Полска сигурна во дуелот со Белорусија - Канал 5

Полска сигурна во дуелот со Белорусија

Селекцијата домаќин на Европското првенство во ракомет Полска оствари нова победа на шампионатот откако синоќа во рамките на групата 1 ја совлада Белорусија со 32:27.

Полска сигурна во дуелот со Белорусија
Со овој триумф Полска ги зголеми шансите за пласман во полуфиналето и потребно е да ја совлада Хрватска во натпреварот од последното коло од групата.

Најефикасен на натпреварот беше Михал Јурецки со 9 голови. Голема предност за Полска беше повредата на најдобриот стрелец на Белорусија Сергеј Рутенка на почетокот на натпреварот. Најверојатно Рутенка нема да биде во составот на Белорусија и на натпреварот утре против Македонија.

Инаку, вчера македонската репрезентација одигра нерешено 31:31 со Норвешка.

Во пресрет на последното коло од групата, прва е Норвешка со 7 бодови, Франција и Полска имаат по 6, Хрватска 4, Македонија има 1 бод, Белорусија е последна без бод.

Во последното коло утре (27 јануари) играат:
Македонија – Белорусија,
Франција – Норвешка и
Полска – Хрватска. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Откриени 7,6 тони кокаин во пратка со шеќер: Дрогата од Колумбија била наменета за Европа

Разликата во вредноста на пратката помеѓу двата пазара е огромна.Колумбиските власти спроведе голема операција против трговијата со наркотици во пристаништето Картахена, при што беа откриени повеќе од 7,6 тони кокаин.  .

Откриени 7,6 тони кокаин во пратка со шеќер: Дрогата од Колумбија била наменета за Европа

Абелардо де ла Есприела изјави дека заплена од вакви размери немало во последните десет години. Откритието беше направено за време на инспекција на товар што содржел шеќер во прав, кој бил искористен за прикривање на дрогата. На снимката што полицијата ја објави во вторникот се гледаат службеници како ги проверуваат пакетите со помош на кучиња обучени за откривање дрога.

По оваа акција, претседателот Де ла Еспријела го претстави резултатот од операцијата како значаен успех во борбата против организираниот криминал. Тој истакна дека националната полиција му задала историски удар на нарко-тероризмот. Според него, дрогата била наменета за купувачи во Холандија.

Операцијата била спроведена во соработка со американската Агенција за сузбивање на наркотици (ДЕА).

Разликата во вредноста на пратката на двата пазари е огромна. Во Колумбија, таа се проценува на 43 милијарди пезоси (13,5 милиони долари), додека во Холандија нејзината вредност би надминала 200 милиони долари. – Тргнавме 75 милиони дози кокаин од улиците – рече тој.

YouTube video

Претседателот, исто така, изнесе податоци за резултатите од досегашните активности на надлежните органи, наведувајќи дека во текот на првите 75 дена од неговиот мандат биле запленети вкупно 132 тони кокаин. „Сите облици на насилство се поттикнати од трговијата со дрога“, изјави тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

11. фестивал на чај со над 30 учесници и меѓународна програма

Од 30 октомври до 1 ноември, на приземјето во Скопје Сити Мол, ќе се одржи единаесеттото издание на „Фестивалот на чај“, во знакот на „Ароматичната моќ на билките“.

 11. фестивал на чај со над 30 учесници и меѓународна програма

Повеќе од 30 учесници, сертифицирани билкари, чајни мајстори, креатори на чајни тинктури и љубители на чај од земјава и од странство ќе ги претстават своите производи и знаење, нудејќи им на посетителите ретка шанса да откриваат различни вкусови да дегустираат и да уживаат во аромите што ги слават природата и нејзината разновидност.

Фестивалот и годинава ја поврзува традицијата со едукацијата, културата и современите практики. Посетителите ќе можат да проследат и работилници, панел-дискусии, презентации и уметнички перформанси, преку кои, чајот и билките ќе бидат претставени од различни перспективи – од македонското традиционално билкарство и планинските чаеви до размена на меѓународно знаење и искуства.

Во фестивалската понуда ќе учествуваат: La Soy&LaCha, Билна Аптека „Матија“, Роза Канина Ресен, Ливан Херба, Ignea Cosmetics – билна козметика, ЛАВИТА АГРО, Happy пчелни производи, EKO восочни обвивки, Гостилица планински чај, Health Shop Macedonia, Мое сапунче, Елена Манчевска, Мирјана Ангелеска, ТРАНТАЛОВСКИ фарм, ПЗ Природен мед, АНТОВИ природна козметика и медови производи, АПИ козметика, ПетроскиВ, ЛЕ-НАтура, Тилиа органика, Моја фарма, Бороџун, Мојот сапун, Шарено ќоше, ТиноСки и Нате препорачува. Во програмата ќе се вклучат и Ботаничката градина и Истражувачкото друштво на студенти биолози (ИДСБ), како и Институтот „Конфуциј“ при УКИМ.

Покрај фестивалската понуда во текот на трите денови на истата локација предвидени се и придружни настани - едукативни работилници, панел дискусии, перформанси и презентации.

Па така, во петок на 30 октомври од 18 часот ќе се случи настанот „Македонска чајна софра: Допир до сите сетила“, кој нуди патување низ ароматичните молекули на македонските билки, преку знаењето и приказните што се пренесувале од генерација на генерација. „Моја фарма – Тумчевиште“ ќе го претстави македонскиот планински чај, од семиња од Националниот парк „Маврово“. Предвиден е и настап на Пламенка Трајковска со соло виолина, а посетителите ќе се запознаат и со традиционалниот македонски билков ритуал „Сучење врвки“, поврзан со празникот Водици и карактеристичен за гостиварскиот крај.

Од 19 часот следува церемонијата на чај на Институтот „Конфуциј“ при УКИМ, посветена на традиционалната кинеска уметност на чајот. Програмата ќе биде дополнета со кинески инструментален перформанс и кинески танц, во изведба на професорите и студентите на Институтот.

Во сабота, на 31 октомври, од 13 часот ќе се одржи „Чајанка“ со амбасадорот на Република Словенија, Н.Е. Грегор Прескер. Предвидени се и панел-дискусии на теми „Шумите како бизнис екосистем“ и „Моќта на билките“. Во фокусот ќе бидат успешните стартап-иницијативи, женските претприемачки приказни и современиот рекап на традиционалното билкарство, со акцент на можностите што ги отвораат природните ресурси за развој на нови идеи и претприемачки пристапи. Ќе биде организирано и детско креативно катче од 13 часот, збогатено со пчеларска и уметничка работилница „Медена приказна“ во организација на ПЗ Природен мед со пчелар Христијан Аврамовски и уметницата Сања Јовановска.

И во неделната програма, на 1 ноември, во 12 часот на пладне започнува медената работилница „Што јадат пчелите“, во организација на ПЗ Природен мед. Веднаш потоа од 13 часот следува кинеска дегустација на чај и културни перформанси, со калиграфија и хартиена техника.

Со спојот на дегустации, традиционални практики, културни содржини и едукативни активности, единаесеттото издание на Фестивалот на чај ќе понуди три денови посветени на ароматичните билки, нивната употреба и културното наследство што го носат.

Фестивалот го организираат Центарот за истражување и промоција на природата и културата „Експедиција ПРИРОДА“/МРК Дијалог и Скопје Сити Мол.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Во Дојран се реконструираат патишта, се подобрува водоснабдувањето

Во Дојран се реконструираат патишта, се подобрува водоснабдувањето, се стави во функција хидросистемот „Спас за Дојранското Езеро“.

ВМРО-ДПМНЕ: Во Дојран се реконструираат патишта, се подобрува водоснабдувањето

Општина Дојран продолжува со реализација на проекти кои носат конкретни придобивки за граѓаните, подобра инфраструктура и посветла иднина за градот и Дојранското Езеро.

Во изминатата година се работи на неколку клучни проекти кои ќе го подобрат животот во Дојран.

Се направи реконструкција на главните патни правци. Реконструирани се 2 километри од главниот регионален пат во Стар Дојран и 500 метри во Нов Дојран, со што се подобрува безбедноста и пристапноста за граѓаните и туристите.

Се подобрува водоснабдувањето, реконструирани се 750 метри од водоводната мрежа во Нов Дојран, а со навремено откривање и санирање на дефектите е постигната поголема сигурност во водоснабдувањето, особено во Стар Дојран и неговите повисоки делови во текот на летото.

Се стави во функција хидросистемот „Спас за Дојранското Езеро“ кој е значаен чекор во насока на заштита на езерскиот екосистем и подобрување на условите за зачувување на природното богатство на Дојран.

Паралелно, општината инвестира во комуналната инфраструктура, јавната чистота, спортот, туризмот и поддршката на семејствата, со зголемена финансиска помош за првачињата и новороденчињата.

Дојран заслужува развој што се гледа, проекти што се чувствуваат и резултати што остануваат.

Со посветена работа и конкретни инвестиции, Општина Дојран продолжува да гради подобри услови за живот на граѓаните и да го развива градот како атрактивна туристичка дестинација.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер