Поради погрешна команда, НАСА изгубила контакт со летало, оддалечено 19 милијарди ккилометри - Канал 5

Поради погрешна команда, НАСА изгубила контакт со летало, оддалечено 19 милијарди ккилометри

НАСА ослушкува каков било сигнал од Војаџер 2 откако изгубиле контакт со леталото, кое е оддалечено со милијарди километри.

Поради погрешна команда, НАСА изгубила контакт со летало, оддалечено 19 милијарди ккилометри

Патувајќи сè подлабоко во меѓуѕвездениот простор, Војаџер 2 изгуби контакт со Земјата откако контролорите на летот случајно испратија погрешна команда пред повеќе од една недела, навалувајќи ја својата антена подалеку од Земјата.

Антената на леталото се поместила само за 2%, но тоа било доволно за да се прекине комуникацијата. НАСА вчера објави дека нејзината огромна антена во Канбера бара залутани сигнали од Војаџер 2, кој е оддалечен повеќе од 19 милијарди километри, пренесува Гардијан.

Потребни се повеќе од 18 часа за сигналот да стигне до Земјата од толку голема далечина. Војаџер 2 беше лансиран од Флорида во 1977 година за да го проучува надворешниот Сончев систем, како и Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун. Беше лансиран само неколку недели пред неговиот идентичен близнак Војаџер 1. Влезе во меѓуѕвездениот простор во 2018 година, откако откри мноштво нови месечини на Уран и една на Јупитер.

Наредната недела, антената од Канбера исто така ќе ја „преплави“ околината на Војаџер 2 со правилна команда, надевајќи се дека ќе ја погоди целта, според лабораторијата за млазен погон на НАСА, која управува со мисиите на Војаџер. Во спротивно, НАСА ќе мора да почека до октомври за автоматско ресетирање на леталото, со кое треба да воспостави комуникација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Соња Мираковска и Тони Јаревски вечерва во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Соња Мираковска и Тони Јаревски

 Соња Мираковска и Тони Јаревски вечерва во „Само вистина“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Баба Дронијак (96) не се откажува од забавите во домот и покрај заканите за исфрлање

Дури и на 96 години, Лилијан Дронијак не се одмара.

Баба Дронијак (96) не се откажува од забавите во домот и покрај заканите за исфрлање

Популарната инфлуенсерка, позната како „Баба Дронијак“ на Инстаграм и ТикТок, неодамна сподели детали за инцидент во нејзиниот дом за стари лица во САД, тврдејќи дека менаџментот се заканил дека ќе ја исели поради организирање „диви забави“.

Лилијан стекна милиони следбеници споделувајќи хумористични анегдоти од нејзиниот живот, вклучувајќи ја и нејзината љубов кон дружењето со пријателите.

@grandma_droniak i cant believe this. i have to party #partygirl #nursinghome #drama #grandma ♬ original sound - grandma_droniak

Предупредување за бучава и алкохол

Во видео што го објави, таа покажа писмо што го добила од менаџментот на домот, во кое се наведува дека може да биде иселена поради забави и пиење.

„Ме исфрлаат од домот за стари лица. Го добив ова писмо. Во него пишува дека ќе ме исфрлат ако не престанам да се забавувам“, рече Лилијан. Во писмото се детално опишани правилата на домот: „Ви пишуваме поради бројни поплаки за бучава од вашата соба. Забавите не се дозволени и не ви е дозволено да им служите алкохол на другите жители. Ова е безбедносен ризик. Иако ги охрабруваме жителите да се дружат и да уживаат во активностите во заедницата, не можеме да дозволиме диви забави. Безбедносните снимки покажуваат луѓе како ја напуштаат вашата соба во 1 часот наутро минатиот вторник.“

Во писмото, исто така, се предупредува дека „континуираните инциденти од ваков вид“ може да резултираат со ограничен пристап до заедничките простории и „да доведат до понатамошно преиспитување на вашиот статус на престој во заедницата.“

И покрај предупредувањето, Лилијан не се откажа. Таа им рече на своите следбеници: „Плаќам 12.000 долари месечно за да живеам тука. Претпоставувам дека можам да се забавувам ако сакам.“ Таа додаде: „Моите пријатели доаѓаат вечерва. Ќе пиеме неколку пијалоци и ќе озборуваме. Не е забава, но стануваме гласни.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николовски: Маратонот и достоинството се субјективна работа

„Бугарија си го фатила местото, без разлика дали е правилно или не е правилно. Јас сум сега на оваа маса викнат и без разлика какво мислење имам и без разлика што ќе ми кажат. Но, тој што не е на оваа маса, може да си зборува дома колку сака“

Николовски: Маратонот и достоинството се субјективна работа

Треба да седиш на масата, треба и ние на Бугарите да им ставиме некогаш вето за нешто. Ако ние останеме маратонски вечно, не знам колку трае маратонот дали додека е Мицкоски Премиер или додека сме ние живи, или додека е Богдан жив или додека е внук ми жив. Колку е тој маратон и колку тоа достоинство трае? Колкумина ќе останат во Македонија, колку патриоти ќе живеат во оваа земја? Тој маратон и достоинство се субјективна работа.

Ајде нека направат референдум, да видиме точно колку се за ЕУ, колку не, за да не се караме. Која е стратегијата, освен што одат во Брисел да ги убедат. Бугарското министерство сега вели дека се 250 илјади пасоши, а нека се и 100 илјади, дали ним достоинството им падна? Тие се „за“ бугарите ви устав или не? Си правиме дневна политика, браниме едни напаѓаме други. Сигналите се едно, тие може да имаат резултат, колку е моќта на тие Европјани да сменат знаејќи каква е надворешната политика на Бугарија изминатите 1000 години, вели Љубиша Николовски во „Само вистини со Видиновски“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер