МакедонијаПоради загаденоста на воздухот, од вечерва е воведен бесплатен автобуски превоз Од вечерва во 18.00 часот на територијата на Град Скопје е воведен бесплатен јавен превоз , како дел од препораките и мерките за заштитта на населението од загадениот воздух.Согласно Законот за квалитет на амбиентниот воздух и по добиеното известување од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање дека квалитетот на воздухот последователно два дена е надминат над законски пропишаниот миниумум, (над 150 μg/m3 среднодневни концентрации на ПМ10) на мерните станици во Центар, Лисиче, Гази Баба и Ректорат, Градот Скопје ги информира граѓаните дека ги прогласува следните мерки од прв степен – предупредувања и препораки за намалување на загадувањето на воздухот и заштита на здравјето на граѓаните: - Бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП и на приватните превозници - Зајакнат инспекциски надзор на инсталациите под надлежност на Град Скопје - Ограничување на градежни активности на објектите во надлежност на Град Скопје - Интезивна контрола на градилиштата, односно возилата што излегуваат од градилиштата мора да имаат измиени тркала и да се покриени со церади заради контрола на прашината. - Зачестено машинско миење на градските улици и булевари што се во надлежност на Град Скопје и препорака на скопските општини да го направат истото на улиците што се во нивна надлежност. - Зајакната контрола на имателите на одобренија за доставување на стока преку Инспекторатот на Град Скопје. Воедно го повикуваме Министерството за внатрешни работи да спроведе засилени контроли на правните субјекти кои поседуваат одобренија за доставување на стоки издадени од страна на Градот Скопје. - Апел до вработените во Град Скопје, јавните претпријатија и институции на работа да доаѓаат со автобусите на јавниот превоз. - Градоначалниците на општините во градот Скопје да ги интензивираат инспекциските надзори над субјектите кои управуваат со отпадни гуми и отпадни масла. - Министерството за внатрешни работи да спроведе ограничување на обуките на автошколите од 9,30 до 14,30 и по 18,00 часот. - Министерството за животна средина, Државниот инспекторат за животна средина и општините да извршат засилени контроли над инсталациите што се под нивни ингеренции. - Министерството за внатрешни работи да ги зајакне контролите на почитување на забраната за движење на тешки товарни возила чијашто крајна дестинација не е Градот Скопје и кои ќе се упатуваат да ја користат скопската обиколница, во согласност со поставената сообраќајна сигнализација. - Министерството за внатрешни работи да врши зачестени контроли на издувните гасови на возилата кои учествуваат во сообраќајот. - Откажување/одложување на јавни собири, спортски настани и културни настани на отворено. - Препорака градежната механизација да не се става во употреба за време на сообраќајниот метеж. - Да се користи јавниот превоз, возилата да се користат само во непоходни ситуации. - За затоплување на домовите да не се користат отпадни материјали, прегорено машинсо масло, лакирани и обоени отпадоци од дрво, стиропор, ПЕТ амбалажа, гуми и каков било синтетички материјал. - Да се користи суво и чисто дрво без примеси од земја и отпадоци. - Печките на дрво да се користат и одржуваат според упатствата на производителот. - Редовно да се чистат оџаците. Итните мерки и препораки за намалување на загадувањето на воздухот се согласно Краткорочниот акционен план за заштита на амбиентниот воздух во град Скопје кој е донесен од Советот на Град Скопје. Овие мерки ќе бидат во сила се додека не се намали загадувањето под прагот за алармирање, односно под 100 микрограми на кубен метар. Град Скопје ги повикува граѓаните да се придржуваат до дадените мерки и да го сведат своето движење на отворен простор само на неопходни излегувања, малите деца, бремените жени, хроничните болни, постарите луѓе да не излегуваат на улица и да не се проветруваат просториите во кои се престојува. Градот Скопје веќе започна со сет системски и конкретни мерки за справување со загадениот воздух и токму ова е еден од најголемите приоритети на кој ќе работи новата градска администрација. Овие комплементарни мерки за обезбедување повисок квалитет на живот за граѓаните, ќе придонесат за намалување на нивото на загаден воздух во Скопје, а за секоја настаната промена на состојбата јавноста ќе биде редовно известена. Град СкопјеКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КошаркаВидео: Обрадовиќ експлодираше од среќа по тројка за победа од 9 метри во последната секунда!Еден од главните фаворити за титула во кошаркарската Евролига, Панатинаикос синоќа ја совлада Валенсија на спектакуларен начин со резултат 86:83.Еден од главните фаворити за титула во кошаркарската Евролига, Панатинаикос синоќа ја совлада Валенсија на спектакуларен начин со резултат 86:83, а херој на натпреварот беше Најџел Хејс-Дејвис, кој со звукот на сирената погоди неверојатна тројка од речиси девет метри. Завршницата целосно ги воодушеви љубителите на кошарката, но посебно внимание привлече реакцијата на Жељко Обрадовиќ покрај теренот. Искусниот стручњак не можеше да ги скрие емоциите – скокна, ги стегна тупаниците и бурно го прослави големиот триумф на грчкиот тим. Валенсија имаше предност од 83-80 на помалку од 40 секунди до крајот, но Кендрик Нан израмни со тројка. Домашниот тим потоа не го искористи својот напад, а Панатинаикос ја доби последната шанса за победа. Силвен Франсиско го пронајде Хејс-Дејвис, кој го реши натпреварот со спектакуларен потег во последните моменти. View this post on Instagram A post shared by Panathinaikos BC (@paobcgr) Снимката од реакцијата на Обрадовиќ брзо стана хит на социјалните мрежи, а навивачите ја коментираа неговата неверојатна страст. Од Панатинаикос дури порачаа дека овој момент заслужува да биде изложен во Лувр.Тагови: Евролигата Обрадовиќ Панатинаикос Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Малешевска прженицаВо среда (18.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Горан Симевски.Состојки за денешниот рецепт: 300 гр. свинско месо (или џимиринки) 1 - 2 страка праз 3 суви пиперки 1 парче сирење малку буковка масло сол и др. зачини по избор За украсување: 2 лажици кисела павлака магдонос Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветМал авион се урна во САД, меѓу загинатите има и децаШест лица, меѓу кои и две деца, загинаа во авионска несреќа што се случи вчера во близина на брегот на Мисисипи, потврди Крајбрежната стража на САД. Авионот паднал во Мексиканскиот Залив, пренесува Би-Би-Си. Се урнал во морето, нема преживеани. Според сервисот за следење летови „ФлајтАвер“ (FlightAware), станува збор за мал авион од типот „Цесна 210“ (Cessna 210), кој летал од Њу Орлеанс кон Форт Мајерс, Флорида. Контролата на летање изгубила контакт со леталото околу 15:45 часот по локално време, а надлежните соопштија дека несреќата се случила во областа помеѓу градот Паскагула и островот Хорн. Портпаролот на Крајбрежната стража, Хуан Рос, изјави дека спасувачите со часови трагале по патниците. Првично, на површината на морето пронашле само три појаси за спасување, сплав и делови од кабината. Подоцна, нуркачи ги откриле телата на четворица возрасни и две момчиња – на возраст од осум и десет години – во трупот на леталото. 🇺🇸 UPDATE: LIFE JACKETS, LIFE RAFT, and CABIN located after Mississippi plane crash A Cessna 210 flying from New Orleans to Fort Myers suddenly lost altitude about 30 minutes after takeoff. Flight data shows the aircraft descending from 8,800 feet at a staggering 18,000 FEET PER MINUTE. It was just south of Pascagoula, Mississippi, before its signal disappeared. The Coast Guard was alerted around 3:45 p.m. local time today after the FAA lost contact with the aircraft. Search crews have since recovered 3 LIFE JACKETS, a LIFE RAFT, and the PLANE CABIN near Horn Island, a remote island off Mississippi's coast. Four adults and 2 children were reportedly aboard. Source: CNN, Flightradar24 / Writer: Marie https://t.co/Vm1xmFK6tM — Mario Nawfal (@MarioNawfal) November 25, 2026 Командантот Тревор Блаунт, координатор на спасувачката операција на Крајбрежната стража, го коментираше исходот од потрагата. „Иако ова не е исходот на кој сите се надевавме, благодарни сме за одличната соработка меѓу сите вклучени служби. Тоа ни овозможи брзо да ги лоцираме патниците и на семејствата да им пружиме барем некаков мир“, рече Блаунт.Тагови: авионска несреќа САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПретседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка08:34Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00