Попов: Довербата на младите во институциите се враќа со работа дома, со соодветни студентски домови и дигитализација - Канал 5

Попов: Довербата на младите во институциите се враќа со работа дома, со соодветни студентски домови и дигитализација

Сергеј Попов, пратеник во македонското Собрание од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, денес гостуваше во емисијата „Само вистини“ на телевизија Канал 5.

Попов: Довербата на младите во институциите се враќа со работа дома, со соодветни студентски домови и дигитализација

Сергеј Попов, пратеник во македонското Собрание од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, денес гостуваше во емисијата „Само вистини“ на телевизија Канал 5, каде се осврна на темата за младински политики, и ја нагласи улогата на УМС на ВМРО-ДПМНЕ како мост меѓу раководството на партијата и младите. Според него, враќањето на довербата на младите во институциите не зависи исклучиво од евроинтегративниот процес, иако евроинтеграцијата останува важен приоритет.

„УМС на ВМРО-ДПМНЕ е практично мостот или линкот меѓу постарите раководства во ВМРО-ДПМНЕ и младиот човек во Република Македонија“, посочи Попов.

Тој вели дека довербата на младите во институциите на државата се гради преку конкретна работа дома, како реновирање и изградба на студентски домови, нов медицински факултет, ваучери за студенти за набавка на електронски уреди и отворање можности за младите специјализанти во земјава.

„Најмногу довербата на младите во институциите се враќа со работење дома во рамки тие институции, за тие млади луѓе. Нема потреба од никаков евроинтегративен процес за да реновираме студентски домови, нема потреба од евроинтегративен процес за да изградиме нов студентски дом во Штип, и да изградиме нов медицински факултет во Штип, никако не зависи евроинтегративниот процес до тоа да им дадеме на 55 илјади студенти ваучер од 250 евра за да си купат електронски уред“, вели Попов и додава:

„Не влијае евроинтегративниот процес за да им ја влееме довербата на младите специјализанти, дека може да најдат работа овде во Македонија. Не ни треба исто така евроинтегративен процес, низ кој ќе се обезличуваме како народ, за да на пример, започнеме со дигитализација на факултетите и на индексите“.

Според него, младинската политика не е само делот на образование, туку и сите проекти што ја подобруваат секојдневната средина како нови патишта, почисти градови и подобри услови за живеење на младите во земјава. Како што вели тој, довербата кај младите се враќа со резултати и работа, а не со прифаќање национални компромиси во име на евроинтеграциите.

,,И овде мислам на сите работи кои што ги реализираа оваа Влада, бидејќи исто така сум голем поборник на тоа да не гледаме младинска политика само во изградба на школо, факултет или реформа во високо образование. Младинска политика е се ова што се случува околу нас. И кога ќе тргнеме накај Охрид по новиот пат, и кога ќе тргнеме накај Прилеп по новиот пат, и сега кога ќе излеземе кога ќе го видиме градот почист од тоа што беше, се е тоа една младинска политика, и се е тоа камче во мозаикот како се враќа доверба од страна на младите во институциите. А не се враќа сигурно со коленичење и виткање кичма, и гледање на евроинтeгративниот процес строго како низ процес на национални отстапки“, потенцира Попов.

YouTube video

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Цеца за фотките во бикини

Балканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. 

Фото: Цеца за фотките во бикини

Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело.

Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците.

Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца.

Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати.

Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Сабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона.

По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови.

Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време.

Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи.

Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Фудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник  2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд.

Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд.

Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините.

Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот.

Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката.

Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва.

Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер