Паника среде лет: Се заканувал со бомба, па се обидел да влезе во пилотската кабина, авионот итно приземјен (ВИДЕО)
1Паника среде лет: Се заканувал со бомба, па се обидел да влезе во пилотската кабина, авионот итно приземјен (ВИДЕО)
2Жена е прегазена за време на кражба на автомобил- разбојникот ја остави во критична состојба (ВИДЕО)
МакедонијаПоповска: Посакувам успешен исход од посетата на фон дер Лајен Македонија, уморна и резигнирана како запоставена љубовница, чека надежна порака дека сепак има иднина за нашата врска со саканата Европа и дека конечно, таа турбулентна врска ќе биде озаконета. Зашто, љубовта знае и да простува. Непосредно пред доаѓањето на претседателката на Европската комисија во Скопје, си правам рекапитулар на сето она што сме го доживеале во последниве 35 години како македонски граѓани и како Македонци дома и низ светот, поврзано со македонската евроинтеграција. Колку надеж, ентузијазам, напори, вложувања, па удари и разочарувања, па повторно станувања, борби и докажувања… Петре има право, пиреј е овој народ. Еве нѐ, заглавени во полу-започнати преговори со ЕУ, блокирани со билатерален спор со Бугарија, ама аминуван од европската политичка олигархија. Зашто Францускиот преговарачки пакет го здроби, го стутка, го искривоколчи европското право. Што ли сѐ морале да проголтаат и да измислуваат формални покритија стручните правници во правните служби на комплексната европска администрација, по барање на нивните налогодавци – моќните политичари! Ова ни доаѓа како „утеха“ за делови од македонското право, изгазено и стуткано во некои наши закони, договори, протоколи, кои ќе треба, дел по дел, да се испеглаат. Та не сме саде ние, та не сме саде тука… ПРАВОТО е можеби најголемата жртва на светската политократија. Пред повеќе од една година, минатиот јули 2025, ја поднесов Уставната иницијатива за поништување на Вториот протокол со Бугарија, зашто е кочница на нашата евроинтеграција. Тоа е оној записник од меѓувладина комисија со непристојни бугарски барања и условувања, со идеја за бугаризација на Македонија. Нон-документ по процедура и по содржина, спротивен на македонското, европското и меѓународното право. Протоколот е кочница за евроинтеграцијата, зашто е дел од преговарачкиот пакет и како поим се спомнува во важни документи на Советот на ЕУ, изгласани од сите 27 држави на 18 јули 2022. Но, изгледа „имаме среќа во несреќа“. Во хаосот на бугарското вешто лобирање, француските кралски манири и нашата инфериорност, направени се серија „грешки“ и повреди на европското и меѓународното право. Па, можеби ќе може да се искористат. Ќе спомнам само една таква „грешка“. И досега имам кажано дека Протоколот не е спомнат експлицитно, со име, во самата Преговарачка рамка, усвоена од Советот на ЕУ на 30 јуни 2022 (тогаш сѐ уште не беше ПОТпишан, но беше НАпишан и ИЗГЛАСАН од бугарското Собрание на 24 јуни 2022). Но, она што досега не е спомнато во јавност е фактот дека, според достапните документи, Протоколот како документ НЕ БИЛ ДЕЛ од работниот пакет ЗА ГЛАСАЊЕ, споделен до секоја држава на 18 јули 2022. Чудна процедура, аналогна на онаа во македонското Собрание на 16 јули, еден ден пред потпишувањето на Протоколот на 17 јули, кога на нашите пратеници им било доставено едно ливче за гласање на нашата преговарачка рамка, БЕЗ текстот на документот!? Еве веќе три месеци се допишувам со европските институции, од овој јули 2026, заедно со мојот соборец за правда, Гоце Пероски, македонски активист од Германија. Тој, како роден Европеец, јас како граѓанка на земја-кандидат за ЕУ, побаравме од Европската комисија и од Советот на ЕУ пристап до информации поврзани со Вториот протокол и Преговарачката рамка, како и за стручно правно мислење за Изјавата на Бугарија во врска со непризнавањето на македонскиот јазик. За оние што не се во тек, оваа бугарска Изјава е исто така дел од преговарачкиот пакет, покрај друг документ што е Став на Советот на ЕУ во врска со јазикот, а кој е афирмативен за нас, секако. Но, САМОТО ВНЕСУВАЊЕ на оваа анти-цивилизациска изјава за негирање на нечиј јазик, е флагрантно кршење на сите базични принципи за почитување на човековите права и слободи! И наместо да биде отфрлена, таа Изјава е тука, изгласана како составен дел на нашата рамка. Дали тоа нешто значи и може ли да произведе проблеми во блиска и подалечна иднина? Секако. Во оваа прилика сакам да искажам благодарност до сите избрани и именувани лица, како и до сите професионалци од стручните служби во Европската комисија и во Советот на ЕУ, кои учествуваа во комплицираното расплеткување на македонскиот преговарачки пакет и кои изнаоѓаа начини како да ни одговорат, почитувајќи ја европската регулатива за транспарентност, а да не бидат спречени од одредени центри на моќ кои се трудат да и удоволат на моменталната бугарска политика. Бугарија ги живее своите ѕвездени мигови поради актуалната геостратешка важност, блазе си и! Одредени документи останаа недостапни за нас во моментов, поради одредени „чувствителни“ информации кои би можеле „да ја нарушат заштитата на јавниот интерес за меѓународните односи“. Дали нашата држава имала и/или има пристап до нив? Чекајќи ја официјалната изјава на Урсула Фон дер Лајен од Скопје, посакувам македонската Влада да ѝ биде добар домаќин, според нашата балканска традиција, но и да ѝ укаже на неколку важни работи. Македонските граѓани во убедливо мнозинство сакаат во ЕУ, но исто така со убедливо мнозинство не сакаат второто полувреме од отворањето на преговорите да се претвори во долго и болно самоубиство. Европската Унија може и треба да разреши неколку работи сама со себе, а и со нас: 1) Со официјален акт да потврди дека Протоколот не е дел од Преговарачката рамка и да направи ПОПРАВКА (corrigendum) на Заклучокот на Советот на ЕУ од 18 јули 2022, отстранувајќи го како термин од текстот; 2) Да издејствува конечно регистрирање на македонските здруженија во Бугарија, по најмалку 14-те пресуди на Судот во Стразбур, за да бидат Македонците признаени во Бугарија, како прв чекор кон признавање на Македонците во Македонија; 3) Да го прифати рационалниот предлог на нашата Влада и Претседателка за внесување на Бугарите во Уставот со одложено дејство, по влезот на Македонија во ЕУ, како ЕДИНСТВЕНА реална заштита на државата, за да не ни експлодира бомба во пазуви. Лично, морам да кажам дека влезот на Бугарите во Уставот НЕ Е ПРИРОДЕН, затоа што тие никогаш во историјата не работеле на градење на нашата држава, туку на разградување. И ако некој решил дека тоа мора да се направи, потребна ни е тројна панцир заштита на Уставот: одложено дејство, вградена заштитна клаузула за поништување и признавање на македонското малцинство во Бугарија! Посакувам успешен исход од посетата. Македонија, уморна и резигнирана како запоставена љубовница, чека надежна порака дека сепак има иднина за нашата врска со саканата Европа и дека конечно, таа турбулентна врска ќе биде озаконета. Зашто, љубовта знае и да простува, објави на ФБ Лилјана Поповска. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаЧетири мечки до смрт растргнале мајка и ќерка – со ДНК анализа е утврден ужасот на нападот Трагично пешачење во канадската покраина Британска Колумбија заврши со смртта на мајка и нејзината ќерка, кои беа нападнати од четири гризли мечки. Истражителите користеа ДНК анализа за да потврдат кои животни стојат зад ужасниот напад, а експертите се сомневаат дека жените биле плен, што го прави овој случај особено редок, објави Би-Би-Си. Џенифер Балкарас (48) и нејзината 20-годишна ќерка, Села Рид, отидоа на кратко попладневно пешачење на почетокот на ноември во областа Вајт Касл во западна Канада. Кога не се вратија дома, нивното семејство пријави дека се исчезнати. Потрагата заврши трагично. Телата, или поточно останките, на двете жени беа пронајдени во близина на планинарска патека, на околу 150 метри оддалеченост. По нападот, истражителите зедоа примероци од ДНК од животните за кои се сомневаше дека учествувале во трагедијата. Резултатите потврдија дека четири гризли мечки - возрасна женка и нејзините три младенчиња, стари околу една година, се одговорни за смртта на мајката и ќерката. Сите четири мечки подоцна беа еутанизирани за да се заштити јавноста, соопшти Службата за заштита на Британска Колумбија (BCCOS). Истрагата, исто така, откри особено вознемирувачка можност - дека нападот не бил резултат на изненадувачка средба или одбранбена реакција од страна на животните, туку дека мечките ги сметале жените за плен. „Нашата истрага, исто така, покажа дека ова веројатно бил предаторски напад, за кој можам да ви кажам дека е многу редок“, изјави инспекторот на BCCOS, Џеф Тајр, за АП. Експертите велат дека ваквите напади се исклучително невообичаени, бидејќи мечките генерално не напаѓаат луѓе за да ги јадат. Според проценките на Министерството за животна средина, земјиште и паркови на Британска Колумбија, во канадската покраина живеат помеѓу 10.000 и 13.000 гризли мечки. Видот е наведен како загрозен во покраината. Средбите меѓу луѓето и гризли мечките што завршуваат со напади се релативно ретки, но ризикот се зголемува кога луѓето го изненадуваат животното или кога тоа ги брани своите младенчиња или извор на храна.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
СветПаника среде лет: Се заканувал со бомба, па се обидел да влезе во пилотската кабина, авионот итно приземјен (ВИДЕО)Дражавјанинот на Хондурас, Рони Александар Гомез-Алберто, кој двапати бил депортиран од Соединетите Американски Држави, бил уапсен откако наводно се обидел да влезе во пилотската кабина на авион на „Јунајтед ерлајнс“ и тврдел дека има бомба. Инцидентот се случил во понеделник вечерта за време на летот од Њуарк до Њу Орлеанс, а неговото однесување ги натерало пилотите да издадат предупредување за киднапирање, објави „Фокс њуз“. Летот 2174 безбедно слета на меѓународниот аеродром „Луис Армстронг“ во Њу Орлеанс, каде што го пречекала полицијата. Гомез-Алберто подоцна бил уапсен, а Министерството за внатрешна безбедност на САД потврдило дека е обвинет за обид за влегување во пилотската кабина. Според одделот, Службата за имиграција и царинска контрола (ICE) поднела барање за негово притворање по неговото апсење. „На 10 ноември 2026 година, ICE поднела барање за притворање на Рони Александар Гомез-Алберто, државјанин на Хондурас кој нелегално е присутен во Соединетите Американски Држави, откако се обидел да влезе во пилотската кабина за време на летот“, изјавил портпарол на Министерството за внатрешна безбедност за „Фокс њуз“. Според американските власти, Гомез-Алберто првпат бил уапсен во септември 2011 година откако нелегално ја преминал границата во близина на Ел Индио, Тексас. Тој бил повторно уапсен во октомври 2014 година, во близина на Колумбус, Ново Мексико. По двете апсења, тој бил депортиран од Соединетите Американски Држави. TERRIFYING MIDAIR SCARE: A twice-deported illegal immigrant allegedly claimed to have a bomb and tried to storm the cockpit of United Flight from Newark to New Orleans, triggering an in-flight hijacking alert. Authorities say Honduran national Rony Alexander Gomez-Alberto—previously deported in 2011 and 2014, then released by an immigration judge in 2020—was arrested upon landing and faces terrorizing and false arson charges. ICE has placed a detainer as federal investigators weigh additional charges. — FOX & Friends (@foxandfriends) November 11, 2026 Тој повторно бил уапсен од страна на Граничната патрола во 2019 година откако се обидел нелегално да влезе во земјата во близина на Сан Исидро, Калифорнија. Сепак, тој бил ослободен од притвор во јануари 2020 година откако судија за имиграција наредил негово ослободување во исчекување на постапката за депортација. Локалните медиуми, повикувајќи се на Канцеларијата на шерифот на округот Џеферсон, објавија дека осомничениот е обвинет и за пренесување лажни информации за планирано палење и терористичка закана, како и за нарушување на јавниот ред. Министерството за внатрешна безбедност конкретно изјави дека тој упатил закана со бомба за време на летот, што предизвикало тревога кај екипажот и патниците. Јунајтед ерлајнс потврди дека авионот слета безбедно и дека полициските сили го пречекале авионот по пристигнувањето. „Летот 2174 на „Јунајтед“ од Њуарк до Њу Орлеанс слета безбедно по инцидент во кој беше вклучен еден патник. Полицијата го пречека авионот по пристигнувањето“, соопшти компанијата. Авионот „Боинг 737 MAX 9“ превезуваше 46 патници и шест члена на екипажот. Портпаролот на Министерството за внатрешна безбедност изјави дека властите ќе продолжат да преземаат мерки против лицата кои се нелегално во Соединетите Држави и кои вршат кривични дела.Тагови: авион Бомба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
СветЖена е прегазена за време на кражба на автомобил- разбојникот ја остави во критична состојба (ВИДЕО)Неидентификувана жена е сериозно повредена кога разбојник ја прегазил за време на кражба на автомобил во вторник наутро (10 ноември) во населбата Бара Фунда, во западниот дел на Сао Паоло. Таа претрпела тешка трауматска повреда на мозокот, морала да биде интубирана и била однесена во болницата Санта Каса. Безбедносна камера го снимила моментот кога осомничениот разбојник се приближил до жртвата, ја презел контролата врз автомобилот и ја прегазил додека бегал, објави „Глобо“. Злосторството се случило на улицата Хозе Крис, во близина на плоштадот Паскоал Мартинс и авенијата Маркес де Сао Висенте. Воената полиција била повикана околу 6:35 часот наутро. Видеото го прикажува разбојникот како се приближува до жената, која штотуку излегла од аптека и влегувала во својот автомобил. Mulher é atropelada por criminoso durante roubo de carro na Barra Funda, em SP; vítima está em estado grave https://t.co/1YgWxOzUul #g1 https://t.co/u3s3bC5oFw — g1 (@g1) November 10, 2026 Осомничениот ја преминува улицата и се крие зад дрвја, чекајќи жената да влезе во возилото. Потоа ѝ се приближува и седнува на задното седиште. Кога го забележува нападот, жената излегува од возилото. Разбојникот потоа седнува на возачкото седиште, но жртвата се обидува да го спречи грабежот. Следува физичка пресметка, при што мажот ја турка. Таа паѓа и ја удира со главата на земја. Потоа крадецот го става автомобилот во рикверц и ја удира со својот автомобил. Луѓето на блискиот паркинг се обидуваат да го спречат да избега, викајќи му да застане, но осомничениот успева да избега со автомобилот. Вработен на паркингот, кој бил сведок на инцидентот, рекол дека жената се обидела да ја зграби вратата од автомобилот за да го спречи крадецот да избега. „Таа се обидела да ја повлече вратата, но тој успеал да се врати во рикверц токму кога таа ја зграбила. Потоа била фрлена назад со сета сила, ја удрила главата и ја изгубила свеста“, рекол сведокот. Според него, луѓето на местото на настанот истрчале за да го спречат возачот да ја прегази жената. „Трчавме за да не ја прегази. Малку забавил, потоа малку забрзал и скршнал, но и покрај тоа, гумата сепак ја зафатила главата. Потоа продолжил да вози“, рекол сведокот. Жената била однесена во болница со тешка трауматска повреда на мозокот и крварење од увото. Таа мораше да биде интубирана пред да биде префрлена во болницата Санта Каса во Сао Паоло. До последното ажурирање, немаше информации за тоа каде се наоѓа крадецот и украдениот автомобил.Тагови: автомобил разбојник Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter