Популарната „Kia“ добива наследник - Канал 5

Популарната „Kia“ добива наследник

Претседателот на „Kia“, Хо Сунг Сонг, рече дека на брендот „дефинитивно му е потребен“ нов модел на почетно ниво за да привлече повеќе клиенти заинтересирани за електрични возила.

Популарната „Kia“ добива наследник

Сонг на настанот „EV Day“ изјави дека „Kia“ „внатрешно проучува“ како би изгледал овој основен модел, имено дали ќе биде градски автомобил позициониран „под“ претстојниот „Kia EV2“ или дали ќе биде поприфатлива верзија на постоечки модел.

Доколку се одлучат за првата варијанта (која би се викала, да речеме, „Kia EV1“), тоа би бил моделот што би го заменил „Kia Picanto“ (на насловната фотографија), а негови конкуренти би биле „Renault Twingo“ и „Volkswagen ID.1“.

Сонг исто така навести дека потенцијалниот „EV1“ би можел да чини околу 25.000 евра, или 5.000 помалку од претстојниот „EV2“ и 10.000 евра помалку од актуелниот „EV3“ модел, пренесува „Autocar“.

Доколку концептот „Kia EV1“ биде откриен следната година, сериското производство би можело да започне во 2027 година, истата година кога треба да биде претставен „VW ID.1“ и една година по „Twingo“.

Неодамна го видовме официјалниот модел на „Kia EV4“, а во таа прилика беа прикажани и хечбекот и седанот.

Двете верзии се прикажани во „GT-Line“ ниво на опременост, со различни дизајни на тркала од 19 инчи.

Интересно е што овие два модели не се разликуваат само во задниот дел - хечбекот и седанот „EV4“ имаат различни предни браници. Исто така, вертикалните светла напред и назад го следат најновиот дизајнерски тренд во автомобилската индустрија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Црна Гора денес затвора три поглавја од преговорите со ЕУ

Потпретседателот на Владата на Црна Гора за надворешни и европски работи, Филип Ивановиќ, објави дека денес на Меѓувладината конференција со Европската Унија (ЕУ), Црна Гора ќе затвори три поглавја од преговорите, наместо претходно најавените две..

Црна Гора денес затвора три поглавја од преговорите со ЕУ

Црна Гора досега привремено затвори 18 поглавја.

Ивановиќ рече дека ова е одлична вест за европската интеграција на Црна Гора.

Како што наведе, со затворањето на три поглавја денес, Црна Гора ќе биде еден чекор поблиску до целта да стане 28-ма членка на ЕУ до 2028 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МНР: Софија ги подрива напорите за градење доверба, за случајот ќе бидат информирани ЕУ и Советот на Европа

Бегството на Ива Михајлова во Бугарија и нејзиниот прием на високо ниво во Софија, ги подрива напорите за градење доверба и е спротивно на декларираните заложби за развој на добрососедските односи – реагираа од МНР...

МНР: Софија ги подрива напорите за градење доверба, за случајот ќе бидат информирани ЕУ и Советот на Европа

-Приемот на високо ниво на лице против кое се води судска постапка испраќа сериозно погрешна порака. Националната припадност и поседувањето друго државјанство не смеат да служат како заштита од одговорност пред надлежните институции. Секој има право на правично судење. Никој нема право на изземање од законите.

Од Република Бугарија, како членка на Европската унија, очекуваме постапување во согласност со основните европски принципи: почитување на судските постапки, соработка меѓу надлежните институции и еднаквост пред законот. Постапките што создаваат впечаток на институционална заштита од судска одговорност се неспоиви со тие принципи. Владеењето на правото не смее да биде селективно, ниту да зависи од националната припадност на поединецот. – реагирааат о МНР и велат дека за развојот на случајот, ќе ги информираат меѓународните партнери, особено институциите на Европската унија и Советот на Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прекината блокадата на депонијата „Краста“, почнува изнесувањето на ѓубрето од Куманово

Жителите на селата Студена бара и Пчиња утринава ја прекинаа блокадата на депонијата „Краста“, откако пожарот беше изгаснат, а сметот затрупан со земја во голема акција на тешка механизација и камиони од приватни фирми.

Прекината блокадата на депонијата „Краста“, почнува изнесувањето на ѓубрето од Куманово

Жителите синоќа се сретнале со кризниот штаб, при што биле договорени натамошните активности.

Тие бараат во иднина сметот да се депонира на начин што нема да доведе до ново палење, односно по секој слој смет, да се става слој на земја...

Блокадата на депонијата „Краста“ траеше шест дена, а два дена ѓубрето се носеше на скопската депонија „Дрисла“..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер