Поради коронавирусот е одложена трката на Формула 1 во Сингапур, уште неколку се неизвесни - Канал 5

Поради коронавирусот е одложена трката на Формула 1 во Сингапур, уште неколку се неизвесни

Поради проблеми со коронавирусот, трката за Големата награда на Сингапур е одложена, а раководството на Формула 1 бара замена, пишува BBC Sport.

Поради коронавирусот е одложена трката на Формула 1 во Сингапур, уште неколку се неизвесни

Властите во Сингапур и Формула 1 се согласиле дека одржувањето на трката не е можно поради сегашните ограничувања за патување во Сингапур.

Истиот извор наведува дека слична судбина може да имаат уште некои трки во 2021 година.

Засега, Турција, Кина и втората трка во Остин во САД најмногу се споменуваат како трки за замена.

Формула 1 одбила да коментира било што поврзано со Големата награда на Сингапур што требаше да се одржи помеѓу 1 и 3 октомври.

Доколку Остин се случи да ја замени трката во Сингапур, тогаш трката најверојатно ќе се одржи помеѓу 15 и 17 октомври, седум дена пред да се одржи веќе закажаното Гранд При на САД во Остин.

Формула 1 има намера да одржи 21 трка оваа сезона, што бил првичен план, но трките во Јапонија, Бразил, Мексико и Австралија се под голем знак прашалник заради правилата поврзани со коронавирусот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Делови од Драчево и Влае денеска без струја

Поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска (29 јуни) без електрична енергија ќе останат делови од општините Кисела Вода и Карпош, информираат од ЕВН Македонија.

Делови од Драчево и Влае денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

– Улицата Герника бр.8 и бр.10 Драчево, општина Кисела Вода, од 5:00 до 13:00 часот;

– Улицата Иван Хаџиниколов бр.3 и бр.5 Драчево, општина Кисела Вода, од 5:00 до 13:00 часот;

– Улицата Вангел Дину и дел од непарни броеви на улицата Франц Прешерн, населба Влае, општина Карпош, од 9:00 до 13:00 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СП2026: Канада прв осминафиналист

Ко-домаќинот на 23 светски фудбалски шампионат Канада е во осминафиналето!

СП2026: Канада прв осминафиналист

Канадските фудбалери се првите учесници во осминафиналето на Светското првенство, откако на отворањето на нокаут фазата на Мундијалот ја елиминираа Јужна Африка со резултат 1:0 (0:0).

Еден од домаќините на Светското првенство оствари историски успех со гол во судиското продолжение, постигнат од Стивен Јусташи.

YouTube video

Во битката за четвртфиналето, екипата на Џеси Марч ќе игра против подобриот тим од дуелот Холандија-Мароко, кој ќе се игра ноќта помеѓу понеделник и вторник од 03:00 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Литванскиот министер за надоврешни работи во посета на Македонија

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски денеска во министерството ќе има средба со министерот за надворешни работи Литванија Кестутис Будрис.

Литванскиот министер за надоврешни работи во посета на Македонија

Во фокусот на разговорите ќе бидат унапредувањето на билатералните односи меѓу двете земји, соработката во рамките на НАТО, како и поддршката од Литванија за европската интеграција на Македонија.

Во рамките на посетата е предвидена тет-а-тет средба со министерот Муцунски, по што ќе следи заедничка прес-конференција..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер