Попладнево, утре и задутре нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, најавува УХМР за денеска попладне. 

Повеќе услови за нестабилност ќе има во источните делови од земјата доцна попладне и во ноќните часови. Локално е можна појава и на краткотрајно невреме со силен ветер.

Утре и во четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а поинтензивни врнежи се очекуваат во западните и југозападните делови од Македонија.

Во петок и сабота условите за нестабилност ќе се намалат, а потоа ќе продолжи период на нестабилно време во попладневните часови.

УХМР препорачува, во случај на електрични празнења да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја. /МИА

ЕУ го повика Израел „веднаш“ да ја прекине воената операција Рафа

Европската унија денеска го повика Израел „веднаш“ да ја прекине својата воена операција во градот Рафа во Појасот Газа, предупредувајќи дека доколку не го стори тоа ќе ги поткопа врските со блокот. 

„Доколку Израел продолжи со својата воена операција во Рафа, тоа неизбежно ќе стави силно оптоварување на односите на ЕУ со Израел“, се вели во изјавата објавена во името на ЕУ од нејзиниот шеф за надворешна политика Жозеп Борел.

Поради дефект со намален притисок на вода корисниците од Волково

 Поради уличен дефект од Ф - 100мм на ул. „Борис Бојаџиски“ 47 во населба Ѓорче Петров, со намален притисок на вода ќе останат корисниците од Волково.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје - на отстранување на дефектот ќе се работи од 10:15 часот до негово санирање.

Камбекот на австриската репрезентација од 1:6 против Канада е најголем во историјата на СП

Камбекот на австриската репрезентација од 1:6 против Канада е најголем во историјата на Светските првенства во хокеј.

На Светското хокеарско првенство синоќа во Прага се одигра натпревар од групата А помеѓу селекциите на Австрија и Канада. Победија Канаѓаните со резултат 7:6 по продолжение.

Во третиот период австрискиот тимкој губеше со 1:6 постигна пет гола во низа и го однесе натпреварот во продолжение. Според прес-службата на Меѓународната федерација за хокеј на мраз (IIHF), овој камбек е најголем во историјата на Светските првенства.

Во продолжението, канадската репрезентација победи благодарение на прецизниот удар на Џон Таварес.

Следниот натпревар Канада за противник ќе ја има Норвешка, а Австрија ќе игра против Финска.

притисни ентер