Поповски: Медиумска писменост во образованието неопходна, ние сме последни во Европа според проценка на точноста на информациите

Министерот Поповски истакна дека според информациите со кои располагаат до 2008 година нешто се работело на оваа тема во образовниот систем, но оттогаш работите се ставени на пауза.

Сеопшта и сеопфатна акција да се преземе со цел да се изнајде најсоодветниот модел за земјава за вклучување на медиумската писменост во образованиот процес, побара денеска министерот без ресор, задолжен за комуникации, отчетност и транспаретност Роберт Поповски пред почетокот на јавна дискусија на тема „Вклучување на медиумската писменост во образованието".

Низ оваа и други дебати потребно е да се разгледаат моделите, кои ќе бидат најприменливи кај нас. Има различни примери во различни европски земји – некаде медиумската писменост е посебен наставен предмет, во некои земји е вметнал во други наставни предмети.

Поповски истакна дека според информациите со кои располагаат до 2008 година нешто се работело на оваа тема во образовниот систем, но оттогаш работите се ставени на пауза.

-Граѓаните во Македонија се недоволно информирани или недоволно прецизно можат да проценат што се точни и квалитетни информации, а што се лаги и невистини и шпекулации. Има сериозни истражувања, кои покажуваат една состојба, која воопшто не е пријатна, ние сме на последното место во Европа според проценката на точноста на информациите, што граѓаните ги добиваат, рече Поповски.

Нагласи дека од една страна Владата и институциите мораат да си ја завршат својата работа, од друга страна образовниот систем мора да го заврши својот дел онаму каде е негова надлежост и каде што фунционира независно, особено високообразовните институции. Во процесот, додаде Поповски, треба активно да биде вклучен и граѓанскиот сектор.

-Потребно е да ја вметнеме оваа проблематика во образовниот процес. Се соочуваме со наплив на лажни вести и дезинформации. Владата има акциски план, кој го реализира најдобро, ќе им помогнеме на граѓаните добро да бидат иформирани, како да препознаат неточни информации или како да го прочитаат на вистински начин она што се пласира. На Владата е клучниот момент да преземе иницијатива за да може сето ова што се дискутира да го преточи во закон, додаде Поповски.

На прашањето дали портпаролите на големите политички партии се медиумски писмени, Поповски рече дека доколку се навлегува кој е писмен, а кој не може да се загуби многу време, но додаде дека анализите покажуваат дека нивото на медиумска писменост во државата е поразително во сите сфери на општеството.

Нагласи дека креатори на лажни вести не се само медиумите, туку и политички партии, политички субјекти, јавни личности, бизнис секторот, центри на моќ.

-Сето тоа треба да го гледаме како еден глобален проблем, кој ги таргетира граѓаните, граѓаните се под пресија на сето ова што се случува. Лажните вести се оружје на масовно уништување во современиот свет и сето тоа ние мора да најдеме начин како да не се прошири за да не ни го разболи општеството, додаде Поповски и нагласи дека во целиот овој процес медиумите се важниот партнер, а клучната работа е квалитетно и професионално новинарство.

На дебатата која е дел од Глобалната недела на медиумска писменост, обраќања освен Поповски имаа и министерот за образование и наука Арбер Адеми и амбасадорот на Европската Унија, Самуел Жбогар.

Ханија: Хамас го проучува примирјето „во позитивен дух“

Хамас во „позитивен дух“ го проучува предлогот за примирје, до кој се дојде со посредство на Египет, изјави денеска лидерот на палестинското движење, Исмаил Ханија.

Ханија во телефонски разговор со шефот на египетското разузнавање Абас Камел кажа дека преговарачите на Хамас ќе се вратат „што е можно поскоро“ во Египет за да ги завршат актуелните разговори за прекин на огнот.

Во моментов се чека одговорот на ова палестинско движење на предлогот за прекин на огнот, што предвидува примирје во израелските воени операции, проследено со размена на заложниците киднапирани за време на нападот на Хамас на израелска територија на 7 октомври, за палестинските затвореници кои ги држеше Израел.

Израелската влада, од своја страна, денеска го обвини Хамас дека го попречува договорот со тоа што одбива да направи отстапки.

-Единственото нешто што го спречува договорот е Хамас. Хамас само ги заострува своите услови и се крие зад неразумните барања, изјави портпаролката на израелската Влада, Ракела Карамсон.

Таа повтори дека Израел продолжува да се подготвува за голема офанзива на Рафа, град што се наоѓа на крајниот југ од Појасот Газа, и покрај противењето на меѓународната заедница. /МИА

Мицкоски од Тетово: Решението против сите сценарија кои ги прават од СДСМ и ДУИ е излезноста

 Во рамките на проектот за 250 милиони евра за инфраструктурен развој на општините дел ќе се инвестира и во општините во западна Македонија.

„Живееме под едно небо, делиме исти проблеми, исти предизвици. Маката ни е иста, и копнееме по заеднички работи. Денес Македонија е држава каде управуваат стотина души кои ги запоседнале институциите и грубо ги злоупотребуваат. Секој тендер поминува низ нивни раце, за секој бизнис процентот на добивка го определуваат истите луѓе. Тој артаноиден систем стана синоним за корупција и неказнет криминал. Систем на искривени вредности и непринципиелност која државата ја носи во пропаст“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од митингот во Тетово.

Мицкоски додаде дека доаѓа ново време, се врти нов лист, нов почеток.

„Овде од Тетово објавувам дека веднаш по победата и формирањето на влада значаен процент од буџетот ќе оди за развој и решавање на децениските инфраструктурни проекти на Тетово, Гостивар, Кичево, Струга, Дебар и повеќе други општини од западна Македонија“, вети Мицкоски.

„Се обврзувам дека во рамките на проектот за 250 милиони евра за инфраструктурен развој на општините дел ќе се инвестира и на овие места овде. Подеднакво ќе градиме и работиме за развој на штипско Ново село, но и за тетовско Теарце, за струмички Куклиш, но и за тетовско Одри“, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој рече дека на народот му е доста од удирање на гради зборење за права, а во реалноста сето тоа да се сведе на крадење и тендери. Реално и со дела да се менува животот на луѓето и тоа идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе го направи.

„За да се случи ова што ви го зборувам, на 8-ми мај мора да се заврши започнатата работа. Цунамито е кренато. Тоа цунами треба да удри на денот на изборите и да ја оддува забрефтаната од криминал власт. Решението против сите сценарија кои ги прават од СДСМ и ДУИ е излезноста“, порача Мицкоски.

Тој ги повика граѓаните на осми мај да излезат и да гласаат, време е да започнат промените во Македонија.

Битиќи: Бидете патриоти, изберете европска иднина на соживот и плати од 1.300 евра

Битиќи истакна дека длабоко верува дека мнозинството од граѓаните не сакаат враќање 20 години назад во минатото.

„На 8-ми мај излезете на гласачките места и со заокружување на бројот еден да ги сочуваме темелите на државата, на демократските вредности, на внатрешната кохезија на етникумите и верските заедници. Бидете патриоти и изберете безбедна и европска иднина, каде ќе бидеме сплотени и ќе имаме просечна плато до 1.300 евра“, порача на денешните средби со жителите на Бутел и Чучер Сандево, Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 2.

Битиќи истакна дека длабоко верува дека мнозинството од граѓаните не сакаат враќање 20 години назад во минатото, во заробена држава и поделено општество, во држава во која минималната плата изнесуваше под 10.000 денари.

„Гледате политичари кои дефилираат по митинзите со националистички пароли и пораки за изолација на државата. Но, уверен сум дека со вашиот глас за бројот 1 ќе ги замолчите, ќе им покажете дека вашата одлука е да имаме нова влада која ќе продолжи државата да ја води кон Европската унија, кон нејзините вредности, “ рече Битиќи и посочи дека СДСМ и коалицијата имаат програма која ќе ја исполни оваа мнозинска желба на граѓаните на Македонија.

Помеѓу другото, нагласи дека агендата на националистите е празна, а програмите им се полни со празни зборови, затоа нудат само несигурност и страв меѓу граѓаните.

„Знаеме дека патот до ЕУ е тежок, со многу пречки пред нас, но ЕУ е единствениот начин да ги смениме работите на подобро, во економијата, во образованието, во здравството.

Не смееме да се откажеме од европското семејство и да ги замолчиме националистите“, порача Битиќи.

Зборувајќи за мерките од предизборната програма на СДСМ, Битиќи посочи дека членството во ЕУ не само што ќе однесе посилна кохезија помеѓу различните етнички и верски заедници во Македонија, туку тоа ќе значи и подобар и поквалитетен живот за сите граѓани

„Пред вас излегуваме со конкретни верувања, за кои во минатото покажавме дека ги исполнуваме, а ќе ги исполниме и сега. Гарантирам е просечна плата од 1.100 евра и минимална плата од 600 евра, кои со влезот во ЕУ проектираме да достигнат до 1.300 евра односно 800 евра“, им порача Битиќи на жителите на Бутел и Чучер Сандево.

притисни ентер