МакедонијаПоради Шпанија во НАТО ќе влеземе следната година?Политичката криза во Шпанија може да го одложи полноправното членство во НАТО.Неможноста на вршителот на должност премиер на државата, социјалистот Педро Санчез ни при второто гласање во тамошниот парламент не успеа да обезбеди мнозинство за состав на нова влада. Според тамошните закони почнува да тече рокот од два месеца во кој ќе се направи обид да се формира мнозинство, а ако тоа не се случи земјата ќе оди на повторени избори. Тука е и проблемот за земјава. Ако има нови, а според последните информации од Шпанија тоа најверојатно и ќе се случи на 10ти ноември,, тамошниот парламент нема да може полноправно да одлучува, а со тоа и нема да може да ратификува протоколот за нашето членство во Алијансата. Ова во реалноста би значело дека место на самитот во Лондон кој треба да се одржи во декември, земјава би станала дел од алијансата еден или два месеци подоцна. Според извори на Канал 5 и во ова сценарио под некаква опасност не се става членството, туку едноставно ќе се пролонгира за најмногу 60 дена. Вакви случаи имало и во минатото, имајќи во предвид дека протоколот треба да добие зелено светло во 29 парламенти, а многу е веројатно дека некои од тие 29 нема да биде во политичка можност во секој момент полноправно да одлучува. Дополнително во наш прилог оди и информацијата дека пред две недели шпанската влада, по итна постапка го пратила нашиот протокол на гласање во парламентот, се цел внатрешната политичката криза да не влијае врз проширувањето на НАТО. Дали ќе гласа парламентот пред да се распушти засега е под знак прашалник. Оптимист дека нема да има одложување на нашето членство има кај поранешниот амбасадор во Алијансата Нано Ружин. Што се однесува за почетокот на преговори со ЕУ, ситуацијата во Шпанија на никаков начин не може да влијае врз одлуката на Советот за отворање на првите поглавја со земјава, која владата во Скопје очекува да се случи веќе оваа година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканВо судот во Хаг почна изрекувањето на пресудата за Тачи, Красниќи, Весељи и Селими Обвинителството во завршните зборови побара 45 години затвор за обвинетите Тачи, Красниќи, Селими и Весељи.Судот во Хаг во 10 часот почна со изрекувањето на првостепената пресуда против четворица поранешни команданти на таканаречената ОВК - Хашим Тачи, Кадрија Весељи, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи, кои се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото против најмалку 407 затвореници, од кои најмалку 102 беа убиени. Атмосферата во Хаг е напната - поддржувачите на ОВК ја чекаат одлуката пред судот. Во судницата се обвинетите, членовите на нивните семејства, кососвски министри, претседателот на здружението на поранешни членови на ОВК Хисни Гуцати, како и пратеници од демократската партија на косово.изрекувањето на пресудата, како што е најавено, ќе трае два часа, од 10 до 12 часот. Обвинителството во завршните зборови побара 45 години затвор за обвинетите Тачи, Красниќи, Селими и Весељи. Обвинението ги товари врз основа на индивидуална кривична одговорност за шест точки за злосторства против човештвото и четири точки за воени злосторства.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
МакедонијаГрад Скопје: Набавуваме 3.300 нови контејнери – чекор кон почисто Скопје„Добив исклучително ниска цена за набавката на 3.300 контејнери, двојно поевтино од било кога во минатото“, изјави Ѓорѓиевски.Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, синоќа информираше дека за десетина дена ќе започне испораката на 3.300 нови контејнери, со кои значително ќе се унапреди системот за собирање и управување со отпадот во главниот град. „Добив исклучително ниска цена за набавката на 3.300 контејнери, двојно поевтино од било кога во минатото“, изјави Ѓорѓиевски. Тој посочи дека со новите контејнери, заедно со новите специјализирани комунални возила, во значителна мера ќе се надмине состојбата со отпадот во Скопје и ќе се создадат подобри услови за одржување на јавната хигиена. Покрај новите контејнери и комунални возила, Градот Скопје наскоро ќе ги стави во функција и новите метлачки и цистерни. Нивната употреба ќе придонесе за почисти улици, булевари и јавни површини, што е од директен интерес за сите граѓани. Ѓорѓиевски најави и иницијатива која ќе биде доставена до Советот на Град Скопје, со која се предвидува еден ден во месецот депонирањето отпад на депонијата „Дрисла“ да биде бесплатно за граѓаните. „Со конкретни мерки и инвестиции продолжуваме да работиме на подобрување на комуналната хигиена и создавање почист и поуреден град за сите скопјани“, порача градоначалникот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаКинески робот што готви, чисти и го мести креветот – иднината наскоро пристигнуваКинески робот што готви, чисти и го мести креветот – иднината наскоро пристигнува во домовите ширум светот. Кинеската компанија „Унипат“ (Unipath) претстави хуманоиден робот кој, за време на демонстрација, самостојно извршува низа домашни обврски – од подготовка на храна и чистење до местење на креветот и ракување со апарати за домаќинство. Сепак, сè уште не се знае кога овој робот ќе биде достапен за купување. Идејата за робот за домаќинство со децении припаѓаше на сферата на научната фантастика, но снимките од кинеската компанија „Унипат“ (Unipath) прикажуваат хуманоид кој се движи низ домот и извршува разни секојдневни задачи. Во демонстрацијата, роботот подготвува храна, ги чисти подовите, го мести креветот, ракува со апарати за домаќинство и служи оброци. Тој е претставен како систем способен да преземе дел од домашните обврски и да помогне во организацијата на домаќинството. Во јуни, Кина покрена национална иницијатива со цел да воведе повеќе од 10.000 хуманоидни роботи во комерцијална употреба, во над 100 различни сценарија за примена, до крајот на 2026 година. Развојот на оваа индустрија е дел од пошироките напори за воведување на роботиката во производството, логистиката, малопродажбата, здравството и други сектори. #UniXAI robot #Panther is now on duty. From managing wake-up calls, controlling home appliances to organizing tasks & cooking, #Panther offers a comprehensive range of household services in residential environments, serving the public into daily life! https://t.co/uvrFZwhfuL https://t.co/njGPXDysiJ — Unix AI (@RoboticsUnixAI) March 25, 2026 Сепак, патот до целосно автономен домашен робот, способен да ги извршува речиси сите домашни обврски, сè уште не е целосно реализиран. Дури и најнапредните хуманоидни роботи сè уште имаат ограничувања, а за посложени задачи, некои системи може да се потпираат на човечки надзор или далечинско управување. Еден пример е роботот NEO од компанијата 1X, дизајниран специјално за домашна употреба. За разлика од роботот на Unipath – за кој сè уште не се објавени ниту датум на пуштање во продажба, ниту официјална цена – NEO е веќе достапен за преднарачка. Цената за ран пристап изнесува 20.000 долари, иако компанијата нуди и опција за претплата од 499 долари месечно. Се очекува испораките до купувачите во САД да започнат уште кон крајот на 2026 година.Тагови: Робот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook