Шоу бизПолусестрата на Кејт Мос проговори за предозирањето со популарниот лек за слабеење, ОземпикБританската манекенка Лоти Мос (27), помладата сестра на познатата Кејт Мос, повторно е во јавноста овие денови, и тоа од неколку причини.Освен што блескаше во провокативен црн фустан на роденденската забава на нејзината пријателка Џесика Хорвел во Лондон, Лоти отворено зборуваше за притисоците што ги чувствувала во текот на својата кариера во документарната емисија „Цената на совршенството“. Таа призна дека од почетокот на својата кариера чувствувала дека се очекува од неа да биде „копија на нејзината постара сестра“. „Секогаш чувствував дека ме споредуваат со неа. Луѓето беа како: „Одлично, сега имаме нова Кејт Мос“. Беше голем притисок - да изгледам и да се однесувам како неа“, рече Лоти. Таа, исто така, објасни дека нејзините несигурности во телото започнале во детството, а светот на манекенството го направил уште полошо. View this post on Instagram A post shared by Lottie Moss (@lottiemossxo) Опасен пат до губење на тежината Лоти откри дека притисокот од врсниците ја навел да посегне по брзи решенија, вклучувајќи инјекции на Оземпик, лек што се користи за дијабетес, но кој стана популарен за губење на тежината. „Слушнав дека делува и си помислив зошто да не го пробам. Го добив нелегално од лекар кој даваше инјекции „под маса“, без никакви тестови“, призна таа. По само две недели употреба, Лоти ослабела седум килограми, но нејзината состојба одеднаш се влошила - доживеа епилептичен напад и заврши итно во болница. „Се чувствував како да умирам. Тоа беше застрашувачко искуство“, рече таа. И покрај сè, таа призна дека во еден момент, откако ја напуштила болницата, била задоволна од својот изглед - токму затоа, вели таа, разбира зошто луѓето се враќаат на ваквите методи. „Нема да лажам, неколку пати размислував повторно да го земам Оземпик. Тоа покажува колку е заразно тоа чувство на слабост.“ View this post on Instagram A post shared by Lottie Moss (@lottiemossxo) Враќање кон природниот изглед Покрај борбата со тежината, Лоти неодамна одлучи да ги отстрани филери од усните и вилицата, како и тетоважа под окото, бидејќи, вели таа, „конечно се чувствува како себеси“. Во 2021 година го отвори OnlyFans Лоти Мос се посвети на манекенството на 14-годишна возраст, но откако учествуваше во реалното шоу Celebs go Dating, во 2021 година одлучи да ја отвори својата страница OnlyFans, каде што, според Daily Mail, заработувала околу 36 илјади евра месечно. Неодамна откри дека повеќе не планира да го прави тоа бидејќи, како што рече, „станала жена“ и го надраснала објавувањето експлицитна содржина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00Царинска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31Десетици повредени граѓани, оштетени автомобили и објекти остави невремето зад себе 15:00По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
ЗабаваЗа светските шампиони Фабијан Руиз и Гави – 150 килограми домати! Освојувањето на Светското првенство им носи бројни награди на фудбалерите, но подарокот што го добија Фабијан Руиз и Гави е секако еден од најнеобичните.Двајца членови на шпанската репрезентација беа наградени со количина домати што одговара на нивната телесна тежина. Руиз и Гави се вратија во својот роден град Лос Паласиос и Вилјафранка – место јужно од Севиља со помалку од 40.000 жители – каде што во средата им беше приреден свечен пречек во градското собрание. Фудбалерот на „Пари Сен Жермен“, кој беше стартер во финалето против Аргентина, и играчот од средниот ред на „Барселона“ се појавија со златни медали околу вратот, а беа пречекани од градските власти и голем број навивачи. За да го прослават својот успех, Руиз и Гави застанаа на вагата за да се одреди количината на подароци. Резултатот беше: Фабијан Руиз – 85 килограми домати Гави – 68,5 килограми домати Orang lain juara Piala Dunia mungkin dapet uang atau mobil. Gavi sama Fabian Ruiz malah dikasih tomat sesuai berat badan mereka. Fabian dapat 84 kg tomat, sementara Gavi dapat 68 kg. Ternyata ini tradisi dari kampung halaman mereka, Los Palacios y Villafranca. Jesus Navas juga… — Akun Bola Asbun (@AkunAsbunAja) July 23, 2026 Локалните власти наведуваат дека оваа традиција станала „заштитен знак на општината“ кога станува збор за оддавање чест на врвни спортисти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОтворен целосно реконструираниот градски базен во КавадарциГрадскиот базен во Кавадарци денес официјално е пуштен во употреба по завршената реконструкција.Во реконструкцијата како што појасни градоначалникот Митко Јанчев, биле вложени околу 1 милион евра преку владин јавен повик. Обновени се големиот и малиот базен, системот за филтрација и пречистување на водата, соблекувалните, санитарните јазли и останатите придружни содржини, а поставени се и нови водни атракции и детски реквизити. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00Царинска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31Десетици повредени граѓани, оштетени автомобили и објекти остави невремето зад себе 15:00По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
МакедонијаНевремето го оштети системот на Македонска пошта – три дена се доцни со достава на праткитеНевремето во Скопје предизвика проблеми и во Македонска пошта. Поради обилниот дожд била оштетена серверската соба, односно електронскиот систем за распределба на пратките, поради што веќе три дена има доцнење во доставата. Директорот на Македонска пошта, Куртиши, уверува дека проблемот се санира и очекува од утре доставата да се нормализира. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00Царинска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31Десетици повредени граѓани, оштетени автомобили и објекти остави невремето зад себе 15:00По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33