Поранешен студент бара 3 милиони долари обештетување од факултетот зашто станал импотентен (ВИДЕО)

Студирањето и полагањето испити некогаш може да бидат многу стресни , а токму тоа го навел 52- годишниот поранешен студент на универзитетот Џемс Кук во Квинсленд.

Калдип Ман , кој во младоста студирал во Квинсленд го тужи факултетот за ,,ментална тортура” , што предизвикала загуба на желбата за секс , па бара отштета од 3 милиони долари.

,,Ме погоди на сите подрачја , вклучително и во сексуалниот живот. Веќе немам желба да бидам во кревет со партнерката . Немам нагон , ниту желба...Желба за што било. Да не ме изиграше вака универзитетот и да ми ја уништеше кариерата , сега ќе го завршев својот докторат.”, вели Ман.

Тој во 2015 за докторат од општествени науки платил 20 000 долари , но од таму го обвиниле за плагијат и го исфрлиле од факултетот.

Неговата судбина сега е во рацете на Врховниот суд на Квинсленд , каде планира да ги раскаже сите трауми поврзани со ,,долготрајното вознемирување на Универзитетот Џејмс Кук , кое деноноќно го измачувало и негативно влијаело врз неговите сексуални нагони”, поради што сега врската му е пред распаѓање.

Од Универзитетот за американските медиуми наведуваат дека не може да коментираат индивидуален случај како овој.

Усвоени реформите на европскиот Пакт за азил и миграција

Белгиската државна секретарка за азил и миграција Никол де Мур оцени дека реформираниот Пакт за азил и миграција ќе обезбеди поправеден и посилен миграциски систем што ќе прави конкретна разлика на теренот.  

Советот на ЕУ усвои 10 законски акти со кои се реформира европската рамка за управување со азилот и миграцијата, со што се воспоставува збир на правила за прием на мигранти, се создаваат ефикасни и усогласени процедури за доделување азил и треба да се обезбеди правична прераспределба меѓу земјите членки на товарот од прифатените мигранти.

Белгиската државна секретарка за азил и миграција Никол де Мур оцени дека реформираниот Пакт за азил и миграција ќе обезбеди поправеден и посилен миграциски систем што ќе прави конкретна разлика на теренот.

- Овие нови правила ќе го направат европскиот систем за азил поефикасен и ќе ја зголемат солидарноста меѓу земјите членки, истакна Де Мур, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ.

Таа најави дека Европската Унија ќе ја продолжи својата соработка со трети земји за справување со, како што нагласи, главните причини за појавата на илегалната миграција.

- Само заеднички можеме да најдеме одговори за глобалниот миграциски предизвик, потенцира Де Мур.

Со измените земјите членки ќе може да ги упатуваат илегалните мигранти и барателите на азил на надворешните граници на ЕУ, каде преку процедурата за скрининг би се извршила нивна идентификација и здравствена проценка и би се провериле нивниот безбедносен ризик и ранливост.

Реформите предвидуваат систем за ажурирање на Европската дактилоскопија (Евродак), базата на податоци за отпечатоци на ЕУ за идентификација на барателите на азил и илегалните мигранти, со цел да се приберат попрецизни и поцелосни податоци, вклучително и биометриски, за сите категории мигранти, вклучувајќи ги лицата кои бараат меѓународна заштита. Унијата очекува да помогне за креирање миграциски политики и да ја подобри контролата на илегалната миграција и неовластеното преминување на границите.

Дополнително се поедноставува европската процедура за доделување азил и се утврдува постапката за враќање на лицата чии барања за азил се одбиени. Новите правила исто така одредуваат која земја е одговорна за проверка на барањата за доделување меѓународна заштита и воспоставува единствен европски систем на критериуми за добивање на статусот „лица под меѓународна заштита“.

Со правилата првпат се воведува систем за правична распределба во прифаќањето на мигрантите меѓу членките на ЕУ и се воспоставуваат стандарди за прием на баратели на азил.

Како еден од начините за справување со илегалните миграциски текови со реформите се предвидува воспоставување заеднички европски правила за преселување и хуманитарен прием, со цел обезбедување легални и сигурни патишта до ЕУ.

Новина во Пактот е воспоставувањето задолжителна гранична процедура за проверка на одредени категории азиланти, како на пример оние што доаѓаат од држави кои имаат ниски стапки на одобрување на барањата за азил, со што уште на самата граница не би им се дозволил влез на територијата на ЕУ.

Во случај на кризни ситуации, како на пример масовни пристигнувања на мигранти, членките имаат право да отстапат од одредени правила од Пактот, како роковите за регистрирање на барателите на азил или времетраењето на граничната процедура, но и да побараат засилена солидарност од другите земји на ЕУ. Тој кризен механизам може да се користи само во исклучителни околности и за строго определено време.

Сега по усвојувањето на реформите, земјите членки имаат рок од две години да ги имплементираат во националните законодавства, за што се очекува Европската комисија да изработи заеднички план за нивна имплементација.

Предлог-законот за амнестија за каталонските сепаратисти вратен во шпанскиот Конгрес

Предлог-законот за амнестија за каталонските сепаратисти, вклучувајќи го и Карлес Пучдемон, поранешниот претседател на шпанската провинција, е вратен во Конгресот откако Народната партија (ПП) стави вето.

Шпански медиуми наведуваат дека укинувањето на ветото се очекува со поддршка на Социјалистичката партија (ПСОЕ) на премиерот Педро Санчез и нејзините парламентарни партнери, како и дека ќе се гласа за конечно одобрување на законот за амнестија.

Иако рокот за гласање е средината на јули, шпанските медиуми наведуваат дека намерата на социјалистите е гласањето да заврши на пленарната седница на 30 мај. /МИА

Кралот Чарлс: Го изгубив чувството за вкус за време на лекувањето на ракот

Британскиот крал Чарлс Трети изјави дека го изгубил чувството за вкус за време на лекувањето од рак. 

Ова го кажал за време на разговор со воен ветеран кој бил на хемотерапија од рак на тестисите, а откако ветеранот му се пожалил дека го изгубил сетилото за вкус, пишува Дејли Мејл.

Претходно, кралот на принцот Вилијам му ја врачи титулата врховен полковник на воздухопловните сили на официјална церемонија во Армискиот авијациски центар во Мидл Валоп.

Вилијам ќе го претставува Воздухопловното крило на армијата, вклучувајќи ја и поранешната единица на неговиот брат Хари - 662 ескадрила, со која тој беше во Авганистан.

притисни ентер