МакедонијаПопов: УМС на ВМРО-ДПМНЕ е со јасна визија за младитеНаш приоритет е реализација на многу проекти од суштинско значење за младите луѓе, вели Попов.На денешниот настан по повод 34 години од формирањето на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, имаше обраќање претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов, кој истакна дека Унијата на млади сили е најуспешна и најголема организација поради фактот што се залага за иднината на младите во државата, ги зема во предвид ставовите, идеите и целите на младите луѓе и се насочува кон подобрување на нивните услови за живот во сите сфери од општественото живеење, затоа што младите се иднината на Република Македонија. „Најголемата и најдобро организираната политичка младина во Република Македонија тоа е Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, многу пати сум го рекол ова, но денес сакам уште еднаш да го кажам, јас за секој млад човек кој сака некако да и даде на државата нешто свое, доколку сака да се вгради во развитокот на државата и пред се и над се доколку сака некој млад човек да и помогне на Република Македонија, УМС на ВМРО-ДПМНЕ би рекол дека е единствената младинска организација преку која секој млад човек во државата може да го направи тоа и затоа нескромно констатирам дека УМС е младинската организација која ги артикулира ставовите и мислите на мнозинството од младите луѓе во Република Македонија“, вели Попов. Попов истакна дека членството во Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ е силно мотивирано и насочено кон реализација на сето предвидено, а воедно и се заблагодари на претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, за несебичната поддршка којашто тој ја пружи на УМС. „Ние сме една организација најбројна во државата која обединува млади луѓе со иста идеја и ние сме многу силно мотивирани и навистина сакаме да го реализираме она за коешто сме собрани денес, но ниеден наш труд и ниедна наша масовност и ниеден наш ангажман тоа не може да го направи да биде во реализација доколку ја немаме поддршката од сениорските структури, доколку немаме претседател каков што имаме на партијата а тоа е претседателот Христијан Мицкоски“, рече Попов. Попов продолжи и додаде дека Владата има јасна визија за младите во државата од самиот почеток, со зголемувањето на буџетот за младите притоа потенцираше дека се планира реализација на клучни проекти кои ќе бидат од големо значење за студентите и воопшто за сите млади луѓе. „Оваа година покажавме и докажавме дека имаме Влада која што ќе биде партнер на младите луѓе, токму поради тоа што покажавме дека нашите намери сакаме да ги реализираме навистина во пракса, тоа се покажа од првиот ден кога ставките наменети за млади во буџетот беа со неколку кратно зголемени средства, така знаеме во наредниот период дека и студентските домови ќе бидат реализирани, така знаеме дека во наредниот период и факултетите ќе бидат дигитализирани, дека ќе се отвораат работни места за младите, знаеме дека желбата и замислата на Владата за младите луѓе не е декларативна, туку е вистинска и реална“, истакна Попов. Во фокусот на своето обраќање ги стави и целите кои УМС ги има за периодот што следи, истакнувајќи дека се она што ќе биде предвидено во програмите на идните градоначалници, ќе се оствари на дело, односно ќе има видливи резултати. „Приоритет за мене и за УМС доколку пред парламентарните избори, беше да видам што е можно повеќе проекти за млади во програмата на ВМРО-ДПМНЕ, за тоа сум се борел бидејќи знам дека програмите на ВМРО-ДПМНЕ се реализираат, затоа е многу важно што ќе се најде во тие програми, сега мој приоритет и на УМС, во наредниот период ќе биде да видиме што е можно повеќе спортски сали, спортски комплекси, повеќе инвестиции низ средните училишта и се она што им значи на младите луѓе од локален карактер, се она што ќе го прочитаат младите во програмите на идните градоначалници, тоа ќе го видат и на самиот терен“, заклучи Попов.Тагови: ВМРО-ДПМНЕ Попов Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
СветЗеленски: „Путин, дали прифаќаш?“Зеленски изјави дека сега е ред на Русија да одговори на предлогот.Украина е подготвена да учествува во технички трилатерални преговори со САД и Русија – кои би можеле да се одржат до крајот на октомври во Обединетите Арапски Емирати или во друга земја предложена од Вашингтон – изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Обраќајќи им се на новинарите во Киев заедно со германскиот канцелар Фридрих Мерц, Зеленски – како што пренесува „Укринформ“ – изјави дека сега е ред на Русија да одговори на предлогот. „Американската страна стапи во контакт со Украина и Русија, предлагајќи да се одржи средба во некаква форма на техничко ниво, во трилатерален формат, до крајот на октомври. Вчера им потврдив дека сме отворени за учество во Емиратите или во друга земја предложена од американската страна“, рече Зеленски. Според него, Вашингтон сега го пренел овој предлог на Москва, која треба да го изнесе својот став. „Позитивно одговараме на преговорите“, рече Зеленски. Зеленски претходно објави дека Соединетите Држави предложиле подготовка на трилатерална средба со учество на Украина, САД и Русија на техничко ниво.Тагови: Володимир Зеленски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
АвтомобилизамКлучна одлука за автомобилите во ЕУ: Брисел дефинира кој може да ја носи ознаката „Made in Europe “Европската унија утврдува што се смета за европски автомобил или компонента.Во Европската унија се водат важни дискусии за идните критериуми за ознаката „ Made in Europe “, одлуката што ќе произлезе од нив би можела значително да влијае врз автомобилската индустрија и конкуренцијата од Кина. Се разгледуваат правила што би им дале предност на европските производи во јавните набавки и во програмите за државна поддршка за стратешките сектори. Клучно прашање е прецизното дефинирање на тоа кога еден автомобил или негова компонента се квалификуваат како европски производ. Исто така, од особена важност е да се утврдат условите под кои производите и деловите од трети земји би можеле да го добијат истиот статус, пренесува „Revija HAK“. Според информативниот портал „Contexte“, предвидено е „Coreper I“ – Комитетот на постојани претставници на земјите-членки на ЕУ – да расправа за оваа тема на 7 октомври. ЕУ се соочува со дилема: правилата треба да го поттикнат производството во рамките на Унијата без притоа да ги загрозат меѓународните синџири на снабдување или обврските кон трговските партнери. Последиците за купувачите на автомобили остануваат нејасни. Поширока дефиниција за „ Made in Europe “ би им овозможила на автомобилите со поголем удел на компоненти од партнерски земји да го задржат пристапот до европските програми за поддршка и договорите за јавни набавки. Од друга страна, построгите правила дополнително би го фаворизирале производството лоцирано во ЕУ. Конечната одлука би можела да има долгорочни последици врз потеклото, достапноста и цената на автомобилите што се продаваат на европскиот пазар. Извор: Б92Тагови: автомобили ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканВучиќ во кампања за предвремените парламентарни избори на 25 октомвриВучиќ –кој е носителот на листата „Александар Вучиќ – обединета Србија“ изјавил дека во Загреб, Подгорица, Сараево и Приштина со голем жар посакуваат соборување и промена на актуелната власт во Србија.Албин Курти и Мило Ѓукановиќ до Андреј Пленковиќ, сите сакаат соборување на власта во Србија. А дали тие сакаат нешто добро за Србија?“, прашал Вучиќ. На предизборниот собир тој кажал и дека некој однадвор ја отрул атмосферата во земјата, сакајќи да ја промени политиката на Србија, пред се на меѓународно ниво.Тагови: Александар Вучиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter