Поради филмот „Опенхајмер“, значително е зголемен бројот на посетители на Лос Аламос - Канал 5

Поради филмот „Опенхајмер“, значително е зголемен бројот на посетители на Лос Аламос

Филмот „Опенхајмер“ на Кристофер Нолан, кој веќе заработи милијарда долари, не само што им ги наполни џебовите на директорите на холивудските студија, туку им донесе и неочекуван профит на жителите на градот Лос Аламос.

Поради филмот „Опенхајмер“, значително е зголемен бројот на посетители на Лос Аламос

Филмот за пронајдокот на атомската бомба е еден од фаворитите на овогодинешното доделување на Оскарите на 10 март.

Поголемиот дел од дејството се одвива во градот Лос Аламос, изграден во близина на тајна лабораторија во Ново Мексико изградена по предлог на физичарот Ј. Роберт Опенхајмер. Откако филмот почна да се прикажува во јули минатата година, туристите се собираат на места како Опенхајмер Хаус и Фулер Лоџ, каде нуклеарните научници се „забаваа“ за да го прослават нивното достигнување - правењето на атомската бомба.

Градските власти велат дека бројот на посетители е зголемен за 68 отсто во текот на изминатата година.

„Ако филмот го добие Оскар, верувам дека ќе има уште поголем интерес“, додаде таа.

Но, врската помеѓу Лос Аламос и Опенхајмер, кој сè уште во градот е познат како „Опи“, е комплициран. Туристичкиот бум би можел да помогне да се соберат 2 милиони долари потребни за обновување на вековниот дом на Опенхајмер, на кој му е многу потребна поправка.

„Опенхајмер беше познат по своите мартинки и по тоа што беше многу пристоен домаќин. Многу историја се случи токму во оваа област“, ​​рече историчарот на Националната лабораторија во Лос Аламос, Ник Луис.

Во исто време, не може да се избега од фактот дека се случи пустошот предизвикан од атомските бомби дизајнирани токму во овој град. Во Лос Аламос, околу 15.000 научници и друг персонал сè уште работат во истата лабораторија под високи безбедносни мерки. Како што е прикажано во филмот, Опенхајмер на крајот стана многу гласен критичар на ширењето на нуклеарната технологија за време на Студената војна.

Подоцна, според моделот на книгата Американски Прометеј, на која е базиран филмот на Нолан, тој самиот признал дека е „одговорен за уништувањето на тоа прекрасно место“. „Ова ни кажува дека тој исто така бил човек со недостатоци, човек кој правел грешки“, рече Луис. „Беше многу комплициран. Беше многу внимателен и мислам дека Нолан многу прецизно ги долови тие особини на Опенхајмер“.

И покрај сѐ, одлуката на Нолан да сними бројни сцени во зградите на Лос Аламос каде што се случувале во реалниот живот, предизвика голема возбуда кај населението во градот. Во огласот објавен во еден локален весник, биле поканети вистински научници од лабораторијата да придонесат во создавањето на филмот.

Еден од нив е Шејн Фогерти, астрофизичар и обожавател на Нолан кој им се приклучи на Килијан Марфи и Роберт Дауни Џуниор го објасни процесот на нуклеарна фузија и формирањето на Месечината. Фогерти рече дека „Нолан повремено мораше да ги потсетува сите присутни доедека работат, да се смират бидејќи треба да преминат на следното поглавје“. А интересот за Лос Аламос стана толку голем што на сѐ повеќе туристи им е сѐ потешко да резервираат маса во еден од ретките ресторани во градот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зајакнати акциски контроли за брзо возење – констатирани 628 прекршоци

На 04.10.2026 година, во периодот од 14:00 до 20:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли .

Зајакнати акциски контроли за брзо возење – констатирани 628 прекршоци

На 04.10.2026 година, во периодот од 14:00 до 20:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли насочени кон санкционирање на возачите кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната.

При спроведените контроли констатирани се вкупно 628 прекршоци. Од нив, 344 прекршоци се констатирани кај возачи кои ја надминале дозволената брзина надвор од населено место, додека 284 прекршоци се однесуваат на возачи кои ја надминале пропишаната брзина во населено место.

За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки и изречени се санкции согласно законските прописи.

Во текот на контролите констатирани се и 66 прекршоци од друг вид.

Министерството за внатрешни работи продолжува со зајакнатите сообраќајни контроли на целата територија на државата, со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот и намалување на ризиците предизвикани од непочитување на ограничувањата на брзината, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Д-р Василевски петти ден штрајкува со глад пред Медицинскиот факултет

Петти ден само со вода и електролити и без како што самиот посочува, ниту „залак“, доктор Дарко Василевски го продолжува штрајкот со глад на во паркот пред деканатот на Медицинскиот факултет. 

Д-р Василевски петти ден штрајкува со глад пред Медицинскиот факултет

Вели исцрпен е, но се чувствува добро, и физички и психички. Досега од итна медицинска помош потреба немал, а првите, евентуални потешкотии и можна опасност по здравјето очекува по седмиот ден. Најтешки моменти, кога е сам во шаторот, му се недостасувањето на семејството, особено на 14 годишниот внук, и студот кој го облева во зори.

-Мислам дека некаде после седмиот ден би можел да почувствувам изнемоштеност, слабост, срце биење, малаксалост, сепак и покрај тоа што внесувам течности, електролити, сепак организмот си бара и храна. Колку може да биде опасност за вас? Може. Кој е најзагрижен? Мислам дека внук ми, нему му е од една страна интересно, чичо спие во шатор, а од друга страна го чувстувам по гласот дека мисли дека нешто лошо ќе ми се случи. 13 – 14 години има. Он ми недостасува најмногу. Синоќа беше не сакам да доаѓа премногу често, малечок и би влијаело тоа на него. А, на вас? Мислам дека уште повеќе,- - д-р Дарко Василевски.

Добар дел од неговите пријатели во клиничкиот центар го посетуваат и му даваат совети како да го одржи организмот во кондиција, но најгласен, вели, е советот да си оди дома и да си го чува здравјето. Но, дециден е, ништо нема да го одврати од замисленото и покрај, според него, молкот од институциите. Оптимист е и очекува совеста, како што вели, на крајот да проработи кај надлежните...

-Се надевам дека на крајот ќе проработи разумот, дека ќе престане игнорантскиот однос и дека имаат шанса некои да станат херои од целата оваа ситуација. Од нив зависи дали ќе станат херои или ќе останат запаметени по некои други работи. Се надевам, јас сум оптимист и секогаш ги барам позитивните и добри страни во секој еден човек, така да се надевам дека и овде ќе проработи нечија свест и совет,- - Д-р Дарко Василевски.

Василевски очекува да му се објасни зошто не е избран на конкурсот за вработување на медицинскиот факултет, и да се објавават критериумите и ранг-листите според кои биле избрани двајцата кандидати пред него. Воедно очекува да се преиспита дали бил дискриминират поради возраста, оти има 45 години, наместо да се земат предвид стручноста, искуството и знаењето.

Од Медицинскиот факултет пак кажаа дека постапката била објективна и транспарентна, без Василевски да биде поставен во подредена положба, туку едноставно дека избраните кандидати биле подобро рангирани според формалното образование и интервјуто. Според податоците од деканатот, Василевски бил со просек од 8,20, а кандидатите кои биле вработени, со 9,29, односно 9,21.

МОН во меѓувреме го повика да поднесе претставка за да се провери законитоста на постапката.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Темелно се чистат Камениот мост и плоштадот ,,Македонија”

Во тек е темелно чистење на Камениот мост и плоштадот „Македонија“, кои се лицето на нашиот град.

Ѓорѓиевски: Темелно се чистат Камениот мост и плоштадот ,,Македонија”

Тука се среќаваат генерации, се пречекуваат гости и се создаваат спомени што остануваат за цел живот. Токму оттука многубројни туристи ја понесуваат својата прва слика за Скопје како град со душа, историја и препознатливо место на светската туристичка мапа. Затоа, овие симболи заслужуваат постојана грижа и внимание. Скопје заслужува да биде чисто, уредено и гордо на своите обележја. А сите ние имаме обврска да го чуваме она што ни припаѓа заеднички – истакна Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Во рамките на овие активности се отстрануваат натписите, графитите и насобраната нечистотија, со употреба на специјално средство и чистење под притисок, за овие простори повторно да го добијат својот уреден и достоинствен изглед.

Дополнително, привршуваат активностите за архитектонско осветлување на Камениот мост и за повторно пуштање во употреба на подната фонтана, која со години беше оставена да пропаѓа. Светлината и водата повторно ќе внесат живот и убавина во срцето на градот, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер