За шест часа контролирани 870 возила – утврдени 73 неправилности кај возилата и 186 прекршоци кај возачите
2За шест часа контролирани 870 возила – утврдени 73 неправилности кај возилата и 186 прекршоци кај возачите
ЖивотПоради пандемијата, намалена е емисијата на штетни гасови за 14,5 процентиЧовештвото ќе ги потроши сите расположиви природни резерви на Земјата за 2020 година до сабота , тврдат научниците, кои посочуваат дека овој мрачен праг е постигнат малку подоцна оваа година за разлика од минатата.Т.н. Ден на пренесување на Земјата е ден на кој човештвото ги „потрошило“ сите биолошки резерви што може Земјата да ги надополни од година во година. Тој ден се случува од 1970-тите се порано и порано, според Global Footprint Network. Мрежата пресметала дека оваа точка е достигната на 22 август годинава во однос на минатата година кога била достигната на 29 јули, со што е одбележан редок случај на пресврт на трендот по пандемијата, зашто карантинот предизвика привремен пад на емисиите на стакленички гасови и уништување на шумите. Ова претставува намалување од 9,3 проценти во влијанието на луѓето во однос на претходната година, според Global Footprint Network. Но, тоа не е нешто што треба да се слави, изјави лидерот на мрежата, Матис Вакернагел. „Тоа не е резултат на свесна одлука, туку на катастрофа“, додаде тој. Научниците го пресметуваат денот кога човештвото ги троши сите природни резерви што Земјата успева да ги надополни од година во година со проучување на човечката потрошувачка и потребите за храна, енергија, простор за домаќинствата и патиштата, како и капацитетот на планетата да ги апсорбира глобалните емисии на стакленички гасови, вели Вакернагел. Споредба со навистина достапните обновливи природни ресурси на Земјата, мрежата пресмета дека човештвото троши 60 проценти повеќе од она што може да се обнови. „Слично е со парите - можеме да потрошиме повеќе отколку што заработуваме, но не засекогаш“, предупредува Вакернагел. Според студијата, пандемијата предизвикала намалување од 14,5% на емисиите на јаглерод диоксид во однос на претходната година, а уништувањето на шумите паднало за 8,4% како резултат на очекуваниот пад на побарувачката. Научниците посочуваат дека пандемијата предизвикала големи нарушувања во глобалниот земјоделски систем и пазарите, но заклучуваат дека целокупниот ефект врз намалувањето на обемот на влијанието на човештвото на планетата е мал. Global Footprint Network наведува дека промените во навиките на потрошувачите се можни на краток рок, како резултат на напорите за контрола на пандемијата, и повикува да ја искористиме оваа невидена можност за тоа „каква иднина сакаме“. Шефот на WWF International, Марко Ламбертини, рече дека пандемијата најсилно ги погодила најранливите и го вратила фокусот на „нашата неодржлива и деструктивна врска со природата во која многу не се успева“. Тој повика на размислување за фактот дека економскиот развој не мора да биде придружен со уништување на животната средина. „Можеме да еволуираме, но не на штета на нашата планета затоа што знаеме дека планетата во криза значи општество во криза и економија во криза“, додаде тој. Претходно овој месец, меѓународен тим на научници пресметале дека глобалните емисии од јаглен, нафта и гас може да паднат на осум проценти во 2020 година, како резултат на мерките за контрола на коронавирусот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МетеоУтре променливо облачно со сончеви периодиВремето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 14 степени. До сабота времето ќе биде релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во недела поради продор на постудена воздушна маса од север ќе има заладување и стабилизирање на времето. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.Тагови: облачно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗа шест часа контролирани 870 возила – утврдени 73 неправилности кај возилата и 186 прекршоци кај возачитеЗа сите констатирани неправилности и прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.На 06.11.2026 година, во периодот од 14:00 до 20:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе општа акциска контрола на возачи и возила, насочена кон зголемување на безбедноста во сообраќајот и откривање на неправилности и прекршоци. Во рамки на контролата биле контролирани вкупно 870 возила, при што констатирани се 73 неправилности во однос на возилата. Од нив, 48 возила биле упатени на технички преглед, при што кај 37 е утврдена техничка неисправност. Во однос на возачите, констатирани се 186 прекршоци, од кои најголем дел се однесуваат на користење мобилен телефон при управување со возило, некористење сигурносен појас, непрописно паркирање и други прекршоци. Дополнително, евидентирани се и три случаи на кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик, како и 137 прекршоци од друг вид. За сите констатирани неправилности и прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи. Министерството за внатрешни работи продолжува со спроведување на сообраќајни контроли и апелира до возачите редовно да ја проверуваат техничката исправност на возилата, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да придонесат за побезбеден сообраќај.Тагови: прекршоци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУчество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форумПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Француската Република, по повод учеството на деветтото издание на Парискиот мировен форум.Сиљановска-Давкова утре, 10 ноември 2026 година, вторник, ќе присуствува на отворањето на форумот којшто годинава се одржува под наслов „Здружување на силите за она што е најважно“. Таа ќе се обрати на панел-дискусијата „Одбрана на линијата: Суверенитет во ера на хибридни закани“, а ќе биде дел и од свечената вечера, којашто во чест на шефовите на држави и влади – учесници на Парискиот мировен форум, ќе ја приреди претседателот на Француската Република, Емануел Макрон. Парискиот мировен форум, основан во 2018 година, e меѓународна платформа за унапредување на глобалното управување, мирот и мултилатералната соработка.Тагови: Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter