Поп Арсова и Никовски најбрзи на трката Семос Едукација Водно 10км - Канал 5

Поп Арсова и Никовски најбрзи на трката Семос Едукација Водно 10км

Атлетскиот клуб „Фортису“ од Скопје со поддршка од Семос едукација и други спонзори  денес со старт на средно Водно над Скопје ја одржаа 4. атлетска трка Семос Едукација Водно 10 км. 

Поп Арсова и Никовски најбрзи на трката Семос Едукација Водно 10км

Прв на целта пристигна Григоријан Никовски од АК „Делта“ од Скопје со време 31:19 минути ,втор е Александар Арсов од истиот клуб а од „Делта“ е и третопласираниот Атанас Анчевски, четврти на целта беше Роберто Димитриевски од АК „ВЕЛЕС“ од Велес, а петти Сашо Богојевски од АК Атомик.

Организаторот парично ги награди првите петмина и во машка и во женска конкуренција.

Прва на целта кај жените пристигна Адријана Поп Арсова од АК „Делта“ со време 33:43 а и второпласираната Миљана Ристиќ и третопласираната Ирма Хајдари се од истиот АК „Делта“. Четврта на целта пристигна Билјана Кираџиева од АК „Кираџиев Тренинг Системс“ а петта Фросина Михајловска од АК „Аеродром“.

Во штафетата на 10 километри кај мажите повторно победа на АК „Делта“ од Скопје, втори се од АК „Борец“ од Велес, а трети од АК Атомик.

Кај жените први се од РК „Македон“,втори од МС „РУН“ а трети од „Тим Басемент“.

Во мешана штафета мажи- жени прв е тимот на Poetry Run 1,втор на Poetru Run 2, a трети од тимот на 506.

Воедно беа наградени и натпреварувачите во возрасна категорија со над 50 и над 60 години во машка и женска конкуренција.

Инаку денешната атлетска трка организаторите му ја посветија на прерано починатиот Борјанчо Мицевски од Семос Едукација кој во изминатите години учествуваше на трката.

Трката на стартот започна со едноминутен молк и оддавање на почит за сите трагично загинати 59 односно 60 млади животи во Кочани од страна на атлетичарите учесници и ситен присутни на трката и организаторите.

Во изјавата за МИА, Влатко Јакимоски од АК „Фортиус“ потенцира дека целта на оваа веќе традиционална атлетска трка е да ги мотивираат младите на здрав живот и спортување.

- Ние од АК „Фортиус“ редовно трчаме и се подготвуваме на Водно и сакавме и другите да ги мотивираме и да ги донесеме на Водно посебно во овој период крајот на март, кој е малку искористен. Сега почнува пролетта, па преку оваа трка ние како организатори досега и оваа година успеавме да ги мотивираме да дојдат со нас на оваа трка во природа и да уживаат во убавините на Водно, далеку од градското сивило и загадениот воздух. Воедно секоја години и на секоја трка имаме новини и изненадувања за учесниците, а така ќе продолжиме и во наредните години, најави Јакимоски.

Годинава учество земаа 350 активни спортисти и рекреативци од повеќе градови во земјава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, нема подолги задржувања за влез и излез од државата

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 15 Април, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона.

РАБОТИ НА ПАТ:

Од 21.05.2026 г. во 8 часот ќе се започне со изведување на градежни активности-санација на мостови на државен пат А2 делница Гостивар-Стража конкретно на мост бр.4 Вијадукт на Атанасова река и мост бр.7 Вијадукт на Дол и истата ќе трае до завршување на санацијата. Со таа цел ќе биде воспоставен времен режим на сообраќај кој ќе трае до самото завршување на градежните активности.

Од 14.04.2026 г. се изведуваат градежни активности на Државен пат А2 делница Гостивар – Стража на мост бр.7 Вијадукт на Дол. Со цел да може да се реализираат работите за санација на мостови, ќе биде воспостовен времен режим на сообраќај додека траат градежните активности.

Од 30.03.2026 година, ќе се изведуваат градежни активности на државен пат А2, мостови на А2 на реката Вардар во близина на с.Желино во двата правци (Скопје – Желино и Желино – Скопје), со цел санација на истите. Времениот режим ќе се спроведува согласно Одобрението за временска измена на режим на сообраќај издадено од Министерство за транспорт.

Од 13.03.2026 година започна со активности за изведба на премин на интерконективен гасовод под автопат А1 (М1) Пријателство, делница Смоквица – Гевгелија. На делницата се поставени знаци за времен режим на сообраќај.

На државниот пат А2 (скопска обиколница) се врши рехабилитација во должина од 250 метри од клучка Волково до клучка Кондово. Има поставено соодветна сигнализација за затворањето на левата сообраќајна лента за претекнување. Сообраќајот се одвива по лентата за движење (средна) и лентата за принудно запирање (десна).

Од 12.09.2025 започната е градежната активноста – санација на свлечиште на регионален пат Р1202 делница Косоврасти – Мелнички Мост, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај до завршување на активностите.

Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Перински ќе даде отчет за активностите и проектите

Министерот Перински ќе даде отчет за активностите и проектите кои Министерството за локална самоуправа ги реализираше во изминативе две години.

 Перински ќе даде отчет за активностите и проектите

Денес во 11.30 часот, по повод две години Влада, министерот за локална самоуправа, м-р. Златко Перински, ќе одржи прес - конференција во Медија центарот на Владата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува амандманската расправа по предлог-законите за судска служба и за јавнообвинителска служба

Во Собранието денеска заседава комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

Продолжува амандманската расправа по предлог-законите за судска служба и за јавнообвинителска служба

Во Собранието денеска заседава комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, на чиј дневен ред е продолжувањето на амандманската расправа за предлог-законот за судска служба и предлог-законот за јавнообвинителска служба, двата во второ читање.

За предлог-законот за судска служба се поднесени над 100 амандмани од пратеничките групи на СДСМ, Европски фронт и Левица, додека за законот за јавнообвинителска служба се доставени 27 амандмани од пратеничката група на СДСМ. Заменик-министерот за правда Ален Деребан во своето образложение истакна дека законските решенија се резултат на подолготраен и инклузивен процес, усогласен со актуелната правна рамка и реформските приоритети на државата. Тој посочи дека работните текстови биле изработени пред околу една година и ставени на јавна консултација преку ЕНЕР, при што пристигнале бројни забелешки од институции, експерти и засегнати страни, кои биле разгледани и делумно вградени во финалните предлози.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер