1Таравари: Дали ќе има предвремени избори ќе зависи од тоа дали власта ќе ги направи уставните измени
3Собранието е домаќин на 25. мешовит парламентарен Комитет ЕУ – Македонија, се обрати и европратеникот Вајц
3Претседателот на Наполи најави стадион со капацитет од 70.000 гледачи и упати остри критики кон ФИФА и УЕФА
ФудбалПолноќна сензација од Аргентина : Меси останува во Барселона Ноќеска по полноќ по наше време, од Аргентина пристигнаа сензационални вести.Мартин Аревало, новинарoт на TyC, кој прв му откри на светот дека Меси побарал од Барселона да го ослободи од клубот преку бурофакс пред две недели, има нова ексклузива: „Лео сериозно размислува да остане во Барселона до следното лето, а потоа да ја напушти во стил без обештетување по истекот на договорот. Постојат 90 проценти шанси Меси да остане во Барселона “. Тој додава дека денес може официјално да ја објави таа одлука. Веста дојде четири часа по состанокот меѓу претседателот на Барселона, Хосеп Мари Бартомеу и директорот на клубот Хавиер Бордас од една страна и Хорхе и Родриго Меси и адвокатот Хорхе Пекурт од друга страна, на кој не е постигнат договор. View this post on Instagram Mañana define @leomessi. Pero hay un nuevo escenario: existen chances concretas de que el mejor del mundo siga hasta junio de 2021 y cumpla su contrato. A esta altura lo está evaluando. Los dirigentes le pidieron por favor que se quede. Leo resolverá en breve. Y comunicará. Veremos cómo termina. A post shared by Martin Arevalo (@martinarevalo1) on Sep 2, 2020 at 3:19pm PDT "Овој четврток ќе даде одговор на прашањето за иднината на Меси. Сепак, сега најверојатното сценарио, кое се чинеше невозможно до вчера, е најдобриот светски фудбалер да остане во Барселона до крајот на јуни 2021 година. Тој во моментов сериозно ја разгледува оваа опција и е најблиску до таквата одлука". , пишува Аревало и открива што предизвикало целосен пресврт кај Меси: „Челниците на Барселона буквално го молат да остане”. Друг извор од Аргентина ја носи истата приказна. На 90 минути подоцна, „Фокс Спортс“и новинарот Марсело Сотиле исто така рече: „Луѓето со најголема доверба на Лео му рекоа дека состанокот е добар и конструктивен и дека нагло се зголеми можноста тој да остане во Барселона уште една сезона“. "HAY UNA CHANCE CONCRETA Y REAL QUE MESSI SE QUEDE UN AÑO MÁS"#FOXRadio - @marcelosottile informó que desde el entorno de Leo afirman que la reunión fue buena y crece la posibilidad de continuidad por una temporada más en Barcelona. pic.twitter.com/uiWsBrXHpN — FOX Sports Argentina (@FOXSportsArg) September 2, 2020 Сотиле додава: "Хорхе и Родриго Меси, таткото и братот на Лео, му ги пренесоа заклучоците од состанокот веднаш по завршувањето. Бартомеу им рече дека Барселона не може да ја замисли иднината без Меси и понуди да го продолжи договорот за уште две години". Меси има 33 години, што значи дека Барселона сака да остане во клубот до крајот на кариерата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТаравари: Дали ќе има предвремени избори ќе зависи од тоа дали власта ќе ги направи уставните измениГо поздравуваме тоа што го слушаме од премиерот Мицкоски дека е подготвен за вклучување на трета страна како посредник во дијалогот со Бугарија.Го поздравуваме тоа што го слушаме од премиерот Мицкоски дека е подготвен за вклучување на трета страна како посредник во дијалогот со Бугарија, но до сега губевме драгоцено оцени претседателот на Алијанса, Арбен Таравари во вечерашното гостување во Само Интервју. Според него, дали ќе има превремени избори ќе зависи од тоа дали власта ќе ги направи уставните измени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПремиерот Мицкоски утре ќе се обрати пред Генералното собрание на ОНПремиерот Христијан Мицкоски утре ќе се обрати пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк... Според објавената агенда, тој ќе зборува деветти по ред за време на утринската сесија која почнува во 15 часот по македонско време.. Паралелно македонската делегација предводена од него, ја продолжува посетата со низа билатерални средби со европски и регионални претставници.. Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на одбележувањето на 25-годишнината од терористичките напади врз Њујорк на 11 септември 2001 година.. Одбележувањето го предводеше генералниот секретар на НАТО Марк Руте, а присуствуваа претставници на земјите сојузнички на САД, кои по нападите се повикаа и на членот на заедничка одбрана на НАТО членките, во знак на солидарност со САД.. „Америка останува најголемата светска сила. Но, Америка не мора да го носи товарот самата. Сојузниците на Америка се со неа. Никој не смее да се сомнева во нашата решителност.“, изјави Руте во обраќањето на Меморијалниот музеј на местото каде што некогаш стоеа кулите близначки на Светскиот трговски центар.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСобранието е домаќин на 25. мешовит парламентарен Комитет ЕУ – Македонија, се обрати и европратеникот ВајцВо Собранието денеска започна дводневниот 25. состанок на мешовитиот парламентарен Комитет ЕУ – Македонија.. Освен македонски пратеници, во рамки на сесијата се обрати и евроамбасадорот Михалис Рокас, во име на Европската Комисија, ирскиот амбасадор во земјава, Брендан Вард, во име на ирското претседателство со Советот на ЕУ.. Говор одржа и известувачот за Македонија во Европскиот Парламент, Томас Вајц, кој рече дека владеењето на правото и борбата против корупцијата останува клучно за напредокот на која било земја, а повика Македонија да се посвети на реформската агенда.. И во Австрија има големи случаи на корупција, но разликата е во тоа што многу богати луѓе лежат затвор, рече Вајц.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook