3Пукотница, па експлозија во Шпанија- загина полицаец, друг остана без нога, настрада и полициско куче
Накит „Фаберже“, порцелан и сребро- над 300 предмети на руското царско семејство Романови ќе се најдат на аукција
2Накит „Фаберже“, порцелан и сребро- над 300 предмети на руското царско семејство Романови ќе се најдат на аукција
СветПолитико: Третата светска војна веќе е во тек - во Украина Ако сте шетале по линијата на фронтот во раните недели од војната во Украина, можеби сте слушнале извици на украински и руски, можеби помешани со звуците на регионалните јазици - бурјатски и чеченски.Денес, војниците од двете страни на конфликтот комуницираат на шпански, непалски, сомалиски, српски и корејски. Странските јазици во рововите се само еден знак дека конфликтот добива се поголема меѓународна димензија, пишува Политико, кој написот го насловува со „Трета светска војна е во тек. Во Украина“. На небото, ирански дрон Шахед може да пресретне американски систем за ПВО додека на земја, германската артилерија ги надминува севернокорејските гранати. Речиси три години подоцна, тешко е да се нарече конфликтот меѓу Русија и Украина - „регионален“. Она што започна во февруари 2022 година како најголема копнена војна во Европа од Втората светска војна, сега се бори за титулата најглобален конфликт од Студената војна, со десетици земји директно или индиректно вклучени во неа. Тој аспект на конфликтот може да го одреди неговиот исход, бидејќи Украина ризикува да го изгуби својот најголем сојузник со доаѓањето на Доналд Трамп на чело на САД, додека Русија привлекува поддршка од американските непријатели како Северна Кореја. „Последниот пат кога видовме вакво нешто веројатно беше советската инвазија на Авганистан“, изјави за Политико истакнатиот историчар за Студената војна Сергеј Радченко. „Тогаш Западот заедно со Пакистан ги поддржуваше муџахедините и сите се вклучија“. Кога Москва ја започна инвазијата, Кремљ ја оправда како одбранбен потег против НАТО. Постои широка согласност дека Путин очекувал краткотраен конфликт, потпирајќи се на досегашната пасивност на Западот кон неговите акции во Украина, Молдавија и Грузија. Сепак, Украинците дадоа неочекуван отпор, а Западот брзо реагираше, испраќајќи оружје и разузнавачки информации кои го запреа рускиот напредок и го интернационализираа конфликтот. „Ќе беше локален конфликт доколку брзо завршеше“, рече Радченко. „Но, не е така“. Со текот на времето, меѓународната димензија стана клучна. Денес, двете страни зависат од надворешната помош: Украина за опстанок, Русија да ја задржи доминацијата додека се обидува да ги минимизира ефектите од војната врз сопственото население. Додека Украина тврди дека се бори за „демократија“, Русија ја оправдува својата војна борејќи се против „американската хегемонија“. Русија доби сојузници како Иран, кој испорачува беспилотни летала и Северна Кореја, која испраќа проектили и војници. Земјите од БРИКС, незадоволни од западните финансиски институции, често покажуваат предност кон Русија. Кинеската поддршка, која вклучува купување на руска нафта и технологија, е од клучно значење за руската економија. „Индија и другите можат да тргуваат со Русија, што е значајно. Но, ништо не се споредува со она што го носи Кина“, рече Александар Габуев, директор на Карнеги центарот за Русија и Евроазија. Од друга страна, Русија користи хибридни методи за да предизвика проблеми и поделби, вклучително и мешање во изборите и поддршка на проруски групи како Хутите во Јемен. Но, за разлика од Студената војна, Москва нема прокси конфликти каде што може директно да го нападне НАТО. Западната помош, предводена од САД и НАТО, го обезбеди опстанокот и воениот отпор на Украина. Од почетните хаубици до авионите Ф-16 и ракетите АТАКМС, помошта постепено се зголемуваше. ЕУ, исто така, постигна напредок во пристапните процеси на Украина и Молдавија. „Без помош од Западот, војната немаше да ја преживее првата година и ќе завршеше со тежок пораз за Украина“, рече Габуев. И покрај тоа, Западот се придржуваше до одредени ограничувања за да спречи ескалација. Украинските барања за напади во Русија долго време се игнорирани, а Москва, иако се заканува со нуклеарни напади, избегнува директни конфликти со НАТО. Од друга страна, Русија користи сојузници како Северна Кореја за да обезбеди ресурси и војници, додека Украина нуди финансиски и историски мотиви на странските борци. Меѓутоа, како што војната влегува во својата четврта година, ниту една страна не ја добива сета помош што ја сака. Идејата за замрзнување на конфликтот, кој вклучува територијални отстапки од Украина, повеќе не е табу тема, туку сериозно се разгледува. „Од самиот почеток беше јасно дека Америка ќе се откаже доколку Украина не победи доволно брзо“, вели Нина Хрушчова, професорка по меѓународни односи во „The New School“ во Њујорк и правнука на советскиот лидер Никита Хрушчов. „Од почетокот на се се гледаше како на холивудска серија“, вели таа. „Првично, сојузниците мислеа дека ќе заврши по една сезона. Но, потоа дојде уште еден“. „И сега сме во третата сезона, и секако дека распонот на вниманието е намален“, рече таа. „Не сакаме четврта сезона, но тоа ќе се случи“. „За Америка, избегнувањето нуклеарна војна со Русија отсекогаш било приоритет број еден. Вториот беше да и се помогне на Украина да победи. Овие две цели треба некако да се помират“, вели Радченко. Падот на поддршката за Украина е особено видлив во САД, каде јавното мислење е поделено, а доаѓањето на Трамп може дополнително да ја намали. Како што конфликтот влегува во својата четврта година, ниту една страна не ја добива сета помош што ја сака. Конфликтот се повеќе наликува на војна за трошење од Првата светска војна, наместо на трета светска војна со висока технологија. „Би било логично да видиме илјадници Иранци и компактни кинески војски кои се борат за Русија во Украина токму сега“, напиша во октомври ултранационалистичкиот руски мислител Александар Дугин, кој се смета за еден од идеолозите на војната во Украина. „Логично е оние кои се против западната хегемонија и за мултиполарен свет да ја поддржуваат Русија со акција. А, Русија потоа ќе ги поддржи во нивните антиимперијалистички војни“. Украина е во уште потешка позиција. Сомнежите за длабочината на западната поддршка растат токму кога Украинците влегуваат во уште една зима, ослабени од слабиот морал и недостигот од речиси се. Според проценките на Пентагон, земјата има доволно ресурси за уште шест до дванаесет месеци пред да се соочи со сериозни проблеми. Двете страни се повеќе користат странски борци, главно од сиромашните земји. Покрај војниците обезбедени од Пјонгјанг, Москва регрутирала борци од Куба, Индија, Непал, Сирија, Србија, Централноафриканската Република и Либија, ветувајќи голчеми плати и руско државјанство. Од друга страна, Украина, покрај финансиските стимулации, на странците им нуди можност да бидат на „вистинската страна на историјата“. „Заедно го победивме Хитлер, ќе го победиме Путин“, напиша тогашниот министер за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба на платформата Х во 2022 година. Крајот на конфликтот најверојатно ќе зависи од одлуката на клучните поддржувачи. Ако НАТО ја повлече поддршката, Украина нема да преживее. Слично на тоа, ако Кина ја повлече поддршката за Русија, Москва ќе биде принудена да ги ограничи своите апетити. Засега војната продолжува да ја обликува глобалната политика, додека ризикот од ескалација останува. Секој нов играч или надворешен фактор, како што се конфликтите на Индо-Пацификот или на Блискиот Исток, може да го промени текот на конфликтот. Се додека војната продолжува, опасноста од вклучување на дополнителни актери останува висока, заклучува Политико.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
АвтомобилизамШокантен пресврт во Фолксваген: Кинеска технологија во 75 проценти од европските модели Со децении, кинеските производители на автомобили купуваат европска технологија и учат од западните компании, но сега ситуацијата е целосно обратна. Германскиот автомобилски гигант „Фолксваген“ сериозно разгледува план за опремување на дури 75 проценти од своите идни модели за европскиот пазар со електронска архитектура развиена во Кина. Предлогот е лично поддржан од шефот на брендот Томас Шефер, а проектот би ги вклучил повеќето нови модели под брендовите „Фолксваген“, „Шкода“ и „Купра“, вклучувајќи ги и идните електрични „Голф“, „Пасат“ и „Шкода Ењак“. Во овој случај, не станува збор за промена на класичната механичка платформа, суспензија или мотор, туку за електронскиот мозок и нервен систем на возилото што ги поврзува сите компјутери, сензори, мултимедијални екрани и безбедносни системи. Главната причина за овој пресврт се огромните финансиски заштеди. Технологијата развиена во соработка со кинеската компанија „Икс-пенг“ овозможува намалување на бројот на електронски контролни единици за околу 30 проценти, што драстично го поедноставува производството и би можела да заштеди на концернот помеѓу четири и пет милијарди евра, а во исто време да ги реши годините на проблеми и доцнења во сопствениот софтверски оддел. Конечната одлука сè уште не е официјално усвоена бидејќи новата архитектура прво мора да претрпи строги прилагодувања на европските закони за безбедност и заштита на лични податоци, што би можело да одземе дел од планираните финансиски придобивки. Сепак, самиот факт дека најголемиот европски производител сериозно планира да набави кинески електронски решенија за автомобили наменети за европски клиенти е најдобар доказ за тоа колку неповратно се променила распределбата на моќта на светскиот пазар.Тагови: фолксваген Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: Од депонија до огромен мега парк на 86.000 м² во КарпошГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, истакна дека со силна динамика се уредува новиот мега парк во Карпош на местото на децениската огромна дива депонија.- Таму каде што со години се трупаше смет, ќе растат дрвја. Таму каде што граѓаните гледаа грда слика, ќе има зеленило, спорт и детска смеа. Сите се сеќаваме на огромната дива депонија во Карпош. На наталоженото ѓубре, на негрижата но и на празните ветувања дека конечно ќе биде исчистена. Денес, зборуваат делата. Работата се одвива со силна динамика, расчистуваме наталожениот смет и оваа површина ја претвораме во огромен мега парк, ново место за одмор, рекреација и дружење. Наскоро, ова место ќе ја добие својата целина. На 86.000 м² ќе има зеленило, дрвја, веќе се поставува урбаната опрема и осветлувањето, спортски терени и фитнес-зони, пешачки зони, како и сопствена хидрантска мрежа. Простор за првите детски чекори, за младите и нивните спортски предизвици, за семејните прошетки и за спокојните мигови на нашите највозрасни сограѓани – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски нагласи дека создавањето нови паркови е меѓу неговите највисоки приоритети, како и дека за само една година се подигнати и уредедени околу 200.000 квадратни метри нови зелени површини низ цело Скопје. - Ова е површина што им ја враќаме на граѓаните и на природата, со јасна определба Скопје да биде позелен и поубав град за живеење. Продолжуваме со истата решителност. Скопјани заслужуваат да ја гледаат промената во своето маало, на својата улица, пред својот дом. Повеќе зеленило. Повеќе простор за живот. Повеќе причини да се гордееме со нашиот град. Скопје се сака со дела – рече Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп откри што е најголемата пречка за мир во Украина: Никој не беше построг кон Русија од мене Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека верува оти мировниот договор меѓу Украина и Русија е многу блиску и оцени дека Украина на крајот ќе има „малку поинаков облик“.Трамп во телевизиската емисија на Си-Би-Ес „60 минути“ изјави дека најголемата пречка за мир, поради што таков договор сè уште не е постигнат, е омразата меѓу украинскиот и рускиот претседател, Володимир Зеленски и Владимир Путин. „Тоа беше омразата меѓу Зеленски и Путин. Верувам дека сме многу блиску до постигнување договор. Да бев јас претседател, таа војна никогаш немаше да започне. Немаше да има шанси. Но, сепак започна. Значи, ја наследив таа војна. Верувам дека сме многу блиску до постигнување договор“, рече Трамп. На прашањето дали повеќе му верува на Путин или на Зеленски, Трамп рече дека „подобро би сакал да каже“, но дека „се сложува добро и со двајцата“. „Имаме состанок. Ќе биде во сабота, но ќе биде продолжен до недела, понеделник и вторник. Значи, ќе видите. Тоа е многу важен состанок. Верувам дека оваа војна ќе заврши, и тоа наскоро. И единствената причина зошто ќе заврши сум јас. Постои огромна количина омраза меѓу претседателот Путин и претседателот Зеленски“, рече Трамп. Трамп рече дека на претходните средби со Зеленски „имало големо непочитување покажано кон Русија“. На прашањето дали Трамп смета дека е „влечен од Путин“ кога станува збор за мировните преговори во Украина, Трамп рече дека „не верува“ дека тоа е случај. „Не верувам во тоа. Па, никој не бил построг кон Русија од мене. Погледнете ја нашата трговија. Погледнете што им направив во трговијата, со санкции и сè друго. Погледнете што им направив. Јас не ги укинав санкциите за дизелот. Дозволив Русија да испорачува, не нам, туку на светот, илјадници и илјадници барели нафта и дизел што им беа потребни. Не им направив никаква услуга“, рече Трамп. Тој рече дека ѝ обезбедил на Украина „илјадници“ противтенковски оружја како помош и дека САД, а не Европа, ја снабдуваат Украина со оружје. „Не, ние сме вие, ние ги снабдуваме со оружје. Но, Европа плаќа за тоа, тоа е разликата. Бајден им даде 350 милијарди долари во готово и оружје. Јас не им дадов ништо. И го оставам на Европа, го продавам по полна цена, а тие ни плаќаат. И не само тоа, тие 350 милијарди долари, се чувствував толку виновен за тоа, бидејќи мислев дека е целосна глупост. Европа ги има парите“, рече Трамп. Тој рече дека „Европа би платила“ за американско оружје за Украина и претходно, но дека „никој дури и не ги прашал“. „Значи, ние само испраќавме оружје по оружје, ги снабдувавме. Патем, Украина имаше храброст да го користи тоа оружје. Бидејќи, на крајот на краиштата, потребна е храброст за да се користат, а тие се покажаа како многу сериозна сила. Но, тие го имаа најдоброто оружје во светот. И не добивме ништо за возврат. Јас продавам оружје“, заклучи Трамп. Трамп рече дека „мисли дека ќе имаме“ слободна и независна Украина откако ќе заврши конфликтот. „Мислам дека ќе имаме, тоа е готово. Мислам дека ќе се случи и Украина ќе заврши во малку поинаква форма. Погледнете, ова е војна што никогаш не требаше да се случи“, рече Трамп. На прашањето кој неодамна им го отежна на Украинците користењето на сателитскиот систем Старлинк, во сопственост на американскиот милијардер Илон Маск, но чија воена верзија треба да биде контролирана од американската влада, Трамп рече дека „не знае“ и дека тоа не бил тој. „Не бев јас. Па, знам ова, не можам да ви кажам кој го собори. Можам да ви кажам дека на крајот го врати, па сега го имаат. Не знам, едноставно не знам. Мислам, тој систем е многу добар систем, а можеби бил одбиен. Мислам, дури и не знам. Не ми е докажано дека бил одбиен. Има многу лаги за таа војна. Но, знам едно - штом слушнав за тоа, беше повторно активиран“, рече Трамп.Тагови: Доналд Трамп украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21