Поради топењето на ледениците на Гренланд, морето се подигнало за 11 милиметри

Топењето на мразот на Гренланд го зголеми нивото на морето за 10,6 милиметри од 1992 година, објавија научниците во списанието „Nature“.

Се покажало дека Гренланд губи мраз седум пати побрзо отколку во 90-тите години. Меѓународниот тим излезе со преглед на сите сателитски снимени снимени во последните 26 години. Водачи на истражувањето биле Ендру Шепард од Универзитетот во Лидс и Ерик Ивинс од лабораторијата Пасадена на НАСА.

Ако мразот на Гренланд продолжи да се топи со ова темпо, нивото на морето би можело да се искачи за 20 сантиметри до 2100 година.

Постојат милиони луѓе кои живеат во пониските крајбрежни региони , кои ќе бидат изложени на ризик од поплавување. Експертите потсетуваат дека денес, околу една милијарда луѓе живеат во области кои се само на 10 метри над постојните граници на приливите бранови, вклучувајќи 250 милиони што се само еден метар од тој лимит.

Научниците ја измерија висината на глечерите, брзината на нивното движење и гравитацијата. Мерењето на гравитацијата помага во одредувањето на масата на ледениот прекривач на Гренланд.

Д-р Рут Мотрам, кој работи со данскиот метеоролошки институт, објаснува дека „Гренланд го губи мразот на два начина: со површинско топење на мразот, по што водата се влева во океаните, и со раздвојување на ледениците, кои потоа се раствораат во области каде што мразот е во контакт. со вода од океанот “.

На долг рок, овие два процеса се подеднакво вклучени во распаѓањето на мразот на Гренланд.

Научниците велат дека само оваа година, овој најголем остров на светот изгубил повеќе од 370 милијарди тони мраз.

Повеќето од промените се случиле на неговите западни, јужни и источни делови, а сега постепено се движат кон север.

Научниците досега беа во можност да добијат најкомплетна слика за губењето на ледениот прекривач на Гренланд.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер