Поради неа Илон Маск не спие мирно - Канал 5

Поради неа Илон Маск не спие мирно

Оваа луксузна спортска лимузина има 1800 „електрични коњски сили“

Поради неа Илон Маск не спие мирно

Илон Маск е познат како многу самоуверен тип. На сопственикот на „Тесла“ овие денови му оди добро, акциите на неговата компанија рушат рекорди, но една причина сепак би можела да го загрижи во иднина. Тоа е „Луцид ер“.

Новиот модел на електричен автомобил, кој моментално е достапен во претпродажба, а чија продажба започнува на почетокот на следната година, може да се пофали со елегантен дизајн и погон од дури 1.080 коњски сили.

Кратката хауба на автомобилот, големата пространа кабина, со целосно стаклениот покрив и дизајнот на задното ветробранско стакло му даваат на автомобилот практичност и модерен изглед. Стаклениот покрив на возилото ќе овозможи многу природна светлина во внатрешноста.

И покрај фактот што овој автомобил е помал, понизок и потесен модел, тој има повеќе простор за патници и товар - рече Џенкинс, додавајќи дека внатрешноста на автомобилот е внимателно дизајнирана, и има футуристички изглед.

Возилото има два екрана, а со нивно допирање можете да управувате со различните функции на автомобилот. Внатрешноста на автомобилот е луксузна, но користени се и еколошки материјали, како што се веганска кожа, детали од волна од алпака и еукалиптус.

- Нашата иновација е во тоа што многу внимание посветивме на технологијата на батериите и полнењето. Се обидовме да ги намалиме топлината, загубите на енергија и тежината - рече шефот за хардвер и инженерство во компанијата Луцид, Ерик Бах, за предностите на моделот „Ер“.

Основниот модел „Луцид ер“ има 480 коњски сили, а ќе се чини 77.400 американски долари.

Моделот „Touring“, кој ќе биде достапен за 87.500 долари, ќе има два мотори; еден заден и еден преден, погон на сите четири тркала и 170 коњски сили повеќе од основниот модел.

Моделот „Grand Touring“ ќе биде достапен за 139,000, а моделот „Dream Edition“ со 1.080 коњски сили ќе чини 169,000 долари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Попладнево мирен протест на докторите по ветеринарна медицина

Ветеринарната комора на Македонија ги информира граѓаните дека во понеделник, 9 ноември 2026 година, ќе се одржи мирен протестен собир на вработените во ветеринарно-здравствениот сектор во нашата држава.

Попладнево мирен протест на докторите по ветеринарна медицина

Собирот е на иницијатива на докторите по ветеринарна медицина од ветеринарните амбуланти и клиники кои ги спроведуваат превентивните мерки за здравствена заштита на животните, со поддршка на Ветеринарната комора.

* 13:00 часот – пред Агенцијата за храна и ветеринарство

* 14:00 часот – пред Владата на Република Македонија

Причина е крајно лошата состојба во секторот ,а непосреден повод е застојот во спроведувањето на превентивните мерки на терен .Со собирот, докторите по ветеринарна медицина сакаат да укажат и на недоволните буџетски средства предвидени за здравствена заштита на животните , особено потенцирано во последните две години, како и на несоодветниот институционален третман на ветеринарната професија.

Последиците од ваквата состојба го засегаат целото општество. Кога превентивните мерки доцнат, се отежнува навременото откривање и сузбивање на болестите кај животните. Тоа има последици за сточарите и за прометот со животни, а создава и ризици за безбедноста на храната и јавното здравје.

Комората во изминатиот период, преку средби и дописи, континуирано им укажуваше на надлежните институции на проблемите во секторот и на потребата од соодветно финансирање и услови за работа. Комората им дава безрезервна поддршка на колегите. Сите барања изнесени на мирниот протест ќе ги достави до надлежните институции, стои меѓудругото во соопштението од Ветеринарната комора на Македонија.

Потребни се итни чекори за продолжување на работата на терен и системски решенија што ќе обезбедат соодветно финансирање и редовно, непречено спроведување на превентивните мерки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судир меѓу цистерна и комбе кај аеродромот Никола Тесла во Белград

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 5:30 часот, на два километри од аеродромот „Никола Тесла“ во правец кон Белград, има повредени.

Судир меѓу цистерна и комбе кај аеродромот Никола Тесла во Белград

Според првичните неофицијални информации, во несреќата учествувале цистерна и комбе. Возачот на цистерната останал заглавен во кабината. Набргу, со помош на пожарникари и спасувачи, тој бил извлечен од кабината и пренесен во Ургентниот центар.

Повреден е и 40-годишен маж, кој со тешки повреди е пренесен во болницата во Земун, како и 36-годишен маж, кој управувал цистерна.

Сообраќајот на овој дел од патот се одвива отежнато. Според првичните информации, цистерната превезувала цемент и нема опасност по здравјето на луѓето или по животната средина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ајзенкот доби мандат за формирање нова влада во Израел

Поранешниот шеф на израелската војска Гади Ајзенкот доби мандат за формирање нова влада.

Ајзенкот доби мандат за формирање нова влада во Израел

Мандатот му го додели претседателот Исак Херцог, по изборите на 27 октомври.

Изборните резултати не обезбедија мнозинство ниту за Ајзенкот ниту за премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Ајзенкот најави дека ќе се обиде да формира широка национална влада што е можно побрзо.меѓу опциите се коалиција со арапските и ултраортодоксните партии или влада на единство со Нетанјаху.

Тој оцени дека на Израел му е потребно ново политичко лидерство.Како главни предизвици ги посочи заканите од Иран, состојбата во Газа и односите со Либан.

Ајзенкот најави дека ќе ги повика сите партии кои ги прифаќаат неговите политички принципи.Сепак, формирањето парламентарно мнозинство се соочува со сериозни Пречки.преговорите за формирање нова влада може да траат до шест недели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер