Тошковски: Добивме огромно, светско признание, ефектот на „Сејф Сити“ е заслуга на сите, особено и на граѓаните
Димитриеска-Кочоска: Министерството за финансии апсолутно немало никакво учество при превземањето на банката
1Тошковски: Добивме огромно, светско признание, ефектот на „Сејф Сити“ е заслуга на сите, особено и на граѓаните
2Димитриеска-Кочоска: Министерството за финансии апсолутно немало никакво учество при превземањето на банката
Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
2Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
БалканПоранешниот албански главен обвинител, Адриатик Лала, доби статус политички азилант во ИталијаПоранешниот албански главен обвинител, Адриатик Лала, доби статус политички азилант во Италија и избегна екстрадиција.Поранешниот главен обвинител на Албанија, во периодот 2012-2017 година, Адриатик Лала, се стекна со статус на политички азилант во Италија, со што избегна екстрадција, која албанските, ја бараа од италијанските власти. -Ваква одлука донел судот во Рим, кој по разгледувањето на барањето на Адриатик Лала, наредил да се одобри барањето, со што се отвора патот за понатамошни постапки за добивање италијанскиот пасош, кој се издава преку структурите на МВР. Извори блиски до Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција, СПАК, велат дека Лала се стекнал со статус на азилат, предизвикувајќи сериозни тешкотии и нула надежи за негова екстрадиција, јави Ора њуз. Додава дека Адриатик Лала, од септември 2021 година, започнал правна битка во Рим, убедувајќи ја правдата на оваа земја дека неговата екстрадиција и казната со две години затвор во Албанија е политичка а не независна иницијатива. -Тврдењата на поранешниот главен обвинител Лала се прифатени од Судот во Рим, кој го одобри барањето, со оглед на однесувањето на Лала во периодот додека престојуваше, година и половина, во оваа земја. По добивањето статус на политички азилант и добивањето италијански пасош, веќе нема надеж за негова екстрадиција во Албанија, вклучувајќи го неговиот случај во списокот на оние досиеја кои пропаднале во однос на екстрадициите, констатира телевизијата. Истрагата против Лала(54) почна само неколку месеци откако тој ја напушти канцеларијата на главен обвинител на Албанија. Случајот првично го поведе Обвинителството во Драч на 15 март 2018 година под обвинение за „прикривање богатство“, „злоупотреба на службена должност“ и „перење пари“како и за кривично дело „непријавување парични суми на граница“. Потоа, истото се прогласи за ненадлежно и досието беше испратено до поранешното обвинителство за тешки кривични дела, а во јули 2018 година соодветниот суд нареди заплена на имотот на поранешниот државен обвинител. Обвиненијата против него беа намалени во 2021 година, кога СПАК, на 9 март, објави дека истрагата ќе продолжи само за кривичното дело „нелегално стекнат имот“ по што судот за тешки кривичн дела, во отсуство, му изрече казна затвор во траење од две години. Покрај затворската казна, на Лала, му се забрани извршување јавна функција во следните пет години. Исто така донесено е решение за конфискација на стан во Драч од 60 квадратни метри и три хектари обработливо земјиште што го поседувал, а не можел да го оправда потеклото. На функцијата главен обвинител Лала беше избран во декември 2012 од страна на албанскиот Парламент со 101 глас „за“, со претходно постигнат консензус меѓу политичките партии. До неговото заминување од функцијата во ноември 2017 година се сметаше за еден од највлијателните луѓе во Албанија, од кого многумина стравувале. Во 2018 година, на Лала му беше забранет влез во САД поради сомневање за вмешаност во корупција. Забрана за влез во САД има и за неговата сопруга и двете деца. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТошковски: Добивме огромно, светско признание, ефектот на „Сејф Сити“ е заслуга на сите, особено и на граѓаните„Меѓународен триумф за македонската полиција. Проектот „Безбеден град“ го освои првото место за извонредност во сообраќајната безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи.„Меѓународен триумф за македонската полиција. Проектот „Безбеден град“ го освои првото место за извонредност во сообраќајната безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи, оставајќи зад себе светски метрополи и технолошки лидери како Сингапур, Дубаи и Абу Даби. Што точно значи ова признание, колку се намалени жртвите на патиштата и како системот „Safe City“ ќе се шири низ целата држава, дознаваме од разговорот на колегата Дејан Трајкоски со министерот за внатрешни работи - Панче Тошковски. Во видеото погледнете го целиот разговор со министерот Тошковски. Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДимитриеска-Кочоска: Министерството за финансии апсолутно немало никакво учество при превземањето на банкатаМинистерството апсолутно нема никаква надлежност во целата постапка за продажба.Министерството за финансии апсолутно немало никакво учество при превземањето на банката, ниту како Министерство за финансии сме помогнале да се случи продажбата и сопственикот да се стекне со мнозинскиот пакет, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Kочоска во рамки на Надзорната расправа во Собранието посветена на причините за воведувањето администрација во АЛТА банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност“. Таа потсети на постапките што се преземени од страна на Народната банка, Комисијата за хартии од вредност до објавување на јавната понуда на 11 септември и дека на 23 септември имајќи ја предвид јавната понуда на Владата се дискутира на тема на тоа дали во државата има одредени институции кои што имаат акции во оваа банка. „На 1 септември Народната банка дава претходна согласност за квалификувано учество. Што значи тоа? Тоа значи дека до 1 септември целокупната постапка околу лиценцирање на лицата, банка или било физички лице, тоа Народната банка си знае, го имала завршено. На 10 септември Комисијата за хартии од вредност дава дозвола за јавна понуда за превземање, којашто јавна понуда за превземање, односно јавна понуда и проспект, се објавени на 11 септември. Во таа јавна понуда и во тој објавен проспект, стои датум, кој што вели дека секој оној кој што е заинтересиран да ги продаде акциите, има обврска тоа да го направи до 10 октомври, што значи дека нема апсолутно никаква врска со претходните изнесувања, дека записникот бил поврзан со некакви датуми, туку исклучиво со датумот кој што стои во јавната објава, повторно тоа е на Македонска берза. На 19 септември имаме објава во Службен весник, согласно која, сопственикот се стекнал со 74 и нешто проценти, на сопственост иако прагот на успешност во тој период бил 70%. Значи, до овој момент постапката се одвива, така што Народната банка е вклучена, Комисијата за хартии од вредност, заинтересираната банка и тука веќе имаме објава во Службен весник дека продажбата е успешно завршена“, појасни министерката. При тоа посочи на информацијата од седницата на Владата во која од страна на Министерството за финансии е објаснета постапката, но при тоа да се има предвид дека станува збор за изборен период. При тоа таа се повика на записник од владината седница. Министерката повтори дека клучниот момент е фактот дека Министерството за финансии апсолутно немало никакво учество при превземањето на банката, купување, коешто завршува на 19 септември и е објавено во Службен весник, од каде што ние во Министерството, всушност, ги добивме и информациите, па врз основа на тоа почнаа постапките за да видиме дали прво државата има некаква сопственост и да предупредиме дека имаме избори и дека немаат можност да вршат продажба“, истакна министерката. Таа заклучи дека во однос на надлежност како Министерство за финансии, Министерството апсолутно нема никаква надлежност во целата постапка за продажба, затоа што ние, освен тоа што го подготвуваме и предлагаме законот, кој преку Владата се усвојува во Собранието во конкретната ситуција немаме никава надлежност бидејќи целата контрола, супервизија и надзор на банкарското работење е од страна на Народната банка.Тагови: Гордана Димитриеска-Кочоска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаНово судско рочиште за случајот со Државна ЛотаријаСо испрашување на вештото лицe кое го работело економското вештачење за набавката на ВЛТ апарати во државна лотарија, продолжи денешното судење за Државна лотарија, чиј предмет на обвинение е токму оваа спорна набавка.Вештакот Анита Поповска пред судот образложуваше што стоело во финансискиот план за набавка на овие ВЛТ апарати, а рече дека вкупниот износ на набавката изнесувал над 9ипол милиони евра. Во финансискиот план за набавка на ВЛТ апаратите, се покажани сите расходи на друштвото и платите на вработените. Конкретно за набавка на ВЛТ апарати вкупната вредност која што било издвоена изнесува 596. 125.511 денари. Понатаму обвинителите продолжија да го испрашуваат сведокот во делот на даденото мислење од Министерството за финансии, на што одбраната постојано реплицираше дека вештакот не може да вади правни заклучоци. Според одбраната вештачењето не е спорно, но тврдат дека обвинителите со своите прашања се обиделе да го натераат вештакот да одговори на работи кои не се содржани во вештачењето. Судењето за државна лотарија ќе продолжи на 18 ноември со испитување на Александар Климовски, актуелниот директор на државна лотарија и последен сведок на обвинителството, пред да започнат во судница да се појавуваат сведоци предложени од одбраната. Во судското рочиште за проневери во државна лотарија од 9,7 милиони евра првообвинет е поранешниот директор на Лотарија Перпарим Бајрами, а обвинението ги опфаќа и поранешните прв вицепремиер Артан Груби, поранешниот генерален секретар во владата Методија Димовски и уште пет лица. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter