Полните плажи би можеле да направат хаос низ Европа

Како што летото се приближува и температурите во Европа растат, луѓето се свртуваат кон плановите за одмор, откако со месеци беа затворени во домовите, пренесува Си-Ен-Ен.

Минатата недела Европската унија откри план што ќе им овозможи на луѓето да се одморат и да се релаксираат на свеж воздух. Планот вклучува препораки за отворање на внатрешните граници, започнување железнички и патен транспорт и отворање на туризмот.

Но, надлежните веќе имаат проблеми да се справат со приливот на туристи и граѓани на една од најатрактивните летни локации - плажите. Така, во средата, еден ден откако Франција ги олабави рестриктивните мерки и отвори стотици плажи, пет плажи во Бретанија беа затворени поради „неприфатливо однесување“ и неможноста да се одржат мерките за физичко растојание.

Властите во холандската провинција Зеланд во средата привремено ги затворија патиштата за време на викендите до 1 јуни, бидејќи тие предвидуваат дека доброто време би можело да доведе до нарушување на мерките за дистанца.

Во шпанскиот град Барселона, властите ги предупредија граѓаните да се држат до закажаните датуми поставени за посета на плажа, а во Велика Британија, крајбрежните градски власти побараа од граѓаните да не создаваат толпа пред националниот празник во понеделник.

Експертот за патувања Тони Џонстон изјави за Си-Ен-Ен дека како што летото се приближува, луѓето сакаат да одат на одмор и да ги посетуваат плажите, дома или во странство. Тој додаде дека властите мора да изготват стратегии за да избегнат пренатрупаност во текот на летната сезона.

„Неизбежно, со убавото време низ целиот континент, овој проблем ќе се појави“, рече Џонстон, кој е раководител на Катедрата за хотелиерство, туризам и рекреација на Институтот Атлон. Според него, наместо надлежните да издадат целосни забрани, треба да охрабруваат добро однесување на плажите. Целосните забрани би довеле до преместување на проблемот на друго место.

Локалните власти во некои области веќе издадоа упатства за повторно отворање на плажите. Шпанскиот министер Рејес Марото изјави дека земјата, една од најпогодените од коронавирусот, размислува за „различни сценарија“ за отворање на плажите.

„Откако ќе се започне меѓународниот туризам, треба да можеме да гарантираме дека луѓето што доаѓаат во Шпанија ќе бидат безбедни“, рече Марото.

Властите во градот Канет д’ен Беренге, сместен во шпанската провинција Валенсија, веќе издадоа упатства да им дозволат на само 5000 луѓе на ден пристап на нивните плажи. Инаку, во текот на летото, секој ден има двојно повеќе луѓе на плажите на овој град.

Во Санкенкс, сместена во шпанската провинција Галиција, плажите постојано ќе се чистат, а јавните тушеви и тоалетите постојано ќе се дезинфицираат.

Властите во некои француски провинции како Ландес ги отворија плажите само за индивидуални физички активности.

Џонстон додаде дека властите во Шпанија, Италија, Франција и Грција, кои се многу зависни од туризмот, треба да овозможат безбеден туризам и да издаваат препораки што ќе ги промовираат хигиенските навики на јавни места.

„Околу 330 милиони луѓе работат во туризмот. Ќе биде предизвик да се балансира помеѓу исполнувањето на потребите и желбите на туристите, што донесуваат економски влијанија“, заклучи тој.

Пентагон откри за што ќе ги користи Украина моќните ракети ATACMS- Крим е на удар

Министерството за одбрана на САД ја појасни целта за испорака на ракети со долг дострел во Украина, кои неодамна беа испорачани во тајност.

Како што објави „Њујорк тајмс“, целта на испораката на американските ракети АТАКМС е да се зголеми притисокот врз Крим, кој беше анектиран од Русија по референдумот во 2014 година.

Крим го претставува центарот во кој се лоцирани голем број руски воздушни и копнени сили и кој досега, како што пишува американскиот дневен весник, „за нив бил релативно безбедно засолниште“. Ова го тврди анонимен американски функционер. Сепак, Пентагон одби да каже колку точно од овие проектили со дострел од 300 километри се испорачани на украинската страна.

Џејк Саливан, советникот за национална безбедност на Белата куќа, претходно ја потврди испораката на овие проектили без да прецизира дали тие се модифицирани или имаат зголемен дострел.

Украинските сили веќе употребија ATACMS, што претседателот Володимир Зеленски го потврди на 17 април, објавувајќи дека е извршен напад врз воздухопловната база Јанкој, која се наоѓа на 165 километри од линијата на фронтот. Министерството за одбрана на Руската Федерација не ги коментираше овие наводи.

Американскиот дневен весник потсетува дека Украина првпат добила ракети ATACMS во септември минатата година, но дека станува збор за верзија со половина дострел. Се шпекулираше дека Украина може да користи американски ракети за да го уништи мостот Ким, што на почетокот на месецов го потврди и самиот претседател Зеленски, велејќи дека неговата влада „навистина сака да го уништи мостот на Крим“.

Тој е симбол на руската окупација и преку овој мост Русија испорачува воена опрема и ги снабдува војниците во Украина. Во неколку наврати досега мостот беше цел на украински напади.

- Мислам дека е вистинското време, а шефот (Бајден) донесе одлука дека е вистинско време да и го обезбеди на Украина оружјето неопходно за тековната борба. Тоа е добро осмислена и многу конструктивна одлука - изјави адмирал Кристофер Грејди, заменик командант на Здружениот генералштаб на американската армија.

Руската страна го осуди потегот на САД, а рускиот амбасадор во Вашингтон Анатолиј Антонов рече дека тоа „ја зголемува заканата за безбедноста на Крим, вклучително и Севастопол и другите руски градови“.

Тиктокерка тврди дека не ја вработиле во продавница поради тетоважите (ВИДЕО)

Тиктокерка под корисничко име @ashxobrien објави видео на таа социјална мрежа во кое раскажува како се пријавила за работа во продавница, но била одбиена. Потоа побарала од нив објаснување.

„Не можеа ни да ми се јават, само ми испратија мејл. Отидов кај нив и прашав зошто ме одбија. Жената со која разговарав ми рече дека немам доволно искуство во споредба со другите кои аплицирале“, рече таа. Сепак, смета дека тоа не била причината, туку дека има многу видливи тетоважи.

"Прашав дали моите тетоважи им пречат затоа што знам дека тоа е често проблем. Таа ми рече дека тоа не е причината. Мислам дека лажеше, но што и да е. Тоа не значи дека не сум добар работник ако имам тетоважи. “, додаде таа во видеото, прегледано 8,5 милиони пати. Таа се прашува како младите без искуство би можеле да се вработат, ако во нејзиниот случај тоа е причината за одбивањето.

@ashxobrien I want to know who is also having a hard time finding a job right now! #jobs #jobmarket ♬ original sound - Ash🖤

Видеото на крајот предизвика многу коментари.

„Работам во HR и можам да ви кажам дека ниту еден работодавец не би ви дозволил да работите со луѓе со толку многу тетоважи“, „Мислам дека мора да е поради тетоважите“, „Проблемот не е во тоа што имате тетоважи, туку што тие се навистина на места што не можеш да ги скриеш“, „Не знам што не разбираш“, „Не се чуди“, „Вака не можеш да работиш во продавница“, напишаа нејзините следбеници.

Сиљановска Давкова од Крушево: Крушевчани имаат на што да бидат горди!

Денеска, 26 април, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова во рамките на кампањата за вториот изборен круг од претседателските избори беше во Крушево.

Во своето обраќање пред граѓаните на Крушево, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова порача:

Морам да кажам дека тука во Крушево има куќи кои се бисер на македонската архитектура, доказ за нашата историја, тие сведочат дека во нив илинденците мислеле, правеле планови за Македонија. Крушево треба да биде метропола на културата.

Вие Крушевчани има на што да сте горди и вие заслужувате самопочит! Не заборавјате, ако не се самопочитуваме никој нема да не почитува. Мора да го вратиме животот во Крушево, тука има шанси за опстанок.

Ви ветувам дека ќе се опкружам со луѓе од знаење. Но и ви ветувам дека секогаш ќе бидам блиску до вас. Како? Преку народните канцеларии. Народните канцеларии за првпат ги примени поранешниот претседател, господинот Иванов. Мислам дека требаше да останат. Токму преку народните канцеларии јас ќе имам можност честопати да доаѓам овде, да ве видам и да видам на што сте се покажлиле, што сте предложиле. Понатаму, во зависност од тоа дали сметаат граѓаните дека треба нешто да се промени ќе правам список на приоритети кои ќе ги реализирам. Ќе покажам и ќе докажам дека сум тука поради вас, не поради себе.

Крушево е жив културен споменик. Искористете ги луѓето кои уште во меморијата го имаат она што ние го забораваме. Кога ќе се грижиме за споменот на Тоше, кога ќе им оддаваме почит на партизаните, кога нема да ги заборавиме Карев, Питу и останатите, тогаш ќе бидеме горди на Македонија!

Во рамките на денешните активности, професорката Гордана Сиљановска-Давкова на Гумење оддаде почит на гробовите на Питу Гули и партизаните, како и на гробот Тоше Проески, а исто така ја посети и Спомен куќата посветена на него и споменикот Македониум. Во текот на денот, професорката имаше можност и да ги види изложените ракотворби изработени од здруженијата на жени на Крушево, а исто така и да оствари повеќе средби со граѓаните, се наведува во соопштението од нејзиниот тим.

притисни ентер