Пописот одложен, останаа различните ставови на партиите за дијаспората

Пописот и официјално одложен за во септември, но останаа политичките несогласувања за дијаспората.. 

Државите кои имаат проблем со миграција на населението треба да ги попишуваат иселениците, смета директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски. Во изјава за Канал 5 вели дека според препораките на Обединетите нации за попис не е задолжителна дијаспората, но за Македонија е потребна статистиката колку луѓе живеат надвор од границите на државата. Методологијата не треба да се менува, а нема ниту време за тоа, додава Симовски кој очекува во земјава да се намали стравот кај граѓаните за безбедноста при попишувањето во септември.

„Секако јас не би сакал да додеведеме било кого во ситуација да ја шириме болеста понатаму и да има страв кај населението. Не мора, не е задолжително, но земјите кои имаат проблем со миграцијата е корисно да соберат податоци од повеќе причини, да се градат политики да се стопира колку што е можно, а зошто да не и постепено да се враќаат луѓето назад.“

Дали дијаспората се попишува или само се евидентира е дилема која ја отвори претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски по лидерската средба. Во синоќешното Само Интервју, премиерот Заев рече дека тогаш разговарале само за технички измени во методологијата, а дијаспората мора да се попишува како што е договорено, во наредните пет месеци. Сепак,од ВМРО ДПМНЕ повторија дека ќе го признаат само резидентното население на крајот од процесот.

„Му дадов задача на министерот за правда Маричиќ ќе работи со некој од претставниците од ВМРО-ДПМНЕ, но за технички работи, ние немаме намера да отвораме, па после ДУИ, Алијанса, малите етнички заедници да отвориме проблем. Таа е методологијата, одобрена од ЕВРОСТАТ. Чуден е човекот, со полна уста убави зборови за нашата дијаспора кога треба да не изгласаат за парламентарни, претседателски избори. Сега кога попишуваме како тоа да е друг народ. Тоа е наш народ. “

„Ние остануваме на ставот дека резидентното население треба да се попишува, нерезидентното може само да се евидентира заради тоа што се знае точно што значи некој кој што е надвор од државата 12 месеци, се знае точно што значи одјавена адреса и токму поради тоа доколку пописот во Република Македонија се спроведува со методологија која што не е од прирачникот на ЕУРОСТАТ, која што јасно утврдува методологија како треба да се изврши одреден попис, ВМРО-ДПМНЕ нема да ги признае резултатите од пописот.

Против попис на дијаспората е и Левица, а доколку не се смени законот за иселениците да не влезат во статистиката, најавија дека повторно ќе повикаат на бојкот. По неколку часовна дебата Собранието синоќа и официјално го одложи пописот со 95 гласа ЗА и 12 ПРОТИВ. Според последните измени во законот, попишувањето во земјава ќе се спроведе од 5ти до 30 септември.

Вработените во фондот за здравство утре излегуваат на протест

Вработените во фондот за здравство утре повторно излегуваат на протест.

Целта како што велат е да го изразат незадоволството дека не добиле усогласување на платите со растот на минималецот. Дополнително, бараат да се донесе и вредносен бод, за да се зачуваат тие плати што ги имаат. Велат дека се разочарани од односот на управниот одбор на фондот, бидејќи членовите според нив, не сакале да изгласаат порамнување на платата.

На протестот според Деаноски ќе се бара и разрешување на управниот одбор кој обвинува дека е против барањата на вработените.

Доколку утрешниот протест на вработените во ФЗОМ не вроди со плод, синдикалците најавија штрајк од 1. Јуни. Инаку, ова не е првпат да има проблеми во Фондот за здравство. Во февруари, вработените два дена штрајкуваа поради најавата од Управниот одбор дека платите ќе им бидат намалени за 21 процент. Сепак, до такво нешто не дојде.

Предизборни калкулации околу составот на идната влада

Откако ги прозваа дека за да му се допаднат на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се откажале и од условот за уставни измени, албанските опозиционери ги повторија нивните барања за  учество во новата влада. 

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши порача дека коалицијата „Вреди“ е доследна на ставот за усвојување на уставните измени и тоа во конкретен рок, како и дека претседателот на државата треба да се избира во Собранието. Според Гаши, тие се обврзани да бидат дел од идната влада во која ќе водат важни институции од секторот за внатрешни работи. Со ВМРО-ДПМНЕ, вели, се уште не разговарале за темата уставни измени, но оти за тоа е потребен поширок консензус и дебата.

Позициите од кои не планираат да се откажат ги повтори и потпретседателот на ДУИ, Османи - усвојување на уставните измени, почитување на договорите како и ветинг, се условите за коалицирање на „интегративците“. На Мицкоски му одговори дека тој не одлучува кој ќе биде претставник на Албанците во новата влада туку народот, а скандирањето „УЧК“ од лидерот на ДУИ Ахмети на митинг среде Скопје, според Османи, е реакција на националистичката реторика од Мицкоски која ги иритирала Албанците.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на митинг синоќа од Битола упати порака до Мала Речица, како што рече, да не праќаат емисари да го премислат, бидејќи партнерот за новата влада ќе го бара во албанската опозиција, а на ДУИ време и е за опозиција и одговорност.

Отворена врата за коалицирање Мицкоски остави и за движењето ЗНАМ на Максим Димитриевски и во партиите со кои ќе споделуваат исти принципи и вредности и чии гласови ги очекува на контото на Силјановска Давкова во вториот круг од претседателските избори.

МФ-Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките

Министерството за финансии пред малку информираше дека комисијата за осигурување од автомобилска одговорност на денешната седница го разгледала извештајот за зголемените цени на осигурителните полиси за возилата. 

Од таму велат дека комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување. Пред Минситерството за финансии е Игор Манасиевски, целосниот извештај погледнете го во видеото.

притисни ентер