Поради дефект без вода скопско Маџир Маало

Поради уличен дефект ф-2" на улица „Браќа Кошулчеви" број 4, прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од населба Маџир Маало во Скопје.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација" – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 13:00 часот, па до завршување со санација на дефектот.

Владата утре со одлука за воведување еколошка такса и помало ДДВ за струјата

Владата утре на седница ќе носи одлука за еколошката такса, но и намалувањето на ДДВ-то на струјата од 18 на 5%. 

Новините предвидено е да стартуваат од 1 јули, но претходно ќе треба да го поминат и собранискиот филтер. Министерот за финансии Фатмир Бесими очекува се да оди според планот..

Во ниеден момент не реков дека се откажува, туку носи одлука утре. Не можам да зборувам во име на цела Влада,истакна Фатмир Бесими, министер за финансии

Иако стопанството и транспортерите бурно реагираа дека на овој начин ќе следат бран поскапувања и дополнително се оптоварува бизнисот во услови на тешка економска криза, тоа не да ја премисли Владата. Бесими уверува дека новата давачка нема да предизвика инфлација и ценовни шокови, а се надева деказа тоа ќе помогне и намалувањето на ДДВ то за струјата

-Ова е со цел да се помогне транзицијата, односно да се помогне на домаќинствата кога се прави либерализација на пазарот на електрична енергија. Домаќинствата ќе добијат олеснување во однос на цената на електричаната енергија преку намалување на делот на ДДВ, која е конректна мерка која директно влијае врз буџетот на домаќинствата.изјави Фатмир Бесими, министер за финансии.

Новата цена на струјата се очекува да се знае во наредните неколку дена, ДДВ-то на струјата предвидено е од 1 јули да се намали на 5%, но наредната година да се зголеми на 10, за од средината на 2023та да се врати на 18%. Со еколошката такса пак, која за 3,5 денари ќе ги поскапи сите горива веќе од јули, Владата планира да собера по околу 54 милиони евра годишно, пари кои, како што објаснуваат, ќе се користат за инвестиции во обвновливи извори на енергија.

Притвор од 30 дена за битолчанец за поседување кокаин и марихуана

Основното јавно обвинителство Битола, постапувајќи по поднесена кривична пријава, донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице на возраст од 26 години.

Лицето е осомничено за кривичо дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори" од член 215 став 1 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО Битола.

– Осомничениот, на 18 јуни, во автомобил марка Ауди А6, неовластено за продажба држел наркотична дрога – 11,02 грама кокаин во повеќе полиетиленски пакувања. При претрес на неговиот дом, пак, полицијата пронашла и 2,59 грама марихуана, информираат од битолското Обвинителство.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, поради проценката дека постои опасност да се даде во бегство или да го повтори делото. Судијата го прифати предлогот на Обвинителството и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Довербата во судството и обвинителството и понатаму најниска, во банките најголема

Само 3 % од граѓаните целосно веруваат во ефикасноста на правосудните органи, покажува најновото истражување на Меѓународниот републикански институт (ИРИ).

Според анкетата, довербата е ниска во речиси сите институции, а судовите и јавното обвинителство се речиси на дното.. Целосна или делумна доверба имаат едвај четвртина од луѓето.. На слично ниво се и партиите и Парламентот..

Во истражувањето на ИРИ, дури 29 отсто од испитаниците одговориле дека силно не се согласуваат дека има владеење на правото, исто како на нивото во 2016 година. Тогаш имало и еден процент помалку недоверба. Дека има владеење на правото во Македонија се убедени едвај 12 % од испитаниците..

Освен во судството и обвинителството, граѓаните не веруваат ниту дека антикорупциската комисија си ја врши работата.. Силна доверба во инситуцијата имаат само 4 % од граѓаните...

Нешто подобро котира владата, во која некаква доверба имаат 35% од испитаниците, а на слично ниво, со 34% доверба е и опозицијата...

Од институциите, на листата најдобро стојат полицијата и здравството со околу 50% доверба.. Изненадувачки, први на листата со најголема доверба се банките.. Во нив цврсто веруваат 13 % од граѓаните, а делумно 44%..

притисни ентер