АвтомобилизамПоловина век „Audi 80“Првата генерација на „Audi A4“ беше претставена во 1972 година.„Audi 80 (B1)“ е првиот германски модел кој е продаден во милион единици. Дебитира пред точно 50 години, во јуни 1972 година во пресрет на Олимписките игри во Минхен, а следната 1973 година е прогласен за Европски автомобил на годината. Со неговото лансирање, „Audi“ влегува во сегментот на компактните седани. Должината на автомобилот изнесува 4,18 метри, а меѓуоскиното растојание е 2,47 метри. Дизајнот на 80 започнал во 1960-тите, а почетната точка била да се направи автомобилот исклучително модерен и сигурен. Тогашниот шеф за технички развој во „Audi“, Лудвиг Краус, барал автомобилот да се растовари секаде каде што е можно, но само до ниво да не се изгуби издржливоста и силата. Во производството влегол со маса од само 835 килограми, со основен 1,2-литарски мотор. Уште поимпресивна е втората генерација, која е лансирана на пазарот во 1978 година и е првиот широко достапен автомобил со погон на сите тркала „quattro“. Тогаш се родила идејата за „Vorsprung durch Technik“, а тоа било само почеток. Во третата генерација од 1986 година се применети решенија според кои „Audi 80“ се вреднува до денес. Во овој поглед, многу издржливата и безбедна структура на каросеријата е на исто ниво со автомобилите на „Volvo“, а поцинкуваните лимови, доколку автомобилот не доживеал несреќа, и денес се во добра состојба. Токму во овој модел е користен системот „procon-ten“, кој ги штити патниците на предните седишта во случај на судир. Тоа е автомобил што можеше да има „ABS“ како опција и, исто така, постоеле и „quattro“ верзии. Друга иновација е забележана во четвртата генерација на „Audi 80“, во која дебитираше познатиот „1.9 TDI“ мотор со директно вбризгување гориво. Овој мотор постави трендови во „Audi“, но и во целата групација „Volkswagen“ во подоцнежните децении. Последниот „Audi 80“ веќе е перципиран како модел од средната класа, кој се натпреварува, меѓу другото, со „BMW Серија 3“ или „Mercedes 190“. Последниот „Audi 80“ е и првиот што е направен во караван верзија (Avant). Токму „80 Avant“ е основата за првиот модел во линијата „RS“, „Audi RS2“, дизајниран и изграден во соработка со „Porsche“. Ова е првиот семеен спортски автомобил со перформанси споредливи со оние што ги красеа тогашните „BMW M5“ или „Mercedes 500E“. „Audi 80“ исто така беше комерцијален хит, како во Европа, така и во САД, каде што се продаваше под брендот „Fox“. Стана првиот модел на „Audi“ што е продаден во милион примероци, а заедно со неговиот наследник, „Audi A4“, до денес се произведени 12,5 милиони единици (од моделите B1 до B9).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила18:16Премиерот Мицкоски денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН08:52Регистриран земјотрес во Грција, почувствуван и во Битола, Ресен и околината08:33Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00
ХороскопДневен хороскоп за 26. септември 2026 годинаДневен хороскоп за сабота, 26. септември 2026 година. Вага 24.9.-23.10. Љубов Вашата љубовна приказна ќе продолжи да се развива , на ваша радост. Затоа дотерајте се и излезете во друштво. Кариера Времето работи за вас , а вие му се препуштате со полна доверба Чувствувате дека вашите пет минути допрва доаѓаат. Здравје и совет Сакајте ги луѓето. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Еден член на вешето пошироко семејство денеска од вас ќе бара повеќе внимание и ангажман. Кариера Ќе бидете занесени и ќе мислите дека секој проблем ќе го решите со леснотија. Во добар дел имате право. Здравје и совет Наспијте се . Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Веројатно денеска ќе блескате и ќе зрачите со чувства. Многумина без резервно ќе си ја отворат душата. Кариера Денеска ќе се позанимавате со можноста за вложување во работата што моментално ја работите. Ќе барате спонзори. Здравје и совет Не морате постојано да војувате. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Саканата личност денеска би можела да се жали и да приговара со тага. Ќе и попуштате и ќе ии дадете утеха и таму каде што не треба. Кариера Ќе одите на опцијата што ви дава најголем простор, но и уживање во работата. Здравје и совет Ќе уживате во убавниот ден. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Пред вас е одличен ден за секој вид дружење и забава. Посебно ќе бидат расположени младите или оние кои така се чувствуваат. Кариера Ви се чини дека е потребно само малку за вашите таленти да излезат на површина и да светнат. Здравје и совет Одете таму каде што ви е убаво. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Имате право да прашате и она што не е вообичаено. Довербата во вашиот однос е толкав , што може да си дозволите секакви прашања. Кариера Можеби ќе ве пофалат , но во најлош случај вашите идеи ќе бидат прифатени и сфатени сериозно. Здравје и совет Одете во природа. Овен 21.3-20.4. Љубов Многумина и денеска убаво ќе се забавуваати ќе откриваат пат до нечие срце . Ќе им оди од рака речиси се што ќе посакаат. Кариера Денеска би можеле да ги забавувате колегите . Со задоволство ќе почнувате смешни разговори со добро расположение и дружба. Здравје и совет Засадете некое растение. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе продолжите со интензивното поврзување со луѓето , па има голема шанса за запознавање нова личност. Кариера Постојаното качување по скалилата на успехот речиси ве изморило . Имате потреба од опуштање , па ќе ја подзаборавите работата и обврските. Здравје и совет Подобро оптимист , отколку песимист. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов развојот на еден однос постојано ќе ве интригира . Станува збор за личност од работа , со која се почесто си разменувате пораки и знаци. Кариера Многумина денеска ќе ги анализираат своите резултати , уако не е потребно . Се е во најдобар ред. Здравје и совет Бидете поконкретни. Рак 22.6-22.7. Љубов Веќе сфативте дека не треба да форсирате , па таа формула ќе ја искористите и на својата врска. Така ќе ја подобрите. Кариера Осмислете подобар план за соработка со другите. Знаете да се изразите , но користете повеќе тактичност. Здравје и совет Некои ќе запливаат. Лав 23.7-22.8. Љубов Препуштете им на лицата во кои имате доверба да ве упатат каде што треба. Тие ќе знаат подобро од вас. Кариера Кога ќе помислите на деловните планови , веднаш ве заболува главата , зашто има малку работи што останале да се изконтролираат. Здравје и совет Бидете трпеливи. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе балансирате меѓу своите желби и реалните можности. Ништо нема да се прави на сила , туку само со трпение. Кариера Со олеснување ќе ги прифатите извештаите за напредок , од кој и вие сте дел. Тоа ќе биде дополнителен поттик. Здравје и совет Издржете.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаМалиот булдог Каси им го спаси животот на своите сопственици- загина во борба со разбеснета мечка Омилениот француски булдог на една двојка умре обидувајќи се да ги спаси своите сопственици од разбеснета мечка откако дивото животно ги нападна во дворот на нивниот дом во руралните делови на Северна Калифорнија.Џеф и Мелори Вилсон биле во нивниот дом во округот Тринити кога нивното куче Каси само еднаш лаело. Доцна ноќното лаење го натера Џеф да излезе надвор и да го провери дворот, објави Њујорк Пост. Само што ја отвори вратата, Каси слезе од терасата, а зад мебелот од градината се појави мечка . Мечката потоа го нападна Џеф и го собори на подот. Несвесен за фаталниот напад, Мелори се разбудил од вревата и излегол надвор да провери што се случува. Мечката потоа ја нападна и неа, нанесувајќи и тешки повреди на лицето и телото. Во еден момент од нападот, мечката со устата го фатила Каси и почнала да бега. Мелори фрли стол кон мечката, поради што ја испушти Каси. Џеф потоа ја турнал грејачот на градината кон мечката, по што животното конечно побегнало. Двојката верува дека мечката испаничила откако била закачена меѓу мала ограда околу куќата и отворена порта. „Мислам дека мечката беше изненадена од нас исто како и ние од неа“, рече Џеф. Двојката итно ја однела Каси на операција за да ѝ ги санира повеќекратните рани од каснување и длабоките исеченици по должината на 'рбетот. Кога по два дена сама почнала да оди и да пие вода, почувствувале наплив на надеж дека ќе закрепне. Трагично, таа починала следното утро. California couple brutally mauled by bear before their tiny French Bulldog Cassie dies saving them https://t.co/VSUiuF7i6i https://t.co/JWzDiCsfDD — New York Post (@nypost) September 24, 2026 Според страницата GoFundMe што ја започнала Рејчел Москоне, пријателка на парот веќе 20 години, Џеф се здобил со две скршени ребра, како и бројни рани од каснување и канџи, додека Мелори претрпела тешки повреди на главата и лицето, скршена рака и дополнителни рани од каснување и убоди. „Каси се фрли меѓу Џеф и мечката во обид да го заштити“, рече Москон. Таа додаде дека 7,5-годишната женка француски булдог била сакана членка на семејството Вилсон и „кога на Џеф му била најпотребна, ова мало куче храбро застанало меѓу него и мечката“. „Таа никогаш не требаше да биде херој, таа не беше наш чувар. Двојката одлучила да живее во рурална Северна Калифорнија за да биде поблиску до природата и нејзиниот див свет и биле уништени од нападот. „Ова беше неиспровоциран и крајно необичен состанок што никој од нас не можеше да го предвиди. Можеме да тагуваме за Каси и да бидеме скршени од она што се случи, додека сè уште го почитуваме дивиот свет што припаѓа на овие места“, рече парот.Тагови: булдог мечка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизСите гледаа во Дакота Џонсон- на премиера во Лондон се појави во прѕирен фустан (ФОТО)Дакота Џонсон вчера вечер се појави на лондонската премиера на „Verity“ во проѕирен фустан од чипка под кој се гледаше долната облека.Актерката избра беж фустан направен од нежна чипка од дизајнерката Колин Ален за црвениот тепих. Креацијата имаше длабоко деколте со јака слична на шал и крој без ракави. Под проѕирниот фустан, 36-годишната Џонсон носеше контрастна црна долна облека од Fleur du Mal. Изгледот го комплетираше со нејзината препознатлива права кафеава коса, црн маникир и златен ѓердан, нараквица и неколку прстени. На премиерата, таа позираше и со Џош Хартнет, со кого глуми во нов психолошки трилер. Во филмот глуми и Ен Хатавеј. За настанот, Хартнет избра црно одело без вратоврска, широки панталони и модерна кроена јакна. Проѕирните фустани станаа нејзин заштитен знак Џонсон е веќе позната по изборот на транспарентни материјали за формални настани. На премиерата на филмот „Madame Web“ во Лос Анџелес во 2024 година, таа носеше мрежест фустан од Гучи украсен со кристали, под кој носеше долна облека во боја на кожа. Во текот на септември 2025 година, таа двапати носеше транспарентни креации. Прво, таа избра црн фустан од чипка со цветен вез за вечерата „Грижа за жените“ на Фондацијата Керинг, а потоа светло виолетов фустан од Гучи на Филмскиот фестивал во Цирих. На Меѓународниот филмски фестивал Црвено Море во декември 2025 година, таа носеше бел фустан од чипка со длабоко деколте од Клое. „Се чувствувам убаво во нив, затоа ги носам“ Кога во октомври 2025 година германскиот Вог ја праша дали се грижи дека нејзините фустани се „премногу секси“, Џонсон одговори дека „едноставно не е загрижена“. „Имав можност да носам некои од најубавите фустани и се чувствувам убаво во нив, затоа ги носам“, изјави таа за списанието.Тагови: Дакота Џонсон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила18:16Премиерот Мицкоски денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН08:52Регистриран земјотрес во Грција, почувствуван и во Битола, Ресен и околината08:33Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00