Попов: Студентски оброк ќе добијат и постдипломците и студентите на интегрирани студии - Канал 5

Попов: Студентски оброк ќе добијат и постдипломците и студентите на интегрирани студии

Студентски оброк ќе добијат и постдипломците и студентите на интегрирани студии од државните и приватните универзитети, законските измени од вторник во Собрание.

Попов: Студентски оброк ќе добијат и постдипломците и студентите на интегрирани студии

Обезбедуваме финансиска поддршка за секој студент, без селективност.

Предложените измени на Законот за студентски оброк, кои уште во вторник ќе се најдат пред пратениците, предвидуваат субвенциониран студентски оброк да добијат и пост-дипломците, како и студентите на интегрирани студии на државните и приватните универзитети низ Македонија.

Ова е јасен индикатор дека студентите ни се приоритет. Дека поддршката за најмладите не е само декларативна, правиме значајни чекори напред кон подобар студентски стандард.

Почитувани,

Ова е само мал дел од нашите заложби за студентите, средношколците и младите во Македонија.

Годинава од државниот буџет издвојуваме дополнителни 30 милиони евра за младите. Дел од овие пари се за на оваа група граѓани да им помогнеме да купат електронски уреди. За оваа цел ќе бидат поделени ваучери од по 250 евра, за набавка на телефони, компјутери и таблети, без кои во денешно време, тешко е да си студент ако ги немаш.

Издвојуваме и 10 милиони евра за да ги поддржиме и младите со претприемнички дух. Лицата до 29 години ќе може да аплицираат за финансиска поддршка до 30.000 евра. Средства со кои младите ќе можат своите бизнис идеи да ги претворат во успешни бизнис приказни.

Со овие, но и многу други различни мерки и проекти, работиме заедно со младите, за да изградиме подобра иднина за секого.

YouTube video

Сергеј Попов, пратеник и претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Морничави сцени: Вака изгледа „руско сафари“ ВИДЕО

На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео од украинскиот град Херсон, кое го прикажува моментот кога операторот на руски дрон FPV буквално брка и напаѓа цивилен продавач на зеленчук.

Морничави сцени: Вака изгледа „руско сафари“ ВИДЕО

Видеото го прикажува дронот како кружи околу тезга и бело комби, додека несреќниот продавач панично се обидува да го избегне дронот. Операторот на дронот го следел долго време и го натерал да трча околу возилото, пред да го насочи дронот директно кон него и да ја активира експлозијата.

Во експлозијата тој претрпел потрес на мозокот, повреди од експлозија и повеќекратни рани од шрапнели.

Тој моментално е во болница под медицински надзор, но неговиот живот е надвор од опасност.

Руско „сафари“

Руските војници наводно го објавиле видеото сами и го признале делото, отворено фалејќи се со нападите врз цивили што ги нарекуваат „сафари“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, исто така, се огласи за овој настан, осудувајќи го секојдневниот терор врз жителите на Херсон и повикувајќи ја меѓународната заедница да реагира порешително.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и многу топло

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. 

Утре сончево и многу топло

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 39 степени.

Продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе достигне 40°C. Од четврток до крајот на седмицата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силен земјотрес ја погоди областа во близина на Пиза

Земјотрес со јачина од 4,3 степени ја погоди областа во близина на Пиза во централна Италија утрово, соопшти италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија.

Силен земјотрес ја погоди областа во близина на Пиза

Во соопштението се вели дека земјотресот се случил во 10:15 часот наутро, со епицентар седум километри западно од Пиза, на длабочина од осум километри, објави Анса.

Земјотресот бил почувствуван низ северна Тоскана, во соседните провинции Лука и Маса-Карара, како и до провинцијата Фиренца.

Засега нема извештаи за повредени или штети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер