Полуфинални мечеви на вториот фјучрс во Скопје

На терените на „Тенис парк“ попладнево се играат полуфиналните мечеви на вториот фјучрс турнир што се игра во Скопје, во склоп на СЦ „Јане Сандански“.

Македонскиот тенисер Димитар Грабул ќе игра против Кристијан Месарош од Хрватска, а почетокот на мечот нема да биде пред 16 часот бидејќи претходно на теренот број 1 ќе се игра првото полуфинале.
Во тоа полуфинале играат носителите Александар Милер (7. носител) од Франција и Александар Лазов (5.носител) од Бугарија. Почетокот на мечот е во 15 часот.
Лазов потоа ќе има најмалку уште еден меч бидејќи по дуелот Грабул – Месарош со Томислав Јотовски ќе го доиграат полуфиналето во двојки, кое вчера беше прекинато поради дожд. Лазов и Јотовски играат против Хрватите Домагој Биљешко и Борна Гојо. Резултатот е 1:0 за хрватските тенисери во сетови, а во вториот е 4:0 во гемови за Јотовски и Лазов. Победниците од овој меч по одморот ќе играат и во финалето против првите носители Либор Салаба (Чешка) и Нино Сердарушиќ (Хрватска).

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер