Пораки на адреса на Мицкоски по изборот на новата влада

Официјална Атина не упати честика на новиот премиер Христијан мицкоски, наместо тоа нови критики од страна на шефот на грчката дипломатија. 

Во изјава за медиумите пред почетокот на состанокот на Советот за надворешни работи на Европската Унија во Луксембург, министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Герапетритис, на новото државно раководство во земјава му забележа дека флагрантно го крши Преспанскиот договор.

- Во контекст на ова, мора да дадам коментар во однос на С. Македонија. Државното и политичкото раководство на С. Македонија избраа да не го користат уставното име Северна Македонија, на домашната сцена. Тоа е флагрантно кршење на Договорот од Преспа, кој предвидува дека името на државата ќе биде едно и едниствено - ерга омнес, за севкупна употреба и тоа е С. Македонија,- изјави - Јоргос Герапетритис – Министер за надворешни работи на Грција.

Грција, го повтори ставот Герапетритис, останува на поддршката за Западен Балкан за интеграција во ЕУ, но и порача на Македонија дека е неприфатливо непочитувањето на меѓународните договори.

Честитка за формирањето на новата Влада упати американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер.

-Додека премиерот и неговиот кабинет ја преземаат функцијата, очекуваме да го продолжиме нашето партнерство во зајакнувањето на владеењето на правото, подобрувањето на економскиот, енергетскиот и инфраструктурниот развој, социјалните структури и придвижувањето на земјата напред на нејзиниот евроатлантски пат.

– се вели во честитката на Агелер.

Честитка за изборот на новата Влада и Премиер упати Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји.

-Со нетрпение очекувам да работиме брзо за да го унапредиме патот на С. Македонија кон ЕУ..Напиша Вархеји на социјалните мрежи кратко по гласањето и давањето заклетва во Собранието.

Изборот на премиерската функција на Мицкоски му го честиташе украинскиот премиер Денис Шмигал.

-Благодарни сме за вашата поддршка на Украина во борбата против руската агресија. Очекуваме натамошно зајакнување на соработката помеѓу двете земји на патот кон интеграција во ЕУ....напиша Шмигал.

Локалните власти во Холандија веруваат дека има двојно повеќе бегалци од официјалните бројки

Властите во бројни холандски провинции и општини веруваат дека во Холандија има двојно повеќе мигранти отколку што е забележано од официјалната државна статистика и предупредуваат на висок ризик од експлоатација.

Многу претставници на локалните власти во Холандија веруваат дека официјалната статистика опфаќа само околу половина од реалниот број на работници мигранти кои дошле во Холандија од други европски земји, пишува порталот „НЛ Тајмс“.

Локалните и покраинските лидери сакаат новата влада да создаде реален долгорочен план за решавање на овој проблем и да се откаже од нејасните изборни ветувања и неумерената реторика на десничарските партии, што ги доведе до победа на изборите. /МИА

Пензионерскиот синдикат на Македонија при КСС го поздравува најавеното покачување на пензиите

Пензионерскиот синдикат на Македонија (ПСМ), членка при Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС), кој ги здружува пензионерите од целата земја го поздравува најавеното покачување на пензиите за 5,000 денари од страна на новата Влада.

Имено, пензиите ќе се зголемат на двапати по 2,500 денари. Првото зголемување ќе биде во септември оваа година, а второто на почетокот на 2025 година.

Социо-економскиот статус на пензионерите во Македонија во последните години е навистина на незавидно ниво.

Потребно е пензиите да се зголемуваат за да можат истите да бидат доволни за да им овозможат пристоен живот на пензионерите.

Се надеваме дека во иднина со новата Влада ќе имаме фер и коректен социјален дијалог и дека ќе ги ставиме на маса сите проблеми кои ги засегаат пензионерите.

Пензионерски синдикат на Македонија

На еден месец пред стартот на Олимпијадата, Сена сè уште многу загадена

 Еден месец пред отворањето на Олимписките игри во Париз, реката Сена сè уште е премногу загадена и над стандардите потребни за одржување на олимписките натпревари.

Ова го покажуваат извештаите од анализата која денеска ја објави Градското собрание на Париз, каде од 26 јули до 11 август ќе се одржат летните Олимписки игри.

„Квалитетот на водата останува лош поради неповолниот хидролошки контекст, кој вклучува натпросечни врнежи од дожд, премалку сонце и температури под сезонските стандарди“, се наведува во извештајот.

„Очекуваме работите да се подобрат оваа недела со оглед на временските услови“, коментираа од префектурата на регионот Ил де Франс.

Регионалниот префект Марк Гијом предупреди дека реката нема да биде погодна за капење на почетокот на јули поради протокот на реката.

Концентрацијата на две фекални бактерии на кои се засноваат прописите за дозволи за капење покажа нагло зголемени вредности во однос на првите две недели од јуни, со многу високи вредности во периодот од 18 до 20 јуни.

Овие лоши резултати поттикнати од неповолните временски услови, ги зголемија сомнежите за успешно на одржување на олимписките натпревари во Сена (триатлон и пливање во отворени води), како и самата церемонија на свеченото отворање на Игрите.

притисни ентер