Полскиот претседател Анджеј Дуда побара ЕУ да продолжи со проширувањето

Пораки со поддршка и охрабрување, но и критики дека Европската Унија не го исполнила ветувањето кон Македонија и Албанија, упати домаќинот Полска на самитот ЕУ-Западен Балкан, што денеска завршува во Познањ. 

Полскиот претседател Анджеј Дуда во воведните зборови пред Меркел, Меј, Едуард, Могерини, потенцира дека проширувањето не смее да биде на маргините, во момент кога Британија ја напушта Унијата. Само така, вели Дуда, Брисел ќе докаже дека европскиот проект е жив.

-Жалам поради одложувањето на преговорите со Северна Македонија и Албанија. Тоа не е добар третман за овие држави, зашто Европската Комисија беше задоволна од направените реформи, особено за решението на спорот меѓу Скопје и Атина. Европа е во тешка позиција, но кризите во Европа ќе ги има, без оглед дали во Унијата се шест, 10 или повеќе од 20 земји членки. Напротив, новите членки носат нова енергија, изјави Анджеј Дуда, претседател на Полска

Шестиот самит ЕУ-Западен Балкан, денеска е во формат на претседатели на Влади на шесте земји кандидатки за членство. Во рамките на состанокот, најавена е средба на премиерот Заев со францускиот колега, Едуард Филип, на која се очекува да ја разјасни позицијата на Париз, по острата изјава на Макрон, дека одбива ново проширување без длабоки реформи на Унијата. Токму на оваа тема, како што соопштија од македонската влада, Заев зборувал на работниот појадок во Познањ. Тој оценил дека реформите во Унијата можат да се одвиваат паралелно со процесот на проширувањето, изразувајќи убедување дека земјава во октомври ќе го добие долгоочекуваниот датум.

Лидер на ИСИС убиен во операција во пограничниот регион на Мали

Водачот на една од групите поврзани со Исламската држава, Абу Худајфа, е убиен во операција во пограничниот регион кој опфаќа делови од Мали, Буркина Фасо и Нигер.

Неутрализацијата на терористичкиот лидер беше извршена за време на голема операција во Липтак, триграничен регион кој опфаќа делови од Мали, Буркина Фасо и Нигер, соопштија властите на Мали.

Во соопштението се потсетува дека еден лидер на ИСИС учествувал во напад на Нигер во 2017 година, во кој беа убиени четири американски Зелени беретки и четворица нигериски војници, вклучително и еден преведувач. /МИА

Десетици илјади луѓе протестираа низ Франција барајќи повисоки плати и мир

Десетици илјади луѓе ширум Франција се приклучија на синдикалните собири за повисоки плати и мир по повод Меѓународниот ден на трудот.

Од Марсеј до Лион, Рен или Тулуз на големите поворки во големите градови се вееја знамиња на различни синдикати и палестински знамиња.

Во Париз, според синдикатите, се собрале 50.000 луѓе, а според полицијата 18.000, атмосферата на почетокот била карневалска, но на крајот полицијата интервенирала со солзавец.

Според полицијата, група од 4.500 луѓе, со „неколку стотици радикали“ запалиле камион, а уништени се и излози.

Досега се уапсени 25 лица.

Низ цела Франција, 12.000 полицајци се распоредени за да го зачуваат мирот, од кои 5.000 во Париз.

Моќниот синдикат ЦГТ упати апел против „мерките за штедење“, за отворање работни места, повисоки плати и мир.

Водечкиот синдикат ЦФДТ ги повика луѓето да се приклучат на маршевите во повиците за поамбициозна Европа која повеќе ги штити работниците. /МИА

Папата ја осуди индустријата за оружје

Папата ја осуди индустријата за оружје, нагласувајќи дека „таа профитира од смртта“.

Папата Франциск денеска упати молитви за жртвите од војните во Украина, палестинските територии, Израел и бегалците Рохинџи во Мјанмар, нагласувајќи дека, „за жал, најпрофитабилните инвестиции се оние поврзани со индустријата за оружје“.

- Војната секогаш е пораз, секогаш. Ние бараме мир, бараме вистински мир за овие народи и за целиот свет, рече папата, по повод католичкиот црковен празник Свети Јосиф Работник, пренесе Ватикан Њуз.

Обраќајќи им се на присутните во салата Павле VI во Ватикан на општа аудиенција, папата ја осуди индустријата за оружје, нагласувајќи дека „таа профитира од смртта“. /МИА

притисни ентер