Половина од богатството му “дава“ на својот поранешен маж: Не потпишала предбрачен договор - Канал 5

Половина од богатството му “дава“ на својот поранешен маж: Не потпишала предбрачен договор

Адел ќе мора да го подели своето богатство на половина, односно милиони од нејзината банковна сметка ќе му припаднат на наскоро нејзиниот поранешен сопруг.

Половина од богатството му “дава“ на својот поранешен маж: Не потпишала предбрачен договор

Адел и Симон се запознале во 2011 година благодарејќи на заедничкиот пријател, пејачот Ед Ширан.

Потоа Адел ја доживеала својата огромна професионална експлозија, благодарејќи на објавувањето на својот втор албум под името „21“, кој доживеа голем меѓународен успех.

Парот во октомври во 2012 година го доби и синот Анџел, а во 2016 стапија во брачна заедница, што пејачката одлучи да им го открие на фановите во текот на еден настап во Австралија.

Според наводите на британските адвокати во магазинот „The Times”, се чини дека Адел и Симон не потпишале предбрачен договор за поделбата на имотот, што се покажало како голема грешка.

Според тие исти извори, се проценува дека богатството на пејачката преминува сума од 160 милиони евра и оти Адел половина ќе мора да подели со својот партнер.

Не изгледа како тоа да е голема грижа за Адел. Таа има три студиски албуми (под имињата “19“, “21“ и “25“) кои ја направија една од најбогатите жени во музичката индустрија во Велика Британија.

Во 2016 година, таа беше на врвот на листата на најуспешни луѓе под 30 години во својата земја. Тоа беше пред три години, а тогаш нејзиното богатство беше проценето на 106 милиони.

Меѓутоа, треба да се истакне дека Адел е со скромно потекло и оти ја одгледала самохрана мајка во еден стан, без никаков комфор и луксуз.

Адел е приземна и скромна личност, како што често наведуваат луѓето кои ја познаваат и кои соработуваат со неа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во болница почина убиецот од Полска

 Напаѓач кој во саботата уби шест лица во Краков, Полска, при смртоносен напад на главниот градски плоштад, почина во болница, објави новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на полициски извори.

Во болница почина убиецот од Полска

24- годишниот убиец бил прогласен за мртов во 4:30 часот наутро.

„Уште од самиот почеток, неговата состојба беше многу сериозна, критична. Се водеше постојана борба за спасување на животот на овој човек, и покрај злото што го стори. Тој имаше најмалку три операции“, стои во соопштението.

Нападот на Главниот плоштад во Краков се случи во саботата, околу 15 часот. Дваесет и четиригодишен маж со автомобил влета на плоштадот и почна да пука кон луѓето што се наоѓале таму. Шест лица загинаа, а 16 беа повредени, меѓу кои и полицајците што интервенираа, како и самиот сторител.

Напаѓачот беше застрелан за време на размена на оган со полициски службеници и е приведен. Околностите на нападот и мотивот на сторителот се предмет на тековна истрага во која се вклучени обвинителството и специјалните служби.

Истиот ден, во семејната куќа на Михал О. на улицата Тилна во Островјец Свјентокшиски, полициските службеници пронашле тела на три лица, членови на семејството на напаѓачот. Станува збор за 53-годишен татко, 52-годишна мајка и 21-годишна сестра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица

Од денеска, клиентите на АЛТА банка ќе можат да располагаат со поголем износ од своите средства.

АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица

Неделниот лимит за подигање готовина од банкомат и плаќање со платежни картички се зголемува од 10 на 15 илјади денари. Истовремено, се проширува и мрежата за шалтерска исплата. Од денеска ќе бидат отворени и шалтери и во тетово и во струмица, каде што клиентите кои немаат платежни картички ќе можат да подигнат до 20 илјади денари во период од две недели, исто како и во експозитурата во Битола.

Олеснување, како што најави гувернерот Трајко Славески, ќе има и за идните приливи. Платите, пензиите и социјалните трансфери кои допрва ќе легнуваат на сметките на клиентите, доколку доаѓаат од институции или компании кои имаат сметки во други банки, ќе можат да се повлекуваат во целост..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето денес според УХМР ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд со слаб интензитет. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 12 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Од вторник следува период на променливо облачно и потопло време. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Локални врнежи од дожд ќе има кон крајот на седмицата. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер