3Митовски: Доста е од голготата на граѓаните — Владата итно да прогласи кризна состојба во Крива Паланка!
Шоу бизПоранешната асистентка на Канје тврди дека тој ја дрогирал и силувал во студиото на Диди (ФОТО)Поранешната асистентка на Канје Вест, Лорен Писчиота, претходно го тужеше раперот за сексуално вознемирување, а сега ја измени тужбата и додаде дека тој ја дрогирал и силувал, пишува Rolling Stone.Во тужбата, која тие ја виделе, Писчиота тврди дека била поканета на сесија во студио управувано од Шон Комбс, попознат како Диди. Сепак, во овој документ нема обвиненија за престапи против него. Не бил даден датум кога се случил настанот. Во текот на состанокот им биле послужени пијалоци со назнака „секој мора да пие ако сака да остане“, се вели во тужбата. „Не знаејќи, пијалокот што ѝ бил послужен бил измешан со неидентификувана дрога. По неколку мали голтки од пијалокот што ѝ ги послужил Вест, тужителката почнала да се чувствува дезориентирана“, се наведува понатаму во тужбата. View this post on Instagram A post shared by LP✨ (@laurenpisciotta) Набрзо изгубила контрола над телото и говорот, а сеќавањето на таа вечер ѝ е замаглено. Следниот ден, се наведува во тужбата, Писчиота се разбудила „со физичка болка и збунета“. „Почувствува огромен срам и непријатност што не можеше да се сети на ниту еден од настаните во ноќта по првата голтка од пијалокот што ѝ го послужи Вест“, се наведува во тужбата. Дури неколку години подоцна Писчиота рекла дека дознала дека наводно била сексуално нападната. Вест открил дека се „замешале“ во студиото, што ја навело да сфати дека била дрогирана и сексуално нападната. Кога му кажала на Вест дека „не се сеќава на ништо за таа ноќ и се сеќава само на почетокот кога седнале на каучот во соба полна со луѓе и пиеле голтка од пијалокот што тој го турил“, Лорен тврди дека Вест се насмеал и рекол , „Сакаат да кажат дека не се сеќаваат“. Канје допрва треба да ги коментира новите наводи. Потсетиме дека Писчиота претходно го тужеше Вест за сексуално вознемирување. Писчиота почнала да работи со Вест во 2021 година, односно на почетокот на неговата модна линија Yeezy, а според Page Six, за таа работа ѝ биле понудени 1 милион долари. Единствениот услов бил таа да му биде достапна на раперот 24 часа на ден, седум дена во неделата, што таа го прифатила. Според тужбата, Канје наводно ѝ испраќал вулгарни пораки. "Види, мојот проблем е што сакам да се зае*авам, но потоа откако ќе завршам, сакам мојата девојка да ми каже колку сме се зае*але. Тогаш сакам да ме изневерува", гласи една од наводните пораки од Канје. View this post on Instagram A post shared by LP✨ (@laurenpisciotta) Во тужбата таа тврди и дека Вест мастурбирал за време на нивните телефонски разговори и истакнува дека музичарот секогаш ја прашувал дали слуша што прави. Покрај тоа, тој постојано ѝ ја споменувал големината на гениталиите и наводно ја терал „да го соблече кардиганот додека е во канцеларија, тврдејќи дека „премногу се покривала“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп планира да се сретне со Путин и Си во Кина следната неделаДоналд Трамп, Владимир Путин и Си Џинпинг би можеле да се сретнат во Кина следната недела за да разговараат за завршување на војната во Иран.Трамп им рече на новинарите дека очекува да се сретне со рускиот и кинескиот лидер на азиско-пацифичкиот самит во Шенжен, Кина, закажан за 18 и 19 ноември. „Тоа ќе биде интересно. Ќе разговараме за многу работи, вклучително и за денуклеаризација. Се обидуваме да ја завршиме војната во Иран“, кажа Трамп. Идејата за ваков самит прв ја предложи Путин, кој притоа сакал да се разговара за завршување на војната во Украина. Кремљ на 21 октомври соопшти дека се прават подготовки за ваква средбаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИнфлацијата во октомври 3,3%, соопшти ДЗСИнфлацијата во октомври според индексот на трошоците на животот бележи зголемување од 3.3 отсто во однос на истито месец лани, додека индексот на цените на мало бележи зголемување од 3.2 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.На годишно ниво најмногу поскапело горивото. Според статистичките податоци, транспортот во октомври годинава е за 9,5 отсто поскап во однос на лани. Трошоците за рекреација, спорт и култура се зголемиле за 8,5 отсто, а за образование над 5 отсто. На месечно ниво инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во октомври 2026 година, во однос на септември 2026 година, изнесува 0.4 отсто, индексот на цените на мало е повисок за 0,2 отсто. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсновниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаМитовски: Доста е од голготата на граѓаните — Владата итно да прогласи кризна состојба во Крива Паланка! Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, на прес-конференција побара Владата итно да прогласи 30-дневна кризна состојба на територијата на општината. Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, на прес-конференција побара Владата итно да прогласи 30-дневна кризна состојба на територијата на општината и да ги обезбеди потребните ресурси за трајно решавање на проблемот со неконтролираното движење на крупниот добиток. Барањето произлегува од заклучоците на Општинскиот кризен штаб и оцената дека надлежните институции немаат доволно капацитети самостојно да се справат со проблем од ваков обем. На прес-конференцијата присуствуваа многубројни граѓани, меѓу кои и лица што претрпеле штети од добитокот. Нивното присуство ја нагласи сериозноста на состојбата и очекувањето институциите конечно да покажат слух за проблемите со кои секојдневно се соочуваат и да ги заштитат нивната безбедност, имот и труд. „Додека институциите ги објаснуваат своите ограничувања и надлежности, граѓаните ги бројат своите загуби и штети“, порача Митовски. Според информациите изнесени на Кризниот штаб, повеќе од 1.000 грла добиток неконтролирано се движат низ општината. Се уништуваат земјоделски насади, се оштетуваат приватни имоти и јавни површини и се загрозува безбедноста во сообраќајот. Добитокот секојдневно се движи и низ самиот центар на градот. Митовски истакна дека се неопходни дополнителни стручни, логистички, оперативни и финансиски ресурси, специјализирани возила и соодветен простор за сместување на животните. Од Владата побара да обезбеди заедничка, координирана интервенција, со јасен оперативен план, активности по денови, прецизни задолженија и точно утврдена одговорност. Планот треба да опфати организирано заловување, безбеден транспорт и згрижување на добитокот, како и мерки што ќе спречат повторување на проблемот. Тој посочи дека од јануари 2022 година до Владата, Министерството за земјоделство, надлежниот инспекторат и Агенцијата за храна и ветеринарство се доставени стотици пријави и иницијативи. Поднесена е и кривична пријава за мачење животни, а собрани се докази за материјални штети, повреди на граѓани и уништување јавни површини. Според Митовски, правосилните и извршни решенија за одземање животни од регистрирани одгледувалишта, донесени уште во 2024 година, сè уште не се спроведени во целост. Досегашните делумни интервенции, истакна тој, не обезбедиле трајно решение. Градоначалникот го отвори и прашањето за здравствената состојба и благосостојбата на животните. Побара одговори кој го следи добитокот за кој се донесени решенија за одземање, кога се извршени последните ветеринарни прегледи и дали се проценети здравствените и епидемиолошките ризици. Митовски нагласи дека институциите мора да ги спроведуваат сопствените одлуки и дека ниту партиската припадност ниту приватните интереси смеат да бидат над законот и над правото на граѓаните на нормален и пристоен живот. „Прогласете 30-дневна кризна состојба, мобилизирајте ги потребните ресурси и помогнете ѝ на Крива Паланка да стави крај на оваа долгогодишна голгота“, порача Митовски до Владата. Тој истакна дека останува со граѓаните во барањето за итно постапување и заштита на нивните интереси, нагласувајќи дека трпението е на крај и дека Крива Паланка очекува конкретно решение, сега и веднаш.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook