Поранешниот белгиски крал по 50 години призна дека има вонбрачна ќерка – судски му земале ДНК - Канал 5

Поранешниот белгиски крал по 50 години призна дека има вонбрачна ќерка – судски му земале ДНК

Поранешниот крал Алберт Втори од Белгија вчера призна дека е биолошки татко на неговата вонбрачна ќерка, родена пред педесет години, по ДНК-анализа, направен со судски налог по долгогодишен спор .

Поранешниот белгиски крал по 50 години призна дека има вонбрачна ќерка – судски му земале ДНК

„Вечерва дојде до олеснување“, објави Делфин Буел преку нејзиниот адвокат, бидејќи случајот со години ги пополнуваше жолтите страници во весниците во Белгија.

51-годишната белгиска уметничка тврди дека е родена од долгата врска што ја имала нејзината мајка Сибиле де Солис Лонгшамп со Алберт, тогаш кралски принц, кој бил во брак со Паола Руфо ди Калабрија од 1959 година.

Поранешниот крал, 85, кој владеел од 1993 до 2013 година, до сега го негираше татковството. Но, во мај 2019 година тој требаше да помине ДНК тест по одлука на Апелациониот суд во Брисел. Резултатот од тестот требаше најпрво да биде таен, но неговите адвокати неочекувано вчера вечер го објавија.

„Неговото Височество кралот Алберт е информиран за резултатот од ДНК-тестот што го доставил на барање на Апелациониот суд во Брисел. Научните откритија сугерираат дека тој е биолошкиот татко на Делфин Буел“, се вели во соопштението.

Кралот Алберт Втори абдицира во 2013 година во корист на неговиот постар син Филип кога имал 79 години.

Еден од неговите адвокати изјави за белгиската телевизија РТБФ: „Правната битка завршува тука и тој ја призна Делфин Боел како негово четврто дете“.

Телевизијата РТЛ наведува дека Буел има право на „четвртина од правото што го имаат другите деца“ по смртта на кралот, по неодамнешната измена на законот за наследство на таа земја.

Но, Делфин Буел нема да добие никаква титула и нема да има пристап до престолот, бидејќи белгискиот устав предвидува дека наследници на круната мора да бидат родени во брак.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: По ураганот, пристигнува нова закана за жителите на Флорида и Алабама : „Подгответе се за најлошото“

Најмалку четири лица загинаа во Флорида и Алабама како последица на ураганот „Исаја“, а повеќе од 868.000 корисници се без електрична енергија додека ураганот навлегува подлабоко во југоисточниот дел на САД, соопштија синоќа локалните власти.

Видео: По ураганот, пристигнува нова закана за жителите на Флорида и Алабама : „Подгответе се за најлошото“

Во округот Ескамбија, Флорида, едно лице загина откако остана заглавено под дрво што паднало врз куќа, изјави за CNN Мелони Питерсон, портпаролка на Канцеларијата на шерифот на округот Ескамбија.

Кога пристигнале на местото на настанот, противпожарната спасувачка екипа на округот ја пронашла жртвата во бессознание.

Питерсон соопшти дека претходно вчера, во истиот округ Ескамбија, уште едно лице било пронајдено мртво во својата гаража, која била затворена додека работел агрегат, а четворица членови на неговото семејство – на возраст од 72, 24, 5 и 4 години – биле пренесени во болница поради повреди што не претставуваат опасност по животот.

Гувернерката на Алабама, Кеј Ајви, соопшти дека двајца жители на државата загинале во ураганот, предупреди на можни торнада и ги повика жителите „да се подготват за најлошото“.

Заканата од поплави и торнада сè уште е на сила.

Иако денес ураганот ослабе во посттропски циклон, „Исајас“ сè уште претставува закана од поплави и торнада додека се движи кон внатрешноста на САД, предупредија метеоролозите и официјалните лица.

Според податоците на PowerOutage.us, рано утринава повеќе од 868.000 корисници во Флорида, Алабама и Џорџија останаа без електрична енергија.

Синоќа во Флорида 438.137 корисници останаа без струја, во Алабама 294.662, а во Џорџија 111.105 корисници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерство за јавна администрација: Честит 11 Октомври – Денот на народното востание!

11 Октомври е еден од најзначајните датуми во нашата историја, симбол на непокорот, храброста и решителноста на македонскиот народ во стремежот за слобода, достоинство и самостојна држава.

Министерство за јавна администрација: Честит 11 Октомври – Денот на народното востание!

Делото на учесниците во Народноослободителната борба е трајно врежано во темелите на нашата држава. Нивната жртва не обврзува да го чуваме историското наследство и да продолжиме да ја градиме Македонија како демократска и просперитетна држава, со силни институции и јавна администрација посветена на граѓаните.

Со почит кон минатото и со визија за иднината, да продолжиме да придонесуваме за држава во која слободата, достоинството и правдата се темелни вредности.

Нека е честит 11 Октомври!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од понеделник почнува примената на „Безбеден град“ во Охрид, Струга, Кичево и во Дебар

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека од понеделник, 12 октомври, системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ почнува со работа и на подрачјето на СВР Охрид, односно во Охрид, Струга, Кичево и во Дебар. 

Од понеделник почнува примената на „Безбеден град“ во Охрид, Струга, Кичево и во Дебар

– По извршените технички проверки и финалните тестирања, камерите на системот ќе бидат ставени во функција на сообраќајниците на подрачјето на СВР Охрид – посочуваат од МВР.

Примената на системот „Безбеден град“ на територија на СВР Охрид минатата недела ја најави и министерот за внатрешни работи министерот Панче Тошковски при посетата на СВР Охрид и Регионалниот центар Запад.

Со активирањето на системот, како што нагласуваат од Министерството, ќе се овозможи засилена и континуирана сообраќајна контрола, навремено откривање на сообраќајните прекршоци, зголемување на сообраќајната дисциплина и унапредување на безбедноста на патиштата.

МВР апелира до сите возачи доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со одговорно однесување да придонесат за поголема безбедност во сообраќајот.

Системот „Безбеден град“ во државата е во функција од 1 февруари годинава. Периодот на адаптација траеше два и пол месеци кога граѓаните беа известувани и контролирани за сообраќајните прекршоци, а системот беше тестиран и унапредуван.

Министерот Тошковски во Охрид изјави дека во споредба со истиот период минатата година бројот на повредени во сообраќајни несреќи годинава е намален за 20 отсто, односно со 34 жртви помалку.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер