СветПолскиот премиер: Цените на нафтата растат поради војната во Иран, тогаш кој е победникот? Полскиот премиер Доналд Туск објави порака на X во која коментира за војната на Блискиот Исток и порастот на цените на нафтата и можноста Вашингтон да ги ублажи или укине санкциите врз руската нафта, сугерирајќи дека Русија би можела да профитира.Полскиот премиер Доналд Туск објави порака на X во која коментира за војната на Блискиот Исток и порастот на цените на нафтата и можноста Вашингтон да ги ублажи или укине санкциите врз руската нафта, сугерирајќи дека Русија би можела да профитира од новата криза. „Војната на Блискиот Исток продолжува и хаосот се шири. Цените на нафтата растат. Вашингтон може да ги укине санкциите врз руската нафта. Кој е вистинскиот победник тука?“, напиша Туск. The war in the Middle East continues and chaos is spreading. Oil prices are going up. Washington may lift sanctions on Russian oil. Who is the real winner here? — Donald Tusk (@donaldtusk) March 7, 2026 Цените на нафтата скокнаа Пораката доаѓа во време кога енергетските пазари силно реагираа на војната и стравот од прекин на снабдувањето од Персискиот Залив, особено преку Ормутскиот теснец, низ кој минува околу една петтина од светската нафта и течен природен гас (LNG) под нормални услови. Откако САД и Израел започнаа напади врз Иран, цените веќе значително се зголемија во првите денови, а некои извештаи забележаа раст од околу 9 проценти. Во деновите што следеа, растот се забрза. Брент заврши над 90 долари за барел во петок, 6 март, со многу голем неделен скок, додека американскиот WTI исто така затвори околу 90 долари.Тагови: Иран нафта Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:1510 пожари беснеат низ државата, повторно гори кај мариовско Бонче кое било спасено ноќеска15:00ЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград11:30
МакедонијаНУ Драмски театар Скопје со „Гидионовиот јазол“ гостува на фестивалот РУТА на Бриони НУ Драмски театар Скопје со претставата „Гидионовиот јазол“ вечерва (24 август) ќе гостува на Бриони во Хрватска каде што театарот „Улисис“ е домаќин на фестивалот на Регионалната унија на театри (РУТА). Претставата ќе биде изведена во Летното кино во 21 часот. „Гидионовиот јазол“ на режисерката Драгана Милошевски-Попова е претстава работена по текст на авторката Џона Адамс. Драматург на претставата е Викторија Рангелова-Петровска, а улогите ги играат актерките Биљана Драгиќевиќ-Пројковска и Ања Митиќ. Гостувањето на Бриони ќе биде дваесетта изведба на претставата, која досега гостувала на неколку фестивали низ Македонија, како и во регионот на сцените на театрите членки на РУТА. На минатогодишниот 33. Меѓународен фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ актерката Биљана Драгиќевиќ-Пројковска за улогата на Корин Фел ја доби наградата за високо актерско достигнување. Режисерка Драгана Милошевски-Попова во програмската белешка истакнува дека: „Претставата ‘Гидионовиот јазол’ е моќна и вознемирувачка приказна за вината, одговорноста, тагата и сложениот однос во комуникацијата, како и состојбите во образовниот систем, проблемите со кои се соочува детето низ периодот на детството. На училишна средба меѓу мајката Корин и наставничката Хедер, кој се случува по еден трагичен настан, преку деликатен, емотивно исполнет/напнат дијалог, се отвораат прашањата за детската креативност, слободата на изразување, за уметноста, за одговорноста на наставниците и за родителите, за социјалните мрежи, за врсничкото насилство, за осаменоста, преку кои постепено се разоткрива длабоката болка и се бара, па и се посочува можниот виновник“. Авторката Џона Адамс е претставничка на новата генерација американски драмски автори. Таа е авторка на 20 драмски текстови во кои драмската структура ја гради преку исклучително јаки и богато нијансирани карактери и ги поставува во сложени меѓусебни психолошки ситуации. Друштвото на американските театарски критичари ѝ ја доделува наградата „Стинберг“ (Steinberg Award) за делото „Гидионовиот јазол“. Претставата „Гидионовиот јазол“ е на редовниот репертоар на Драмски театар од премиерата која се одржа во мај минатата година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаДенеска нови цени на нафтените дериватиРегуалаторната комисија за енергетика денеска треба да донесе нова одлука за малопродажните цени на горивата. Со претходната одлука бензините поскапеа за 4,5 денари, а дизелот поскапи за 6,5 денари по литар. Во последната пресметка на регулаторна продолжена беше и примената на намелените акцизи и тоа за 2 денари кај бенизните и за 4 денари по литар кај дизелот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТенисНовак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка ги добија своите противници на Ју-Ес ОпенНајтрофејниот свтески тенисер во историјата Новак Ѓоковиќ и најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка ќе се соочат со Френсис Тиафо и Лејла Фернандез во осминафиналето на Грен слемот во Њујорк, УС Опен во конкуренција на мешани двојки.Ќе видиме како домашната публика ќе реагира на мечот против северноамериканскиот пар и кого ќе го поддржува, а според моменталната ситуација, натпреварот е закажан за утре, 25 август. Во евентуалното четвртфинале, ги очекуваат победниците од дуелот меѓу брачниот пар Гаел Монфис и Елина Свитолина, односно Алекс Ил и Феликс Оже-Алијасим. И Александра Круниќ би можела да се најде во главната ждрепка доколку таа и Мате Павиќ ги победат Пејтон Стернс и Кристијан Харисон. Меѓу поинтересните парови во главната ждрепка се Карлос Алкараз и Серена Вилијамс, кои ги очекуваат своите противници од квалификациите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook