Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење
2Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење
ЖивотПоради екстремните временски услови, повеќе од 20 милиони луѓе се соочуваат со глад во АфрикаПоради екстремните временски услови, над 20 милиони луѓе се соочуваат со глад во јужна Африка каде сушата достигна критично ниво.Замбија и Малави ја прогласија сушата за национална катастрофа, а соседен Зимбабве, каде околу 2,7 милиони луѓе се соочуваат со глад, е блиску до донесување на таква одлука. Сушата зафати широка област од Боцвана и Ангола на запад до Мозамбик и Мадагаскар на истокот на јужна Африка. Сушата во тие земји ги уништи посевите на кои се потпираат десетици милиони луѓе за да преживеат. Претседателот на Замбија, Хакаинде Хичилема, изјави дека се уништени еден милион хектари од 2,2 милиони на главните посеви на пченка во неговата земја. Претседателот на Малави Лазарус Чаквера побара 200 милиони долари хуманитарна помош. Со катастрофално лошата жетва оваа година, милиони луѓе во Зимбабве, јужен Малави, Мозамбик и Мадагаскар нема да можат да се прехранат до следната година. УСАИД проценува дека 20 милиони луѓе ќе имаат потреба од помош во храна во јужна Африка во првите неколку месеци од 2024 година. Многу луѓе нема да добијат помош, бидејќи хуманитарните агенции имаат ограничени ресурси во услови на глобална криза со глад и сè помалку пари. Пред една година, голем дел од овој регион беше погоден од големи тропски бури и големи поплави. Целиот регион е во еден вид маѓепсан временски круг: прво премногу дожд, а потоа недоволно. Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) наведува дека има „преклопени кризи“ на екстремни временски услови во источна и јужна Африка, при што двата региона во изминатата година беа меѓу „два огна“ – бури и поплави, а потоа топлина и суша. УНИЦЕФ проценува дека околу девет милиони луѓе, од кои половината се деца, имаат потреба од помош во Малави, што претставува речиси половина од тамошното население, додека бројот во Замбија е повеќе од шест милиони, од кои три милиони се деца. Покрај климатските промени предизвикани од човекот, регионот е нападнат и од климатскиот феномен Ел Нињо, кој затоплува делови од Тихиот Океан на секои две до седум години, а во јужна Африка тоа значи потпросечни врнежи и суша. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНад 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09Министерот Клековски ќе ја посети болницата во Гостивар 10:53Забрана за пиење на водата во Гостивар, граѓаните бараат одговори – кој дозволи да се труеме?18:20
Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05
Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18
Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09
МакедонијаОрце Ѓорѓиевски: „Добредојдовте во Скопје“[❤️] „Добредојдовте во Скопје“ - порака со која испраќаме топло добредојде до сите што пристигнуваат во нашиот град, објави на својот Фејсбук првиот човек на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.[🌃] Скопје го разубавуваме со љубов, внимание и посветеност, затоа што секој детал е важен кога градиме град со препознатливо лице и топла душа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Георгина знае како да го утеши Роналдо по елиминацијата од Светското првенство Бујната Георгина Родригез повторно ги воодушеви своите следбеници на социјалните мрежи објавувајќи фотографија со својот партнер Кристијано Роналдо.Атрактивната бринета повторно привлече големо внимание со својата нова објава и порака. Бујната Георгина Родригез повторно ги воодушеви своите следбеници на социјалните мрежи објавувајќи фотографија со својот партнер Кристијано Роналдо. Атрактивната бринета ужива во летниот одмор со португалската фудбалска ѕвезда, а со новата објава и порака повторно привлече големо внимание. На фотографијата, Георгина го прегрнува Роналдо, додека во преден план е нивното провокативно летно издание, кое предизвика бројни реакции кај фановите. За кратко време, објавата собра дури 3,6 милиони лајкови, а на социјалната мрежа Георгина ја следат повеќе од 75,5 милиони луѓе, што уште еднаш ја потврди нејзината огромна популарност. Георгина и Кристијано важат за еден од најпознатите парови во светот на спортот и шоу-бизнисот. Нивната љубовна приказна трае уште од 2016 година, кога се запознале во продавница на „Гучи“ во Мадрид, каде што Џорџина во тоа време работела како продавачка. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизМаж со автомобил се забил во оградата на луксузниот дом на Бијонсе и Џеј-ЗиДезориентиран возач е уапсен откако со автомобилот удрил во портите на луксузниот имот на музичките ѕвезди Бијонсе и Џеј-Зи во Ист Хемптон.Шеесет и тригодишен маж, чиј идентитет не е откриен, со автомобил удрил во влезната врата на имот во сопственост на Бијонсе и Џеј-Зи во Ист Хемптон. Според информациите од полицијата, возачот изгледал дезориентирано и не застанал пред затворената капија, туку продолжил да вози со голема брзина по пристапниот пат. Тој бил уапсен и пренесен во болница, а полицијата поднела пријава против него за неовластен упад на имот и предизвикување штета. Детективот Џенифер Дан за „Page Six“ потврди дека 63-годишникот од Бронкс нема криминално досие. Таа објасни дека тој изгледал збунето на самото место, како и по неговото апсење. „Тој не упати никакви закани ниту ги спомна имињата на станарите. Можно е случајно да ја избрал таа куќа, доколку во тој момент имал здравствени проблеми“, рече Дан. Истрагата откри дека пред инцидентот мажот застанал пред друга куќа на истата улица. Таму разговарал со сопственикот и се распрашувал за жена со одредено име. Откако му кажале дека таа не живее таму, тој продолжил понатаму. Сопственикот на таа куќа исто така ѝ потврдил на полицијата дека мажот изгледал збунето.Тагови: Бијонсе Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНад 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09Министерот Клековски ќе ја посети болницата во Гостивар 10:53Забрана за пиење на водата во Гостивар, граѓаните бараат одговори – кој дозволи да се труеме?18:20
Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05
Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18
Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09