Стресот го уништува организмот, а повеќето тоа не го забележуваат: Стручни лица откриваат 3 едноставни начини да го победите
2 Стресот го уништува организмот, а повеќето тоа не го забележуваат: Стручни лица откриваат 3 едноставни начини да го победите
РецептиПОЛНЕТО МЕЛЕНО МЕСО СО ФСТАК И КАЈСИЈАРецепт на: Ивана ИлиевскаПотребни состојки: 1,5 кг. свинско мелено месо, 1-2 парчиња свеж јунешки колбас со праз, малку мешан бибер во зрно, малку коријандер, малку морска сол, 1 јаболко, 5-6 кајсии, 50-100 гр.фстаци, 20-тина листови блитва, малку масло, неколку парчиња тиква, малку свежа мајчина душичка, малку мента и малку свеж рузмарин. Постапка: Меленото месо се зачинува со: коријандер, бибер и морска сол по вкус. Месото со зачините треба добро да се измеша. Потоа се додаваат: 30 гр. рендано јаболко, неколку исечкани кајсии и 50-100 гр. сечкани фстаци. Состојките треба добро да се промешаат. Потоа се додаваат ситно сечкани свежа мајчина душичка и свеж рузмарин. Се додава малку масло и сите состојки се промешуваат. Алуминиумската фолија се премачкува со масло и се поросува со сол. Врз неа се редат листови од блитва, а врз нив рамномерно се распоредува меленото месо. Во средина се става јунешкиот колбас и се покрива со мелено месо. Со помош на алуминиумска фолија се формира ролат. Ролатот се става во плех премачкан со масло. Околу ролатот се редат неколку парчиња тиква и листови од мента. Тиквата се полева со малку вода и се поросува со шеќер. Се пече во загреана рерна околу 40 минути на 200 степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаJП Комунална хигиена спроведе акција за чистење во гимназијата „Орце Николов“ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше акција за генерално чистење во СУГС „Орце Николов“. Во текот на акцијата беа собрани и транспортирани 20 кубни метри претежно кабаст отпад од училишните простории и дворот на гимназијата. ЈП Комунална хигиена-Скопје секоја година спроведува и едукативни активности во оваа скопска гимназија, во чиишто рамки учениците се запознаваат со активностите на Претпријатието и како преку правилното постапување со отпадот и примарната селекција да ја заштитат својата животна околина. Тагови: ЈП Комунална хигиена Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРаботна посета на министерот Муцунски на ЛондонМинистерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска престојува во работна посета на Лондон.Во британскиот Форин офис, министерот Муцунски ќе оствари средба со својот хомолог, државниот секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Ивет Купер. Во насока на унапредување на надворешната трговија и поттикнување на извозот, министерот Муцунски ќе присуствува на отворањето на првиот вински саем на земјите од Централна и Источна Европа во Лондон, а воедно ќе го посети и македонскиот павилион на овој саем.Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоПроменливо облачно и топло со температура до 34 степени, утре предупредување за невреме Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди, а попладне на повеќе места се очекува развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималните температури ќе се движат од 9 до 18 степени, додека максималните ќе достигнат меѓу 28 и 34 степени Целзиусови. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од северен правец. Во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се движи од минимални 14 до максимални 32 степени. Според Управата за хидрометеоролошки работи, и во наредните денови ќе се задржи топло време. Утре на повеќе места се очекуваат врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер, а локално се можни и поинтензивни процеси со пообилни врнежи и ретка појава на град. Од четврток следува претежно сончево време со променлива облачност и слаб до умерен северен ветер.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook