Град Скопје: Набавуваме 3.300 нови контејнери – чекор кон почисто Скопје - Канал 5

Град Скопје: Набавуваме 3.300 нови контејнери – чекор кон почисто Скопје

„Добив исклучително ниска цена за набавката на 3.300 контејнери, двојно поевтино од било кога во минатото“, изјави Ѓорѓиевски.

Град Скопје: Набавуваме 3.300 нови контејнери – чекор кон почисто Скопје

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, синоќа информираше дека за десетина дена ќе започне испораката на 3.300 нови контејнери, со кои значително ќе се унапреди системот за собирање и управување со отпадот во главниот град.

„Добив исклучително ниска цена за набавката на 3.300 контејнери, двојно поевтино од било кога во минатото“, изјави Ѓорѓиевски.

Тој посочи дека со новите контејнери, заедно со новите специјализирани комунални возила, во значителна мера ќе се надмине состојбата со отпадот во Скопје и ќе се создадат подобри услови за одржување на јавната хигиена.

Покрај новите контејнери и комунални возила, Градот Скопје наскоро ќе ги стави во функција и новите метлачки и цистерни. Нивната употреба ќе придонесе за почисти улици, булевари и јавни површини, што е од директен интерес за сите граѓани.

Ѓорѓиевски најави и иницијатива која ќе биде доставена до Советот на Град Скопје, со која се предвидува еден ден во месецот депонирањето отпад на депонијата „Дрисла“ да биде бесплатно за граѓаните.

„Со конкретни мерки и инвестиции продолжуваме да работиме на подобрување на комуналната хигиена и создавање почист и поуреден град за сите скопјани“, порача градоначалникот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Таен разговор во ВИП-ложата: Камерите ги снимиле Тејлор Свифт и Том Круз на натпревар

Камерите ги снимиле Тејлор Свифт и Том Круз на натпревар, а експерт за читање од усни ја откри темата на нивниот разговор.

Таен разговор во ВИП-ложата: Камерите ги снимиле Тејлор Свифт и Том Круз на натпревар

Невообичаена средба меѓу светска поп-ѕвезда Тејлор Свифт и славен холивудски актер, Том Круз привлече огромно внимание во јавноста за време на неодамнешниот натпревар помеѓу Канзас Сити Чифс и Денвер Бронкос.

Свифт пристигнала на стадионот за да го поддржи својот партнер, играчот на Чифс, Тревис Келс, а Круз ѝ се придружил во ВИП ложата, каде што се снимени како водат интимен разговор.

Виралното видео брзо го привлече вниманието на експертите, а професионален читач на усни Ајриш Стар, успеал да дешифрира дел од нивниот дијалог .

Според неговите наводи, Свифт го започнала разговорот коментирајќи ја импресивната атмосфера.

„Она што навистина ми се допаѓа е енергијата и начинот на кој е организирана публиката“, рекла Свифт. Иако одговорот на Круз не е сосема јасен, експертот за читање од усни тврди дека славниот актер ѝ го свртел вниманието кон нејзините професионални обврски.

„Можеби не си свесна за тоа, но имаш работа што треба да ја завршиш“, наводно рекол Круз. Откако накратко го спуштила пијалакот и потврдно кимнала со главата, Круз наводно упатил загонетна забелешка за „држење на еден “ и за тоа дека ова е „последен пат“, иако поширокиот контекст и точната цел на овие изјави остануваат целосно непознати за јавноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тренчевска: 1 милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ, арамијата Мицкоски ги загрозува пензиите

Арамијата Мицкоски и неговата криминална власт го доведоа Фондот за ПИОМ во сериозен ризик.

Тренчевска: 1 милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ, арамијата Мицкоски ги загрозува пензиите

Состојбата е алармантна, дупката во Фондот Мицкоски ја зголеми на 1 милијарда евра!

Тоа се над 14% од целиот буџет!

Во ризик е исплатата на пензиите.

ПИОМ веќе не може да се полни од придонеси, криминалната банда го доведе до неодржливост.

ВМРО-ОКГ и Мицкоски имаат план само како да украде пари од граѓаните, се друго растураат.

Ја задолжија државата со 4 милијарди нов долг за само две години - секоја недела ново задолжување за криминални партиски тендери.

Луксузи, нов авион, скапи партиски настани, 5,5 милиони евра за прослава - за граѓаните ништо, нула денари, нула мерки.

Како неговата влада гарантира дека пензиите ќе се исплаќаат на време кога нема никаква проекција, нема рок до кога ПИОМ ќе зависи од Буџетот.

Од први јули, оваа година, придонесот на ПИОМ е зголемен за 1% односно, процентот што одеше во Агенција во вработување го прераспределиле во Фондот за пензиско.

И повторно дупката е зголемена на 1 милијарди евра.

Дополнително, арамијата Мицкоски го доведува во ризик и вториот пензиски столб.

Најавите за вториот пензиски столб се движат од национализација до „реконструкција“.

Граѓаните кои со години уплаќале може да останат без својата заштеда и без потпора на веќе ниските пензии.

Ова е класична импровизација и неодговорно поигрување со иднината и сигурноста на граѓаните и на идните пензионери.

Пензионерите бараат фонд што функционира, а не празни приказни и ветувања од Арамија и неговата банда.

Затоа бараме јавен одговор: како дупката од 1 милијарда евра ќе се пополни? Од каде точно ќе се покрие, кои мерки го намалуваат дефицитот и до кој датум.

Без јасен план и конкретни мерки, уверувањата на ВМРО се само политичко покритие за власт која пензиите ги користи како парола, а финансискиот товар го префрла врз граѓаните.

Се работи за стотици илјади луѓе, кои работеле, учествувале во полнењето на пензискиот систем.

За пензионерите кои денес зависат од својата пензија за лекови, храна и сметки, и заслужуваат сигурност.

За идните пензионери, кои денес работат, плаќаат придонеси и со право очекуваат еден ден да имаат сигурна и достоинствена пензија.

Пензиите не се милостина од Мицкоски. Пензиите се право. Пензискиот фонд е обврска на државата.

Прес конференција на СДСМ, Јована Тренчевска - потпретседателка

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства

Хашим Тачи и Јакуп Красниќи се осудени на по 25 години затвор за воени злосторства, Кадри Весели на 18 години, а Реџеп Селими на 13 години.

Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства

Судот: Не е докажано дека сториле злосторства против човештвото.

Во Специјализираниот суд во Хаг заврши изрекувањето на првостепената пресуда за четворица поранешни команданти на таканаречената ОВК – Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи – кои беа обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото поврзани со најмалку 407 приведени лица, од кои најмалку 102 биле убиени.

Тачи и Красниќи беа осудени на по 25 години затвор за воени злосторства во Косово и Метохија, додека Весели доби казна од 18 години, а Селими од 13 години затвор.

Судскиот совет соопшти дека обвинителството не успеало да докаже оти обвинетите извршиле злосторства против човештвото.

Атмосферата во Хаг е напната,поддржувачи на таканаречената ОВК се собрани пред судот, додека Албанци на еден плоштад во Приштина го следат изрекувањето на пресудата на голем екран.

Судскиот совет на Специјализираните совети во Хаг ги прогласи поранешните водачи на таканаречената ОВК – Хашим Тачи, Јакуп Красниќи, Реџеп Селими и Кадри Весели – за виновни за воени злосторства извршени врз цивили и лица кои не учествувале активно во непријателствата.

Според одлуката на Судскиот совет, обвинетите се виновни за военото злосторство на произволно лишување од слобода на 385 лица, сурово постапување кон 49 лица, мачење на 303 лица и за военото злосторство убиство на 96 лица.

Како што беше констатирано при изрекувањето на пресудата, обвинителството надвор од разумно сомневање ја докажа одговорноста на четворицата обвинети за гореспоменатите злосторства и нивното учество во остварувањето на заедничка криминална цел.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер