Помалку познати рани знаци на рак што луѓето ги занемаруваат - Канал 5

Помалку познати рани знаци на рак што луѓето ги занемаруваат

Грутки и чувство на туѓ предмет во телото не се единствените симптоми коишто може да укажуваат на некој вид рак. 

Помалку познати рани знаци на рак што луѓето ги занемаруваат

Лекарите предупредуваат дека постојат необични симптоми кои доколку навреме се забележат, тоа може да помогне за порано откривање, а со тоа и поголема можност за лекување и закрепнување.

Постојано чешање

Честата силна потреба за чешање може да укажува на рак. Д-р Крег Московиц од Универзитетот на Мајами во САД, смета дека чешањето е толку необичен симптом што луѓето често одат кај својот матичен лекар или дерматолог за да најдат решение. Ако дерматологот не може да ја открие причината за чешањето, осигурете се да нема дијагноза на малигнитет, истакнува лекарот.

Спуштен очен капак

Тоа, обично, е еден од знаците на стареење, или пак, може да биде резултат на повреда... Но, може да биде и симптом на туморот Панкост, којшто се појавува на горниот дел на белите дробови. Онкологот Абирами Сивапирагасам од Њујорк наведува дека еден од првите знаци за тоа е и силната болка во рамото.

Надуеност

Многу луѓе имаат повремени болки во стомакот, а тоа може да биде признак дека човекот не поднесува одредени секојдневни намирници, синдром на нервозно дебело црево, или, кај жената може да биде и знак за рак на јајниците.

Рапав глас

Некои луѓе привремено го губат гласот кога ќе настинат. Важно е да се внимава на засипнатоста којашто трае долго. Ракот може да предизвика болка во грлото, увото или грутка во вратот и тоа може да се прошири на тироидната жлезда, душникот или хранопроводот. Симптомите се воспалено грло или кашлица што не поминува, тешкотии или болка при голтање, грутка во вратот или грлото и засипнатост во гласот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се запали фабрика во Индонезија, најмалку седум загинати

Бројот на загинати во пожар во фабрика за слатки на островот Јава во Индонезија се зголеми на најмалку седум лица, додека бројот на исчезнати се зголеми на околу 50, соопшти денеска индонезиската полиција.

Се запали фабрика во Индонезија, најмалку седум загинати

Пожарот избувнал синоќа, а пожарникарите продолжија да ги гаснат преостанатите жаришта повеќе од 24 часа по неговото избувнување, пренесува Ројтерс.

Според надлежните, поради силината на пожарот, визуелна идентификација на жртвите не е можна, поради што се земаат ДНК-примероци од членовите на семејствата, како и лични предмети на исчезнатите работници.

Полицискиот службеник задолжен за идентификација на жртвите од несреќата, Вахју Хидајати, изјави дека процесот на идентификација би можел да трае две до три недели.

Сопственикот на фабриката на прес-конференцијата изјави дека во фабриката имало околу 300 луѓе за време на смената кога синоќа избувна пожарот. Надлежните соопштија дека истрагата за причините за пожарот е во тек.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Естонија ја затвора границата со Русија на шест месеци,луѓето брзаат да преминат додека сè уште можат

На руско-естонската граница се создаваат редици од патници кои се надеваат дека ќе влезат во Естонија, пред затворањето на сите пет патни гранични премини на 1 декември.

Естонија ја затвора границата со Русија на шест месеци,луѓето брзаат да преминат додека сè уште можат

Естонската влада одлучи да ја затвори границата на шест месеци, наведувајќи безбедносни закани поврзани со Русија, пренесува „Еуроњуз“ (Euronews).

Во рускиот граничен град Ивангород се собираат луѓе со куфери, ранци и торби, обидувајќи се да ја преминат границата пред таа да се затвори. Одлуката особено ги погодува семејствата чии членови живеат во двете земји, како и патниците кои се упатуваат кон Русија преку Естонија.

Естонија ја затвора границата по обид за саботажа. Естонската влада ја донесе оваа одлука на 20 ноември, по серија инциденти што ги поврза со руските безбедносни служби. Еден од најновите инциденти се случи на 14 ноември, кога беше направен обид за подметнување пожар во просториите на производителот на беспилотни летала „Threod Systems“.

Компанијата се наоѓа во Виимси, северно од главниот град Талин. Според естонската безбедносна служба, обидот за напад бил организиран од руската воена разузнавачка служба ГРУ, а за негово извршување наводно биле регрутирани летонски државјани. Естонските истражители приведоа осуммина летонски државјани осомничени за учество во обидот за саботажа.

Службениците за обезбедување на компанијата успеаја навреме да интервенираат и да спречат поголема штета, при што производните капацитети не претрпеа сериозни оштетувања.

Естонските власти сметаат дека обидот за подметнување пожар не е изолиран случај, туку дел од поширока шема на непријателски активности насочени против Естонија и други европски земји. Поради тоа, тие одлучија дополнително да ги ограничат директните контакти преку границата. Владата тврди дека затворањето на граничниот премин ќе им отежне на руските разузнавачки служби да врбуваат луѓе и да спроведуваат операции за вршење влијание.

Исто така, се очекува новите ограничувања да помогнат во спречувањето на обидите за заобиколување на меѓународните санкции против Русија.

Русија ги отфрла тврдењата дека нејзините разузнавачки служби стојат зад обидот за саботажа. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги отфрли естонските обвинувања како неосновани и ја негираше каквата било поврзаност меѓу Москва и инцидентот.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ја обвини Естонија за кршење на правата на руските граѓани. Таа укажа на можноста за политички и дипломатски контрамерки, а затворањето на границата го спореди со подигнување на нова „Железна завеса“.

Одлуката особено ќе ги погоди жителите на естонскиот град Нарва, кој брои над 50.000 жители. Тој е одделен од рускиот град Ивангород само со реката Нарва, а двата града со децении се поврзани преку семејни, општествени и економски врски. Многу жители имаат роднини од двете страни на границата и редовно го користеа граничниот премин за семејни посети.

Преминот го користеа и патници од други европски земји кои се упатуваа кон Санкт Петербург преку Естонија. Уште во февруари 2024 година, Русија го запре сообраќајот за возила на преминот меѓу Нарва и Ивангород. Сепак, пешаците сè уште можеа да ја преминуваат границата, поради што преминот остана важен за жителите на пограничниот регион.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Наташа Поповиќ: Крепен живот, кошничката достигна 71.000 денари а следува и поскапа струја

За граѓаните на Македонија веќе не станува збор за нормално живеење, туку за секојдневна борба за преживување. 

Наташа Поповиќ: Крепен живот, кошничката достигна 71.000 денари а следува и поскапа струја

Со кои пари да се купи храна, а истовремено да се платат и сметки. Народот живее тешко, едвај врзвува крај со крај.

Синдикалната кошничка достигна 71.000 денари. Со кирија за стан, трошокот е речиси 90.000 денари месечно. Ниту три плати не се доволни да се покријат месечните трошоци.

Само за храна и пијалаци се потребни речиси 26.000 денари месечно а каде се сметки, облека, превоз,трошоци за деца, кирија.

Ова е крпен живот.

Откако се арамијата Мицкоски и криминалната ВМРО на власт минималната синдикална кошничка е зголемена за над 10.600 денари за само две години.

Сега следува уште еден ценовен удар – посакпување на струјата и парното.

Се што кажа Мицкоски излажа!

Во септември најавуваше дека струјата нема да поскапи, а негоиот човек во РКЕ, Ацо Ристов сега најавува дека од следната година ќе има од 2 до 3 % повисоки сметки за струја, и од 6 до 8 % поскапо парно.

Тоа ќе биде силен удар и ќе значи нови поскапувања, допилнително осиромашување на граѓаните.

Секој трет работник во Македонија живее со плата под прагот на сиромаштија. Од 540.000 вработени, околу 180.000 работници земаат помалку од 31.200 денари месечно - работата а буквално се сиромашни.

СДСМ две и пол години поднесува предлог за 600 евра минимална плата. Два ребаланса направи власта годинава, нема ништо за работниците.

И за новиот буџет за 2027 години поднесовме амандамн за 600 евра минимална плата.

Што одговори власта - нема пари.

До толку нема пари во државната каса, само заради криминалното, душманско крадење на парите на народот.

Затоа и се задолжуваат. 4 милијарди евра долг направи Мицкоски за 2 години, за оваа 2027 година најавуваат уште 2 милијарди евра ново задолжување.

Нови милијарди задолжување, а работникот со минимална плата мора да пресметува што да тргне од кошничката за да му останат пари за сметки, за живот.

На целата оваа економска катастрофа Мицкоски ни ја увезе Алта банка на Вучиќ, или поточно, неговата пералница за пари. Луѓето не можат да си ги подигнат сопствените пари. Немаат пари за храна, а старите и болните немаат пари за лекови.

Срамота е што направи овој човек од државата. Македонија стана свртилиште на организиран криминал и корупција. Земја што служи на туѓи интереси.

И за ова ќе одговара пред граѓаните, за осиромашувањето на народот, и за секој денар потрошен за криминални тендери, наместо за подобар живот на народот.

Прес конференција на СДСМ, Наташа Поповиќ - членка на ИО

YouTube video

Скопје, 22.11.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер