Во периодот од април до јуни, нето добивката на Тојота била 158,8 милијарди јени (1,27 милијарди евра), за три четвртини пониска од истиот период лани.
Оперативната добивка била само 13,9 милијарди јени, што претставува намалување од 740,6 милијарди јени забележано во истиот период минатата година.
Приходите потонале за 40,4 проценти на 4600 милијарди јени.
Компанијата продала за половина помалку возила во првиот фискален квартал како во истиот период лани, вкупно 1,15 милиони.
Глобалниот пазар на автомобили треба постепено да се опоравува и да се врати на нивото пред пандемија до крајот на оваа година и во првата половина на 2021 година, предвидува Тојота.
Сепак, тие потенцираат дека „последиците од ковид-19 се обемни, значајни и сериозни“, додавајќи дека периодот на слабост сè уште не е завршен.
Во фискалната година што завршува во март следната година, Тојота очекува 64,1% помала нето добивка од 730 милијарди јени.