БалканПоплави во Грција, а допрва се очекуваат силни врнежи- ќе ја зафатат и јужна и југоисточна Македонија (ВИДЕО)Поголемиот дел од Грција е погоден од многу обилни врнежи од дожд.Обилните дождови се придружени со грмотевици. Исто така, има бури на многу локации, објави Телеграф. Најкритична е ситуацијата во регионот на Егејското Море, каде што веќе се случија големи поплави. Пороите однесоа сè на својот пат, а си играа со автомобили како со играчки. Она што е особено алармантно е што утре се очекува да се формира нов циклон, кој ќе донесе невидени дождови и силни грмотевици. Најобилни врнежи од дожд се очекуваат во регионот на Егејското Море и северна Грција. Се очекува да наврнат уште 100 до 200 литри дожд на квадратен метар, локално до 300 и повеќе, што се количини што паѓаат во просек за половина година. Овие области ќе бидат загрозени од нови поплави и порои, поради што постои потенцијален ризик од големи материјални штети, а бурите и врнежите од дожд ќе бидат потенцијално опасни по живот. Обилни врнежи од дожд и силни бури се очекуваат и во поширокото подрачје на Солун, со ризик од поплави и поројни дождови. Многу лошо време ќе продолжи до крајот на неделата, а снег ќе паѓа на повисоките планини. Бурното време и обилните врнежи од дожд ќе се прошират и на запад и југ од Турција, а делумно многу обилни врнежи од дожд ќе го зафатат југот и југоистокот од Македонија и југозападот од Бугарија. Во претходниот период, Грција веќе неколку пати беше погодена од обилни врнежи од дожд и бури. Во северозападните и западните региони на Грција во текот на ноември, наврнаа неверојатни 1000 литри дожд на квадратен метар.Тагови: поплави врнежите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести58- годишен возач на камион загина во тешка сообраќајка на патот Прилеп- Градско 09:36Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07Алиу: Европски средства за подобро здравство11:07Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22Мицкоски: Граѓаните се иселуваат кога ве гледаат во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ и на јахти, а не сте во затвор15:11
Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07
Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22
Мицкоски: Граѓаните се иселуваат кога ве гледаат во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ и на јахти, а не сте во затвор15:11
МакедонијаОд 1 јули се потребни дозволи за движење низ шуми Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, појасни дека мерката за движење во шумите не претставува целосна забрана, туку воведување обврска за издавање дозвола и евиденција на движењето.Според него, граѓаните и понатаму ќе можат да влегуваат во шумски предели, но со претходно обезбедена дозвола, која има превентивна цел и служи за следење и намалување на ризикот од шумски пожари во летниот период. Мерката доаѓа во услови на високи температури и зголемен ризик од пожари, а надлежните апелираат на внимателност и одговорно однесување. Министерството за земјоделство претходно информираше дека ограничувањето ќе важи од 1 јули до 31 август 2026 година, согласно Законот за шумите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести58- годишен возач на камион загина во тешка сообраќајка на патот Прилеп- Градско 09:36Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07Алиу: Европски средства за подобро здравство11:07Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22Мицкоски: Граѓаните се иселуваат кога ве гледаат во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ и на јахти, а не сте во затвор15:11
Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07
Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22
Мицкоски: Граѓаните се иселуваат кога ве гледаат во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ и на јахти, а не сте во затвор15:11
МакедонијаБлагодарение на „Безбеден град“, бројот на загинати во сообраќај со пад од 40 процентиМинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска даде отчет за сработеното во изминатите две години, а во обраќањето се осврна и на проектот „Безбеден град“.За истиот, Тошковски вели дека е еден од најзначајните кои го реализирале, претворајќи го во еден од клучните механизми за унапредување на безбедноста и модернизација на полициското работење. Проектот опфати модернизација на постојниот систем во Скопје, Тетово, Куманово, коридорите 8 и 10 и негово проширување на национално ниво, преку воведување современи технологии за видео надзор и автоматско детектирање на сообраќајни прекршоци. ‒ Особено значајни се првичните резултати од функционирањето на системот. Од почетокот на неговата примена, на 2 февруари 2026 година, во првите пет месеци е забележано намалување на бројот на загинати лица во сообраќајни незгоди за 40 проценти, односно 33 загинати лица, наспроти 55 во истиот период од претходната година. До 22 јуни 2026 година, преку системот се регистрирани над 120.000 сообраќајни прекршоци, од кои повеќе од 95 проценти се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина, истакнува министерот за внатрешни работи. Со предвидената динамика, до крајот на 2026 година се очекува проектот „Безбеден град“ да биде целосно имплементиран на територијата на државата, опфаќајќи ги поголемите градови и главните патни правци, со што ќе се постават темелите на модерен, ефикасен и превентивно ориентиран систем за заштита на безбедноста на граѓаните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТошковски: Бележиме најниско ниво на криминалитет во последните 20 години Министерот Панче Тошковски презентираше двегодишен отчет.Министерот Тошковски презентираше двегодишен отчет: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години и продолжување на реформите во МВР Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го презентираше отчетот за работата на Министерството за внатрешни работи во изминатите две години, истакнувајќи дека од самиот почеток на мандатот била поставена јасна определба – законот да важи подеднакво за сите и да се изгради поефикасно, попрофесионално и помодерно Министерство. Презентирајќи ги резултатите од работењето, министерот Тошковски нагласи дека Македонија денес го бележи најниското ниво на криминалитет во последните 20 години, како резултат на посветена и континуирана работа на полициските службеници и институциите. Во изминатиот период беа сузбиени над 30 организирани криминални групи, запленети се 6,2 тони разновидна наркотична дрога, при што заплените на кокаин се зголемени за повеќе од 300 проценти, а од нелегален промет се отстранети над 550 парчиња оружје. Воедно, имотниот криминал е намален за повеќе од 30 проценти, а разбојништвата и разбојничките кражби за над 40 проценти. Посебен акцент беше ставен на проектот „Безбеден град“, кој, како што беше истакнато, по долгогодишни најави конечно е реализиран и ставен во функција. Во првите пет месеци од неговата примена, бројот на загинати лица во сообраќајни незгоди е намален за 40 проценти, односно се регистрирани 33 загинати лица, наспроти 55 во истиот период минатата година. Во делот на меѓународната соработка, министерот Тошковски информираше дека денеска ќе биде потпишан договорот со Република Албанија за воспоставување заеднички гранични премини и спроведување заеднички активности за гранична контрола. Со тоа се заокружува системот на заеднички гранични проверки „One Stop“ со сите соседни држави кои не се дел од Шенген зоната, по претходно воспоставените системи со Република Србија и Република Косово. Министерот се осврна и на инвестициите во идните генерации полициски службеници, потенцирајќи дека по долг временски период повторно се воспоставува Средното полициско училиште, при што првата генерација ученици ќе започне со настава од 1 септември оваа година. Воедно, во изминатиот период беа отворени нови канцеларии за управни работи во повеќе општини каде што претходно немало вакви услуги, а значителен дел од потврдите и уверенијата граѓаните денес можат да ги добијат електронски, без чекање и без дополнителни административни процедури. На крајот од обраќањето, министерот Тошковски истакна дека постигнатите резултати претставуваат силна основа за продолжување на реформските процеси и понатамошно јакнење на институционалните капацитети, нагласувајќи дека пред Министерството остануваат уште многу предизвици и работа во насока на обезбедување сигурност, стабилност и владеење на правото, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter