3Талибанците им го одзедоа правото на жените на сопствено име во документите- ќе се викаат „крава“ и „коза“
Драма во Валенсија: На Марк Маркез му се запали моторот на последната спринт трка во кариерата (ВИДЕО)
2Драма во Валенсија: На Марк Маркез му се запали моторот на последната спринт трка во кариерата (ВИДЕО)
3Кинезите претставија хуманоидни роботи, кои имаат кожа на лицето и работат како презентери, асистенти, фитнес тренери (ВИДЕО)
СветПолитико: Значителен раст на популарноста на екстремната десница на претстојните избори за ЕПГрупациите во Европскиот парламент (ЕП) кои припаѓаат на националистичката десница и екстремната десница имаат најголеми шанси на претстојните избори за ЕП, оценува денеска „Политико“.Во анализата, порталот наведува дека претстојните избори нема да резултираат со создавање коалиции меѓу десните и левиот центар, кои ја „изградија Европската Унија“ и кои ги држат порадикалните партии на страна, туку предвидува дека следниот состав на ЕП ќе биде „помалку зелен“ и „повеќе проруски“. Како што се наведува, дури и ако силите на десниот центар, кои водат во анкетите пред изборите, одбијат да коалицираат со помалите, но се помоќни сили на екстремната десница, сепак постои значителна шанса екстремната десница по првпат да може да влијае на агендата и политичките вредности на ЕУ. „Ќе видиме значително поместување надесно“, смета Сајмон Хикс, професор по компаративна политика на Европскиот институт, наведувајќи дека десничарската група „Идентитет и демократија“ (ИД) во Европскиот парламент, шеста по големина од седумте, ќе освои дополнителни 40 пратенички места на изборите, што значи дека групата би можела да има 98 пратеници. Партиите членки на ИД се, меѓу другите, Германската алтернатива за Германија (AFD) и француската Национален собир. Хикс наведува дека сегашната петта по големина група, 67-члената десничарска групација Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР), чии членки се полската Право и правда (ПИС) и италијанската Браќа на Италија, доколку порасне за околу 18 места, може да стане четврта по големина на ЕП, со што ќе ги престигне Зелените и Либералите. Унгарскиот премиер Виктор Орбан најави дека пратениците на неговата партија Фидес ќе се приклучат на ЕЦР по изборите, а министерот во неговиот кабинет Гергељ Гулаш оценува дека ЕЦР и ИД „заедно можат да станат најсилната фракција во ЕП“. Политико претходно објави дека во речиси десетина европски земји, вклучувајќи ги Франција и Германија, тврдокорните антиимиграциски партии, од кои некои се поекстремни од холандската Партија на слободата на Герт Вилдерс, се блиску до врвот на нивната популарност меѓу електоратот. Минатата недела, претседателката на француската партија Национален собир Марин Ле Пен ги критикуваше нејзините германски колеги за премногу екстремни планови за депортација на милиони луѓе и се праша дали тие би можеле да останат во истата пратеничка група во ЕП. Порталот додава дека не се работи само за места во ЕП, туку и за Европскиот совет, кој го сочинуваат шефовите на влади на ЕУ и кој управува со политичките одлуки, а во кој веќе се и италијанската крајнодесничарска премиерка Џорџа Мелони, унгарскиот премиер Виктор Орбан, словачкиот премиер Роберт Фицо и други. Неименуван дипломат на ЕУ оцени дека овој тренд е нешто што може да има далекусежни последици. „Овој пат нема да биде лесно да се отфрлат успесите на екстремната десница, се добива впечаток дека започнува нов момент“, рече тој, пренесува Политико.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоСнежно време со температура до 5 степени Денеска времето ќе биде облачно со повремени локални врнежи од снег, а во пониските места особено долж Повардарието од дожд и снег, информираат од УХМР. МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С) -6 Попова Шапка, -5 Маврови Анови, -3 Крива Паланка, Крушево, Лазарополе, -2 Берово, -1 Тетово, Куманово, 0 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Претор, Битола, Прилеп, Велес, Виница, Кавадарци, Демир Капија, 1 Штип, 2 Струмица, 3 Гевгелија. КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2) 42 Пожаране, 35 Демир Капија, 34 Струмица, Маврови Анови, 33 Попова Шапка, 31 Претор, 30 Битола, 27 Берово, 25 Крушево, 24 Гевгелија, 22 Охрид, 16 Велес, 15 Крива Паланка, 14 Виница, 13 Тетово, 11 Скопје-Петровец, Прилеп, 10 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Тополчани, 9 Лазарополе, 2 Кавадарци. ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА во 07 часот во (cm) 28 Маврови Анови, 27 Крушево, 18 Попова Шапка, 15 Лазарополе, 10 Тетово, 9 Куманово, 8 Тополчани, 5 Берово, Битола, 4 Крива Паланка, 1 Скопје-Петровец. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА Облачно со повремени локални врнежи од снег, а во пониските места особено долж Повардарието од дожд и снег. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен ветер од северен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5 степени. Во Скопје, облачно со повремени врнежи од снег. Попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 2 степена.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 29. ноември 2026 година Дневен хороскоп за недела, 29. ноември 2026 година. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе бидете склони кон попуштање во се и сешто , а некои целосно ќе ги симнат критериумите за љубов. Самците би можеле да бидат со личност по принципот ,,која и да е” . Кариера Ако сте решени да делувате од сенка, денеска е ден кога на таков начин може да постигнете успех. Здравје и совет Прво промислете , а потоа делувајте. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Веројатно ќе ја повикате саканата личност на интимна вечера , каде ќе покажете завидно кулинарско знаење. Кариера Иако некои колеги ќе бидат малку почувствителни и ќе прават драма , добро е што ќе донесете креативност и нови решенија. Здравје и совет Освежете се на чист воздух. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе се веселите со пријатно друштво и нема да дозволите ништо да ви ги расипе добрите односи , расположението и забавата. Кариера Подобро од другите знаете дека дека со мали чекори се минува исто растојание како и со големи. Здравје и совет Релаксирајте се. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Блиска личност ќе ви го отвори своето срце и ќе ви ги покаже своите емоции . Ќе возвратите со иста мерка. Кариера Една состојба или дел од работата ќе биде дефиниран, созреан и заклучен. Од тоа ќе произлезат нови иницијативи. Здравје и совет Можна е мала настинка. Овен 21.3-20.4. Љубов Кулминацијата на поврзаноста со пријателите ќе ви донесе радост , а секако ќе ги подобри и личните особини. Кариера Би сакале да воведете некои измени во процесот на работата. Денеска ќе размислувате за деталите. Здравје и совет Крајот делото го краси. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе заклучите дека е време на другите да им покажете колку се сакате и да ја официјализирате врската. Некои тоа само ќе го посакаат. Кариера Ќе работите без напор и нема да се зимачувате со премногу прашања . Имате добра перспектива , позитивен став. Здравје и совет Сега живеете уредно. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Богатството на еротиката и сензуалноста ќе бидат главна одлика на овој ден. Уживајте. Кариера Можете слободно да направите нешто за себе. На кого било да му објасните , ќе го разбере вашиот став и ќе го прифати како нешто нормално. Здравје и совет Ќе знаете да се справите со проблемите. Рак 22.6-22.7. Љубов Вашите скриени чувства денеска ќе се појават , на ваша среќа. Ќе бидете малку збунети , но ќе ви биде мило. Кариера Заклучоците до кои доаѓате ќе останат познати само за вас и за никој друг. Тоа не е типично за вас , но овој пат така е најдобро. Здравје и совет Никаде не треба да брзате. Лав 23.7-22.8. Љубов Малите естетски вештини ќе бидат ваш начин да и се приближите на саканата личност , со која сте на дистанца. Делумно ќе имате успех. Кариера Оние кои работат во лаборатории , болници , институции од затворен тип и слично ќе добијат унапредувања и добри резултати. Здравје и совет Не влегувајте во расправии. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе се обидете на другата страна да и се претставите во најдобро светло, но тоа нема да биде вашето најдобро издание. Резултатот може да биде менлив. Кариера Резултатите од вашата работа би можеле да излезат на виделина , со што ќе ви порасне гордоста. Продолжете да го градите започнатото. Здравје и совет Мала меланхолија. Вага 24.9.-23.10 Љубов За да ја подобрите вашата љубовна состојба , денеска послужете се со вашата интуиција. Нека таа ве води и се ќе биде подобро. Кариера Во сите дејности , кои се поврзани со луѓе ќе постигнете денеска завидни резултати. Другите ќе соработуваат. Здравје и совет Не освојувајте по секоја цена. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе продолжите да заведувате драга личност. За неа ќе бидете неодоливи. На тој начин ќе ја зголемите блискоста во врската. Кариера Ќе дојде до мали преиспитувања во врска со финансиски вложувања , за кои ќе мислите дека не се стабилни. Ќе смислите нов план. Здравје и совет Не можете вие да одработите за другите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотБаба Ванѓа со морничаво претскажување за 2027. – се споменуваат и луѓе со необични способности Меѓу наводните пророштва на Баба Ванѓа за 2027 година се издвојува една необично прецизна бројка. Цената на златото, според тврдењето кое кружи на интернет, би можело да скокне меѓу 25 и 40 отсто, а како причина се споменува развојот на вештачката интелигенција. Засега не постои веродостоен запис кој би ја поврзал таа прогноза со пророчицата. Вангелија Пандева Гуштерова, попозната како Баба Ванѓа, почина во 1996 година, а три децении подоцна нејзиното име се појавува на списоците со предвидувања за секоја наредна година. Како што пренесува Вечерњи лист, повикувајќи се на Sky History, во приказните кои сега се поврзани со 2027 година се споменува и нов извор на енергија, светски конфликт и луѓе со необични способности. Зошто вештачката интелигенција се споменува во приказната за златото? Оние кои го пренесуваат тврдењето за растот на цената на златото го поврзуваат со проширувањето на центрите за обработка на податоци. Според ова толкување, развојот на вештачката интелигенција би ја зголемил побарувачката за електронска опрема, а со тоа и за златото што се користи во одредени компоненти. Сепак, и во таа верзија на приказната има отворено прашање. Како што пренесува Вечерњи лист, соговорниците од индустријата укажуваат дека повисоките цени би можеле да ги поттикнат производителите да бараат поевтини алтернативи. Колку навистина би се променила побарувачката и каков ефект би имала врз вкупната цена на златото не може да се заклучи од изјавата споделена на мрежите. Опсегот од 25 до 40 проценти ѝ дава на приказната изглед на точност. Но, тоа не е придружено со проверлива пресметка што би ја поддржала прогнозата, ниту запис од кој би се видело дека Баба Ванѓа воопшто зборувала за цената на златото во 2027 година. Друга верзија на приказната споменува нов извор на енергија Заедно со прогнозата за злато, се тврди и дека во 2027 година би можел да се развие нов извор на енергија. Во некои толкувања се споменува нуклеарна фузија, иако во пренесениот текст нема оригинален цитат кој би покажал дека Баба Ванѓа зборувала за таа технологија. И терминот „нов извор на енергија“ остава многу простор за толкување. Може да означи експериментален резултат, технолошки напредок или почеток на практична примена. Верзиите што се споделуваат на мрежите не прецизираат на што се однесува тврдењето, па врската со фузијата е сведена на претпоставка. Светскиот конфликт повторно се појавува на списокот Приказната за голем светски конфликт веќе се појави на списоците со наводни пророштва за 2026 година. Во верзиите за 2027 година се додадени поконкретни сценарија. Едниот тврди дека Кина може да ја преземе контролата врз Тајван, додека другиот споменува директна конфронтација меѓу Соединетите Американски Држави и Русија. Не постои проверлив запис за тие тврдења кои би ги поврзале со изјавата на Баба Ванѓа, ниту е јасно кога првпат биле поврзани со 2027. Повторувањето на истиот мотив во списоците за различни години покажува колку содржината на тие списоци се менува од една верзија во друга. Приказната за натчовечките способности веќе кружи Меѓу тврдењата кои повторно се споделуваат е и она на луѓе кои, наводно, по некоја мистериозна болест или генетски експеримент, би можеле да развијат натчовечки способности. За таа приказна веќе пишувавме на порталот Ona.rs. Ниту во новата верзија нема детали за какви способности станува збор, а немањето конкретни податоци отвори простор за шпекулации за тајни лаборатории. Тие шпекулации се непотврдени, како и самото тврдење дека приказната е од Баба Ванѓа. Од каде прогнозите за поединечни години? Дел од изјавите кои и се припишуваат на Баба Ванѓа се пренесени преку луѓе кои ја познавале, меѓу кои била и нејзината внука Красимира Стојанова. Кога таквите изјави се пренесуваат низ годините, тешко е да се одреди каде завршува она што се слуша и каде започнува последователното толкување. Уште потешко е да се одреди кога е додаден точен датум или конкретна бројка на приказната. За прогнозите за златото, енергијата, светските конфликти и натчовечките способности во пренесениот текст, нема оригинален запис или снимка што би потврдила дека Баба Ванѓа ги зборувала и ги поврзувала со 2027 година. Токму затоа и најточниот детал на листата, порастот на цената на златото до 40 отсто, го има истиот статус како и другите- непотврдено тврдење на интернет.Тагови: баба Ванѓа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31