Внатрешна контрола на МВР испитува како од СВР Битола избега приведен насилник, кој веќе пет дена е во бегство
2Внатрешна контрола на МВР испитува како од СВР Битола избега приведен насилник, кој веќе пет дена е во бегство
3Стапуваат на сила нови правила во Париз: Полицијата воведува забрана за собири во близина на училишта и факултети
ЖивотПоранешна Мис на Австрија се бори за живот откако падна од планинаЕна Кадиќ, девојката која беше прогласена за Мис на Австрија во 2013, се бори за живот, откако паднала во провалија додека џогирала на планина во близина на нејзиниот роден град, во Тирол.26 годишната убавица била пронајдена во тешка состојба, од двајца студенти. Полицискиот портпарол вели дека инцидентот се случил во петокот но не е јасно зошто девојката паднала низ планината, односно што го предизвикало падот. Кадиќ веднаш по падот успеала да му се јави на нејзиниот брат и да му каже што се случило но набргу изгубила свест. Таа во енсвесна состојба била пренесена со хеликоптер во болница и сеуште е во несвест. Полицијата го истражува инцидентот. Тие тврдат дека малку е веројатно Кадиќ да се сопнала или да трчала по непознат терен, бидејќи имала големо искуство и ја познавала планината. / извор: Дејли меилКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Тепачот на Сара, насилникот од Охрид бил пуштен на слобода поради врски со ВМРО-ОКГВчера во Охрид се случи уште еден грозоморен чин на брутално насилство врз млада девојка. Сара. Безмилосно е претепана, фрлена на улица и оставена да умре. Сторителот е син на високи вмровски функционери.Вчера во Охрид се случи уште еден грозоморен чин на брутално насилство врз млада девојка. Сара. Безмилосно е претепана, фрлена на улица и оставена да умре. Сторителот е син на високи вмровски функционери. За среќа, девојката преживеала. Потресно е сведоштво на мајката на Сара, која се наоѓа во болница. Изразуваме целосна поддршка и солидарност со Сара и целото нејзиното семејство. Таа заслужува заштита, мир и услови за закрепнување. Не страв дека повторно ќе биде нападната. Според јавното сведоштво на мајката, осомничениот бил пуштен на слобода, додека нејзината ќерка стравува за сопствената безбедност. Имало обиди за прикривање на случајот и влијание врз медицинската документација. Само затоа што насилникот е син на Љубинка Корабоска, поранешна претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), предложена на таа функција од ВМРО-ДПМНЕ, и на Гоце Корабоски, инспектор во УЈП, за кого се зборува дека има блиски релации со Мицкоски. Ова е последица заштитата којашто Панче Тошковски им ја овозможува на криминалците на власт, неказинивоста, контролата над судството и обвинителството и партизацијата на системот од страна на ВМРО. Телохранител на Мицкоски кој ја тепаше сопругата па беше ослободен, во Богданци млада девојка беше жива запалена, за 5 тони дрога нема одговорност, Симо наместо во затвор е пуштен за гласови, во Куманово сериски убиец, секој ден жртви на насилство. Нема пари за електронски алки а има за Гета од 5,53 милиони евра. Неказнивоста ги охрабрува насилниците. Пропустите на МВР и штитењето на криминалот имаат фатални последици. Затоа бараме веднаш да се утврдат сите пропусти, влијанија и обиди за заштита на осомничениот насилник. Бараме одговорност од сите и нивно разрешување од позииите. Бараме итна и ефективна заштита на Сара. Како жени, нема да молчиме туку силно ќе се спротиставиме. Нема да прифатиме жените во Македонија да живеат во страв, а насилниците да се чувствуваат недопирливи само затоа што се блики до ВМРО. Пред нас е борба со мафијата – против злоупотребите на ВМРО, против злоупотреба на моќта, врските и притисоците, против неказнивоста. Бандата ќе одговара. Прес конференција на Форумот на жени на СДСМ, Кети Штерјова Скопје, 16.11.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВнатрешна контрола на МВР испитува како од СВР Битола избега приведен насилник, кој веќе пет дена е во бегствоОдделот за внатрешна контрола на Министерството за внатрешни работи ги испитува околностите под кои битолчанецот приведен за физичко и психичко насилство врз 21-годишната партнерка, избегал низ прозорец од СВР Битола и веќе пет дена е во бегство.Девојката на 10 ноември пријавила дека била физички нападната од партнерот, кој ја давел и ја удирал, по што побарала лекарска помош. По пријавата, насилникот дошол во СВР Битола во придружба на родител, но, кога му било соопштено дека ќе биде задржан, скокнал низ прозорецот и избегал од полициската станица. Бидејќи пријавениот сè уште не е пронајден, девојката е сместена во шелтер-центар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСВР Битола го лиши од слобода лицето пријавено за семејно насилствоДенеска полициски службеници од СВР Битола, во координација со бранителот на лицето К.У.(24) и Основното јавно обвинителство Битола, презедоа мерки лицето доброволно да се предаде во СВР Битола.Денеска во 12:00 часот, К.У. доброволно се предал и е лишен од слобода. Со него се врши службен разговор од страна на инспектори од криминалистичката полиција при СВР Битола. Против него, на 11.11.2026 година, е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Загрозување при семејно насилство“ по член 144 став 3 и „Телесна повреда при семејно насилство“ по член 130 став 2 од Кривичниот законик. Се преземаат понатамошни мерки и активности во координација со надлежното Основно јавно обвинителство Битола.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook