основното и 150 во средното образование. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00Муцунски: Јас би се извинил, до овој момент немам одговор од бугарската страна11:12Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05
Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00
Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33
Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00
Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05