Недостигот на стручен кадар најголем предизвик за германските инвеститори во Македонија

Недостатокот на стручен кадар е најголем предизвик за германските инвеститори во земјава- покажува последната анкета на Делегацијата на германското стопанство (АХК) за деловната клима во Македонија.

Директорката на АХК во Македонија Антје Ванделт посочи дека токму овој фактор ги демотивира странските компании да инвестираат во земјава, а решението го гледа во дуалното образование, но и во самите компании кои смета дека треба да обезбедат подобри услови за вработените.

-Дури 70 проценти од германските инвеститори во државата сметаат дека недостигот од стручни кадри е еден од најголемите ризици, помеѓу другото води кон тоа да се одразува кон тековното производство, да се одбиваат налози и да се намалуваат планирани тековни инвестиции. Комнаниите да не седат со скрстени раце туку да се обидуваат на вработените кои веќе ги имаат да им овозможат подобри услови,- Антје Ванделт – директорка на АХК во Македонија.

Останати предизвици за инвеститорите според анкетата се трошоците за персонал но и економско политичката состојба во државата. Сепак, на прашањето дали компаниите повторно би инвестирале во земјата, најголемиот дел од испитаниците односно 69% одговориле позитивно. За задржување на овие позитивни резултати Ванделт упати како што рече, неколку желби до новата Влада.

- Прва желба е продолжување на отворениот дијалог. Понатаму, контструктивна размена и консултации со економските тела, коморите, пред да се носат законски измени кои би се одразиле на производната индустрија. Би сакале зголемување на ефикансноста во делот на административните процеси, како што е издавање дозволи за работа, за престој, потоа поголема транспатнетност во процесите и натамошна дигитализација и продолжување на веке започнатите инфраксуктурни проекти.

Во врска со инвестициските расходи, 30 % од компаниите имаат намера да ги зголемат своите инвестиции, 33 да останат на истото ниво, а 37% да ги намалат издатоците за инвестиции.

Анкетата за оценка на деловната клима во Македонија се спроведува 19 години помеѓу германските инвеститори и компаниите членови на Македонско-Германското стопанско здружение.

Борче Стефановски го фати осветениот крст за Богојавление-Водици во Тетово

На годинешното празнување на Богојавление-Водици во соборниот тетовски храм „Свети Кирил и Методиј во Тетово“, осветениот крст во црковниот базен го фати 32 годишниот Борче Стефановски.

Празнувањето започна со литургија која ја отслужија свештениците на тетовското намесништво кои потоа го извршија и чинот на водосвет и положување на осветениот крст во црковниот базен.

-Ова ми е прва година што скокам по осветениот крст и за прв пат успеав да го фатам. Посакувам на сите здравје, среќа, љубов и мир, рече Борче Стефановски

По осветениот крст скокаа и 29 годишниот Филип Петрушевски и 32 годишниот Игор Андријевиќ.

Палестинците го прославуваат прекинот на огнот, побрзаа да се вратат во своите домови (ВИДЕО)

Прекинот на огнот во Газа, договорен меѓу Израел и Хамас, стапи на сила денеска во 11:15 часот по локално време (10:15 часот по средноевропско време), соопшти Кабинетот на израелскиот премиер.

Израел доби список на заложници во Газа кои ќе бидат ослободени попладнево, а израелскиот безбедносен персонал ги проверува „деталите“, соопшти кабинетот на премиерот.

Владата соопшти дека почнала да ги известува семејствата на тројцата заложници кои ќе бидат ослободени преку претставници на израелската војска.

Палестинците го дочекаа историскиот прекин на огнот со прослави на улиците на Газа.

Штом стана јасно дека прекинот на огнот стапил во сила, тие се упатиле кон своите домови.

Прекинот на огнот, кој првично требаше да стапи на сила во 7:30, беше одложен бидејќи Израел побара да добие список на заложници пред да го спроведе договорот за прекин на огнот.

Хамас тврдеше дека техничките причини на теренот го одложуваат доставувањето на списокот.

Израелската армија, по истекот на првичниот рок од 7:30 часот за почеток на примирјето во Газа, погоди цели низ палестинската енклава, потврдија нејзините жители, а израелските сили објавија дека нападнале „терористички цели“ во Газа со тенкови.

Во израелските воени напади денеска загинаа најмалку осум Палестинци низ Газа поради доцнењето во спроведувањето на прекинот на огнот, соопшти палестинската служба за вонредни состојби. Најмалку 25 се ранети.

МОН: Утре почнува второто полугодие од учебната 2024/2025

Министерството за образование и наука информира дека второто полугодие за основците и средношколците почнува утре, 20 јануари. 

Според календарите за работа, наставната година во основните и во средните училишта завршува на 10 јуни, освен за матурантите, за кои редовната настава завршува на 16 мај 2025 година.

По повод почетокот на вториот дел од учебната година, министерката за образование и наука Весна Јаневска на учениците, наставниците и родителите им посака успешно совладување на новите предизвици, нагласувајќи дека секој треба да придонесе во градењето пријателски и безбедни училишта, во кои владее култура на разбирање и соработка. Тоа се важни предуслови за стекнување квалитетни знаења, вештини и компетенции, кои младите ги оформуваат како одговорни граѓани и идни лидери на инклузивно, праведно и просперитетно општество.

Министерство за образование и наука

притисни ентер