Поради климатските промени, екосистемот во Грција е под голем ризик од пожари - Канал 5

Поради климатските промени, екосистемот во Грција е под голем ризик од пожари

Две недилните интензивни горештини и шумски пожари ги потврдија стравувањата дека грчкиот екосистем е во зголемен ризик, предупредуваат експертите и повикуваат на акција.

Поради климатските промени, екосистемот во Грција е под голем ризик од пожари

Изгореа околу 50.000 хектари шуми и вегетација, според проценките на Националната опсерваторија во Атина. Тоа го прави месец јули најлошиот во последните 13 години во овој поглед, рече Каралампос Контоес, директор за истражување во опсерваторијата.

„Беше сува зима и пролетните дождови не беа доволни за одржување на влагата во почвата“, изјави Контоес за француската новинска агенција АФП. Министерот за цивилна заштита Василис Кикилијас оваа недела рече дека пожарникарите се борат со повеќе од 660 пожари во јули, во просек од 50 до 70 пожари дневно.

Бизнисите и фармите на туристичките острови Крф и Родос, вториот по големина грчки остров Евија, и руралната област во близина на Волос во централна Грција претрпеа најголема штета оваа година. Грчкото државно здружение на земјоделски осигурителни компании ЕЛГА проценува дека на Родос се уништени 50.000 маслинки и 2.500 животни и пчелни кошници.

Во областа на Волос, „значителни загуби“ се констатирани во уништеното жито и грозје, заедно со земјоделските машини и згради. Има и големи загуби кај добитокот, се додава.

Грција секоја година има шумски пожари. Во 2007 година оставија 84 мртви на Пелопонез и Евија. Во 2018 година, вкупно 13 лица загинаа во Мати, приморско одморалиште во близина на Атина. Три лица загинаа во Евија пред две години, а пет годинава.

„Повторувачките пожари го загрозуваат екосистемот. Шумите се претвораат во земјоделско и шумско земјиште, грмушките во ледини“, рече Никос Бокарис, шеф на Сојузот на грчките шумари. „Пејзажот се менува и наликува на африкански пејзажи“, додаде тој.

На Родос, каде што избувнаа пожарите на 18 јули, голем дел од локалната фауна беше сериозно погодена, вклучувајќи го и еленот лопатар, симболот на островот, рече Григорис Димитријадис, шеф на локалното еколошко здружение. Дополнително, климатската опсерваторија Коперник на Европската унија во средата соопшти дека емисиите на чад од шумските пожари во Грција се највисоки за овој период во последните 21 година.

Контоес рече дека планините околу Атина горат во просек на секои шест години. Ова влијае на екосистемот на еден од најгусто населените градови во Европа, дом на повеќе од една третина од грчкото население од 10,5 милиони, рече тој. Бокарис додаде дека ситуацијата е особено проблематична во грчката престолнина бидејќи „има малку зелени површини, а бетонските згради создаваат затворена топлинска средина“.

Грчката влада, која првенствено ја обвинува климатската криза за пожарите, често е обвинета дека не прави доволно за заштита на биолошката разновидност и спречување на пожари. „Превенцијата започна кон крајот на оваа година, но спречувањето на ширење на пожарот или други превентивни мерки не се секогаш лек кога пожарот зазема огромни размери“, рече Бокарис.

Тој рече дека Грција добила 55 милиони евра од европските фондови за спречување пожари во 2022 година, а по него годинава следуваат уште 86 милиони. Неговиот предлог е да се обнови опожареното земјиште и да се забрани претворањето на „опожарените шуми во области за одгледување или градење“, што често се случува.

„Климатската криза не се појави одеднаш и неопходна е соработка на владата, локалните власти и волонтерите во борбата против неа“, изјави Александра Месаре од грчкиот огранок на Гринпис.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нема парно греење во Кисела вода- реагираат револтирани жители

Во нашата редакција се обрати Скендер Мехмет од Кисела вода, кој во име на станарите тврди дека во два влеза од нивната зграда нема парно греење. 

Нема парно греење во Кисела вода- реагираат револтирани жители

Писмото ви го пренесуваме во целост:

„Ви се обраќаме како очајни, револтирани и крајно разочарани граѓани, кои повеќе од 24 часа се оставени без парно греење, без конкретно објаснување и без никаква информација кога проблемот ќе биде решен.

Од вчера, 07.11.2026 година, пред 09:00 часот, становите со броеви 17, 18, 19, 20 и 21 во влез 1 и истите станови во влез 2, на ул. Локов бр. 5 во Скопје, Кисела Вода, немаат парно греење.

Во зградата живеат мали деца, повозрасни и болни лица, семејства кои се принудени да престојуваат во студени станови. Дел од нас веќе се разболени, а ситуацијата станува сè понеподнослива.

ДАЛИ ВО 2026 ГОДИНА Е НОРМАЛНО СЕМЕЈСТВА ДА БИДАТ ОСТАВЕНИ БЕЗ ГРЕЕЊЕ СРЕДЕ ГРЕЈНА СЕЗОНА?!

Од вчера досега, станарите имаат направено повеќе од 20 телефонски пријави. На секоја пријава го добиваме истиот одговор:

„Ќе биде постапено во најбрз можен рок.“

Поминаа повеќе од 24 часа, а тој „најбрз можен рок“ очигледно нема крај!

Никој не ни кажува што е проблемот, дали воопшто некој работи на негово решавање и уште колку време треба да поминеме во студени домови.

Се чувствуваме целосно игнорирани и оставени сами на себе!

Токму затоа, во овој мејл ги вклучуваме и медиумите.

ПОЧИТУВАНИ ПРЕТСТАВНИЦИ НА МЕДИУМИТЕ, ВЕ МОЛИМЕ ЗА ПОМОШ!

Ве замолуваме да ја објавите нашата ситуација, да побарате одговори од надлежните и да ни помогнете нашиот глас конечно да биде слушнат.

Не бараме ништо повеќе од основни услови за нормален живот. Не бараме привилегии. Бараме греење во сопствените домови, услуга за која редовно плаќаме!

Жално е што сме доведени во ситуација да молиме медиуми за помош за нешто што треба да биде најнормална обврска на надлежните служби.

До надлежните: Колку пријави се потребни за конечно да реагирате? Колку часа треба да поминат? Дали треба нечија здравствена состојба сериозно да се влоши за да ја сфатите ситуацијата сериозно?

Бараме ИТНО воспоставување на греењето, јавно објаснување за прекинот и конкретен одговор кога проблемот ќе биде решен.

Апелираме до медиумите да не го игнорираат овој повик. Очајни сме, изморени од празни ветувања и немаме намера повеќе да молчиме!“

Загрижени станари од ул. Локов бр. 5, Скопје

Влез 1 и влез 2

Скендер Мехмет

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата

СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата, а одма по тоа да излезат од шаблонот за криминал на Заев .

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата

Во СДС прво треба на научат кој за што е надлежен во државата. Јасно е дека во нивно време немаше линии во поделбата на власта па беа по старото ‘кадија те тужи, кадија те суди’, но еве потсетување дека Народната банка и гувернерот се институцијата која носи одлуки во рамките на своите надлежности за банкарскиот систем.

Алта банка е увезен проблем и не може СДС од ракав да даваат вакви изјави, прво немаат кредибилитет, второ очигледно ги знаат основните надлежности на ниедна институција. Но Заев правеше така, па нив им е всадена таа матрица и гледаат низ истата призма, имаат двојни стандарди, а можеби како што беше за Еуростандард така и за Алта на сон им доаѓаат сценаријата.

Од партијата на Венко сега пак гледаме обиди за создавање на искривени перцепции, дека проблемот можел да се прелее во сите банки, иако од надлежните има транспарентна комуникација и се работи на решение, а гувернерот порача дека граѓаните нема да бидат оштетени.

Ама лица од СДС на телевизиски настапи настапуваат со однапред подготвена програма за ширење паника и повторно спинување на изјави во јавноста за оваа тема како и секоја останата да можат да ја искористат.

СДС се симбол за нестабилност, криминал и афери и свесно користат теми од јавен интерес за да создадат чувство на нестабилност со вакви неосновани тврдења.

Им порачуваме на СДС да престанат со обидите за политичко профитирање, има надлежни кои работат на решение, деструктивноста на СДС не им треба на граѓаните, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов инцидент во Краков: Полицијата пукала на човек кој со нож во рака шетал по улица

Ноќеска кратко по 3 часот, полицијата во Краков отвори оган врз маж (23) кој одел со нож во рака во југозападниот дел од градот, неколку часа откако во масовното пукање во тој град беа убиени девет лица, соопшти локалната полиција.

Нов инцидент во Краков: Полицијата пукала на човек кој со нож во рака шетал по улица

Портпаролката на полицијата во Малополска, Катаржина Цисло, изјави дека по пристигнувањето на местото на настанот, полицајците испукале предупредувачки истрели, а потоа еден од полицајците испукал еден истрел кон мажот, но промашил, пренесува RMF24.

Цисло нагласи дека инцидентот што се случил преку ноќ не е поврзан со пукањето што се случило вчера на Главниот плоштад во Краков, каде што биле убиени шест лица, додека истиот напаѓач претходно убил уште три лица, чии тела биле пронајдени во неговиот стан.

Никој не е повреден во инцидентот синоќа, а мажот го испуштил ножот откако биле испукани истрелите, бил уапсен и однесен во болница.

Првичните полициски наоди укажуваат дека уапсениот маж бил психички растроен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер