Поради оваа модна комбинација Меланија Трамп повторно е на мета на критики - Канал 5

Поради оваа модна комбинација Меланија Трамп повторно е на мета на критики

Првата дама на САД, Меланија Трамп во моментов е во обиколка на африканскиот континент, како дел од својата прва меѓународна турнеја откако нејзиниот маж станал претседател.

Поради оваа модна комбинација Меланија Трамп повторно е на мета на критики

Нејзината прва станица бил познатиот Национален парк Најроби во Кенија, а Меланија Трамп избрала поприлично впечатлива модна комбинација за која денеска пишуваат сите медиуми.

Убавата Словенка се одлучила за панталони, чизми до колена и бела кошула, додека како главен детал на главата носела необична капа. Токму поради овој детаљ, добила многубројни критики.

Имено, како што многу луѓе заклучија, овој вид на капа потсетува на шлем и го симболизира колонијалното владеење и сила.

„Капата која носиш, ја носеа колонијалистите од мрачниот период што не им се допаѓа на Африканците. Кој те советувал да ја ставиш на глава? – прашал еден лут корисник на интернет, додека друг додал дека тоа е “одраз на нејзиното застарено разбирање за Африка“.

Инаку овој вид на капа често ја носеле европските патници и истражувачи кои ги посетувале местата како Африка, југоисточна Азија и тропските краеви во 19-тиот век.

Воениот персонал од земјите како Британија, Франција, Шпанија и Италија ја носеле капата и командувале со колонијални војски, пишува британски „Индепендент“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Горан Диновски по повод Меѓународниот ден на операта: „Операта не е создадена за да ни го привлече вниманието за миг, туку да го задржи низ времето“

По повод Меѓународниот ден на операта, Македонскиот центар на ITI/PRODUKCIJA ја објавува македонската аудио-порака на Горан Диновски - оперски пејач (лиричен тенор), едукатор и ментор.

Горан Диновски по повод Меѓународниот ден на операта: „Операта не е создадена за да ни го привлече вниманието за миг, туку да го задржи низ времето“

По повод Меѓународниот ден на операта, Македонскиот центар на ITI/PRODUKCIJA ја објавува македонската аудио-порака на Горан Диновски - оперски пејач (лиричен тенор), едукатор и ментор, посветена на трајните вредности на оперската уметност, љубовта, духовноста и културата.

Во своето обраќање, Диновски ја истакнува операта како уметност што ги обединува различните уметнички изрази и ја пренесува исконската човекова приказна за љубовта. Тој ја нагласува и одговорноста на оперските уметници да ја зачуваат живата врска со публиката, како најважен примател на ова уметничко наследство.

„Операта не е создадена за да ни го привлече вниманието за миг, туку да го задржи низ времето, дизајнирана вечно да трае. Каков успех!“ - порачува Диновски.

Неговата порака е потсетник дека гласот, музичкиот театар и културата не се само уметнички изрази, туку и вредности што го поврзуваат човештвото и опстојуваат низ времето.

Со оваа објава, Македонскиот центар на ITI/PRODUKCIJA продолжува да ги промовира уметниците и нивните размислувања за значењето на изведувачките уметности денес.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: СДС со Филипче се сведе на рејтинг од 5% и ликување по поразот од 4 спрема 1 од ВМРО-ДПМНЕ, му посакуваме уште многу вакви резултати

СДС со Филипче се сведе на рејтинг од 5% и ликување по поразот од 4 спрема 1 од ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори во Брвеница.

Манасиевски: СДС со Филипче се сведе на рејтинг од 5% и ликување по поразот од 4 спрема 1 од ВМРО-ДПМНЕ, му посакуваме уште многу вакви резултати

СДС со Филипче дојде до стадиум да се радуваат и да го прикажуваат како успех резултатот дека се четврта партија на избори.

СДС со Филипче се четврта партија во Куманово и Брвеница, а петта во Скопје.

На последните анкети кои излегоа во јавноста, само Филипче е претседател на партија кој има драстично понизок рејтинг од самата партија.

Дополнително, каде е Филипче да излезе во јавноста по историскиот успех што го направија во неделата? Каде се анкетите на Филипче кои велеше дека ќе ги обзнани во јавноста до крајот на минатата недела? Каде е Филипче, на јахта или на Харис Џиновиќ во Дубаи?

Без разлика што Филипче направи вакви историски успеси во СДС, ВМРО-ДПМНЕ апсолутно му дава поддршка на Венко Филипче и му посакуваме и натаму да нижи вакви одлични резултати како на последните предвремени локални избори.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев. Изграден нов потпорен ѕид во подрачното основно училиште „Страшо Пинџур“

-Изграден нов потпорен ѕид во подрачното основно училиште „Страшо Пинџур“ во село Дреново, објави на својот профил првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев. 

Јанчев. Изграден нов потпорен ѕид во подрачното основно училиште „Страшо Пинџур“

Поради обрушување на делови од постојниот потпорен ѕид во дворот на подрачното основно училиште „Страшо Пинџур“ во село Дреново, Општина Кавадарци реализираше градежни активности за изградба на нов потпорен ѕид.

Со оваа интервенција се обезбедува поголема стабилност и безбедност на просторот, се спречува понатамошно обрушување и се создаваат побезбедни услови за учениците, наставниот кадар и сите кои го користат училишниот двор.

Општина Кавадарци продолжува со континуирани вложувања во подобрување на училишната инфраструктура и создавање квалитетни и безбедни услови за образование во сите населени места.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер