ЈП Комунална хигиена: Во текот на минатата недела се отстранети 915 кубни метри отпад од диви депонии
1ЈП Комунална хигиена: Во текот на минатата недела се отстранети 915 кубни метри отпад од диви депонии
Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
1Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
3Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
КултураПораки за Светскиот ден на танцотКористејќи го најсовршениот инструмент создаден од природата - човековото тело, секој танцувач се обидува, дарувајќи ја својата душа на публиката, да ги опише моќта на танцот, мигот на раѓање на нова положба, ново движење, опишувајќи го она што не може да се опише.Ова во македонската порака по повод Светскиот ден на танцот 29 Април го пишува примабалерината на Македонскиот балет Тања Вујисиќ-Тодоровска, која по 25 години активна балетска кариера се посвети на педагошката дејност и работи како раководител на Катедрата за балетска педагогија на Факултетот за музичка уметност во Скопје. - Ако не сте застанале на сцена соочувајќи се со погледите на секој посетител, верувајте ми дека не ќе можете да го опишете истовремено чувството на психолошки грч, во чиј драматуршки фон е и чувството на огромна моќ, во секој мускул на телото..., пишува Вујисиќ-Тодоровска која вели дека пораката им ја праќа на сите што живеат за и од танцот. Меѓународната порака за Светскиот ден на танцот ја напиша Леми Понифасио, кореограф и танчар од Самоа, основач на МАУ - танцова компанија со седиште на Нов Зеланд. - Допри го космосот, тој извор на нашата боженственост, осветлувајќи ги лицата на предците за да ги видиме нашите деца разделен над, помеѓу, под сето здружено внатре во нашето тело, коски и сеќавање... Создавај танц, движење на љубовта, движење на правдата, светлина на вистината, пишува во пораката-песна „Каракиа“ (Молитва) на кореографот Понифасио, кој настапувал на престижни фестивали за танц и музика низ светот. Светскиот ден на танцот се одбележува на 29 април, востановен во 1982 година од Меѓународниот совет за танц (International Dance Council-CID) на Интернационалниот театарски институт. Денот е избран по датумот на раѓањето на Жан-Жорж Новер, зачетник на модерниот балет и танцов реформатор. Секоја година на овој ден на сцените низ светот се читаат национални и меѓународни пораки за танцот. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈП Комунална хигиена: Во текот на минатата недела се отстранети 915 кубни метри отпад од диви депонииВо текот на изминатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија 915 кубни метри непрописно одложен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество отпад од диви депонии е подигнат во општината Центар, каде што се расчистени вкупно 185 кубни метри непрописно одложен отпад. Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела изготви 15 записници за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота. Најголем број на записници беа врачени на територијата на скопската општина Чаир. ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува на жителите на градот Скопје да им ја нуди можноста својот кабаст отпад, во којшто спаѓаат стариот мебел, електронските и електричните апарати, без плаќање паричен надоместок да го одложат во Центарот за селекција на отпадот во Карпош, секој ден во неделата, во терминот од 07 до 19 часот. Доколку граѓаните имаат потреба ЈП Комунална хигиена-Скопје со специјални комунални возила да го преземе и транспортира кабастиот отпад од нивните домови, оваа услуга можат да ја нарачаат од понеделник до петок, во периодот од 07 до 15 часот, на следните телефонски броеви: 0800 222 33 и 3216644. Услугата се наплатува според однапред утврден Ценовник објавен на веб-страницата на Претпријатието (https://khigiena.com.mk/grid/?id=22).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
МакедонијаМицкоски: Над 90 милиони евра вложени во образовната инфраструктураНад 90 милиони евра вложени во образовната инфраструктура, продолжува реконструкцијата на училиштата и студентските домови.Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во однос на критиките во делот на образовната инфраструктура, што направи Владата во изминативе две години и три месеци за подобрување на условите за учениците и студентите, изјави: „Што се однесува до образовната инфраструктура, во овој момент можам да кажам дека Владата има инвестирано повеќе од 90 милиони евра за овие 26-27 месеци. Од коишто половина се директно од Министерството за образование, во делот на студентските домови. Еве, утре еден таков нов, реконструиран, модерен, современ студентски дом ќе биде пуштен, тоа е студентскиот дом „Стив Наумов“. Многу скоро ќе биде и вториот студентски дом „Кузман“, но исто така и сите студентски и ученички домови ќе бидат и веќе почнат е тој процес на нивна реконструкција и обновување. Нешто што со децении не било направено. Има многу работи коишто треба да се направат. Приоритет по приоритет, еден по еден, тие приоритети ги решаваме. И отприлика уште 45 милиони евра преку АА програмата, односно преку оној проект на децентрализирање средства од централниот буџет кон општините се наменети за проекти во образованието, реконструкција на основни и средни училишта. Така што, инвестициите се огромни и тоа можам да кажам дека претставува еден приоритет на оваа Влада и ве поканувам еве утре заедно да, мислам дека утре е потврден настанот, во рамките на „Стив Наумов“ студентскиот дом, да можеме заедно да го отвориме, да прошетаме, да видиме како сето тоа изгледа и какви услови ќе имаат нашите студенти.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
ЕвропаМедведев: „Единствена Русија“ ќе ја формира најголемата пратеничка група во историјата на Думата Руската партија „Единствена Русија“ ќе ја формира најголемата пратеничка група во историјата на Државната дума, изјави во понеделникот претседателот на партијата, Дмитриј Медведев.„Партијата ‚Единствена Русија‘ навистина доби поддршка без преседан – над 58 отсто од гласовите – и имајќи ги предвид овие резултати, ќе ја формираме најголемата пратеничка група во нашата историја“, изјави Медведев по средбата на рускиот претседател Владимир Путин со лидерите на партиите што, според изборните резултати, влегоа во новиот состав на парламентот, пренесува „РИА Новости“. Според конечните резултати од изборите за Државната дума од деветтиот состав, „Единствена Русија“ освои 349 од вкупно 450 пратенички места. Изборите за рускиот парламент се одржаа од 18 до 20 септември, а новиот состав ги вклучуваше претставниците на пет политички партии – „Единствена Русија“, Комунистичката партија на Руската Федерација, Либерално-демократската партија на Русија, „Нови луѓе“ и „Праведна Русија – За вистината“, како и претставник на партијата „Родина“ и четворица независни кандидати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter