Политико: Енергетски компании од Европа притискаат за договор за транзит на руски гас - Канал 5

Политико: Енергетски компании од Европа притискаат за договор за транзит на руски гас

Енергетски компании од Централна Европа ја притискаат ЕУ за продолжување на договорот за транзит на руски гас

Политико: Енергетски компании од Европа притискаат за договор за транзит на руски гас

(Политико)

Молбата на компаниите до ЕУ доаѓа кога регионот се соочува со прекин на снабдувањето со гас од Русија преку Украина подоцна овој месец.

Најголемите енергетски компании од Централна Европа испратија писмо до шефицата на ЕУ Урсула фон дер Лајен во обид да се продолжи договорот за транзит на руски гас низ Украина, што претставува нов притисок од регионот да обезбеди континуирано снабдување од Москва.

Во писмото испратено до претседателката на Европската комисија во вторникот, фирмите за снабдување со гас, мрежните оператори и индустриските потрошувачи од Унгарија, Словачка, Австрија и Италија велат дека крајот на договорот може да го „искомплицира снабдувањето со гас“ и „да резултира со повисоки цени на гасот за европските потрошувачи“.

Словачка и Унгарија - на чело со рускиот пријател Роберт Фицо и Виктор Орбан - со месеци се обидуваат да го обноват договорот, потпишан меѓу Киев и Москва во 2019 година, кој овозможува транзит на гас преку Украина до Европа. Двете земји тврдат дека крајот на договорот ја загрозува безбедноста на нивното снабдувањето и може да ги зголеми цените на енергијата оваа зима.

СПП, државниот снабдувач со енергија на Словачка, кој го потпиша писмото, предупреди дека прекинот ќе ја чини земјата „повеќе од 220 милиони евра“ за да ги надомести изгубените резерви. Писмото беше потпишано и од лобито на Федерацијата на австриските индустрии и Gas Intensive Società Consortile, тело кое ги претставува фирмите кои користат гас во Италија.

Во понеделникот, словачката министерка за економија Дениса Сакова рече дека земјата има намера да обезбеди договор до крајот на годината, но дека тоа „зависи од партнерите [на земјата]. Фицо разговараше телефонски со неговиот колега Денис Шмихал во понеделникот вечерта за договорот, откако во текот на викендот рече дека официјалните лица воделе „многу интензивни“ разговори за договорот.

По повикот, Шмихал изјави дека ќе се разговара за опциите за продолжување на договорот сè додека тие не вклучуваат текови кои продолжуваат од Русија и доколку Комисијата „официјално го реши прашањето“ со Киев.

Унгарскиот министер за енергетика Чаба Лантош во понеделникот им рече на новинарите пред редовниот состанок на министрите наЕУ во Брисел дека ќе биде корисно Комисијата да се вклучи и да ги поддржи овие напори.

Сепак, извршната власт на ЕУ во повеќе наврати кажа дека блокот нема да се соочи со сериозни последици доколку прекине протокот на гас и ја отфрли можноста да помогне во преговорите за продолжување на договорот.

Економски загуби

И покрај овие повици, експертите се скептични дека крајот на договорот ќе има драматични импликации за Будимпешта и Братислава.

Според Сергиј Макогон, украински експерт за енергетика и поранешен извршен директор на државниот оператор за гасна мрежа во земјата, Словачка веројатно нема да се соочи со вртоглаво растечки цени и криза во снабдувањето ако истече договорот, но ќе губи околу 1,5 милијарди долари годишно од препродажба и транзит на руски гас.

„Главната причина поради која Словачка го побара ова продолжување е ... чисто [само] економска“, рече тој.

Првото нацрт писмо, во кое Политико имал увид, вклучуваше и спомнувања на чешки, германски и украински енергетски компании, кои не се појавија во конечната верзија. Во таа верзија, молдавскиот државен снабдувач со гас Молдовагаз привремено ја потпиша и декларацијата, но нивниот потпис исто така недостасува во писмото објавено во вторник.

Макогон тврди дека тоа е веројатно затоа што словачките фирми се надевале дека ќе добијат поширока поддршка за декларацијата, но не успеале да обезбедат доволно поддршка поради контроверзната природа на темата.

За разлика од Централна Европа, сепак, Молдавија најверојатно ќе биде погодена од истекувањето на договорот.

Тоа е затоа што проруската отцепена територија Придњестровје на истокот на земјата добива субвенциониран гас од Москва преку Украина, објасни Макогон. Бидејќи не е предвиден алтернативен извоз на гас за јануари, тој ќе остане без залихи, принудувајќи ја владата на Молдавија да купува поскап гас на пазарот на ЕУ и да замени 70 отсто од снабдувањето со електрична енергија во земјата.

Комисијата одби да коментира. Молдовагаз, словачката и унгарската влада и нивните енергетски фирми СПП, Еустрим, МВМ и МОЛ, не одговорија веднаш на прашањата на Политико.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова разговараше со претседателот на Литванија- претседавач со ЕУ од јануари 2027

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на Парискиот мировен форум 2026, оствари средба со претседателот на Република Литванија, Гитанас Науседа.

Сиљановска-Давкова разговараше со претседателот на Литванија- претседавач со ЕУ од јануари 2027

Taa го поздрави денешното отворање на нашата прва резидентна Амбасада во Вилнус и изрази очекување за продлабочување на македонско-литванската политичка, економска и институционална соработка.

Соговорниците разменија ставови за процесот на проширување на Европската Унија, состојбата во регионот на Западен Балкан, како и за македонските предизвици во пресрет на литванското претседавање со Советот на ЕУ од јануари 2027 година.

Тие се согласија дека реформите и Копенхашките критериуми се клучните параметри за членство во ЕУ на земјите-кандидатки и дека билатералните прашања не треба да бидат пречка во процесот на проширување.

Претседателката посочи дека соседите може да имаат позитивна улога во европската интеграција на регионот, укажувајќи на примерот на скандинавските земји, кои целосно ги поддржаа балтичките држави пред нивното членство во Европската Унија во 2004 година.

Таа го информираше претседателот за македонските преземени чекори на патот кон ЕУ, како и за прашањата со коишто се соочува земјата, од добивањето на кандидатскиот статус во 2005 до денес.

Сиљановска-Давкова истакна дека продолжуваат македонските напори за конструктивен дијалог со соседна Бугарија, но нагласи дека за тоа е неопходно двете страни да пристапат кон процесот со добра волја, соопштуваат од Кабинетот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЗНАМ: Пред да прогласувате историски победи, почекајте ги стручните ставови на Венецијанската комисија

Движењето ЗНАМ смета дека е несоодветно создавањето политичка еуфорија и прогласувањето историски победи од страна на претставниците на ВРЕДИ.

ЗНАМ: Пред да прогласувате историски победи, почекајте ги стручните ставови на Венецијанската комисија

Движењето ЗНАМ смета дека е несоодветно создавањето политичка еуфорија и прогласувањето историски победи од страна на претставниците на ВРЕДИ, во момент кога Владата всушност ја усвои информацијата за потребата од прибавување стручно мислење од Венецијанската комисија за прашањето на употребата на албанскиот јазик во правосудството.

Усвојувањето на информација за потребата од стручно мислење не значи дека е донесена конечна одлука, ниту дека е направена каква било промена во законската рамка и начинот на функционирање на правосудниот систем.

Напротив, побараното мислење од Венецијанската комисија треба да даде стручна и правна основа за понатамошно постапување, со почитување на Уставот, законите, правната сигурност и европските стандарди.

Прашањата поврзани со употребата на јазиците, особено во правосудството, се премногу сериозни за да бидат предмет на дневнополитички маркетинг, пред да бидат разгледани сите правни аспекти и да бидат добиени релевантните стручни мислења.

Затоа, наместо предвремено прогласување победи и создавање очекувања кај граѓаните, потребни се одговорност, институционален пристап и почитување на правните процедури.

За ЗНАМ, владеењето на правото, уставноста и еднаквоста пред законите не се предмет на политички пазарења, туку темелни принципи врз кои мора да функционира државата.

Центар за комуникации и аналитика

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска Давкова учествува на Парискиот мировен форум

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во рамките на Парискиот мировен форум се обрати на панел дискусијата насловена „Одбрана на линијата: суверенитет во ера на хибридни закани“.. 

Сиљановска Давкова учествува на Парискиот мировен форум

„Ние живееме во интерегнум , така да се изразам, во меѓувластие, кога старото општество е заминато, а новото уште не се појавило и монструми нѐ опкружуваат. Во време на вештачка интелигенција и дигитализација овие насилници се скриени, но многу моќни. Оттаму ние мериме чекори, документи, политики ,а тие не. Она што мислам дека е многу важно, посебно за ЕУ и секако за НАТО нема никогаш политички вакуум, никогаш. Особено нема политички вакуум на Балканот. Секогаш Балканот бил карта за поткусуравање и големите сили си ги мерат своите сили, за несреќа, на Балканот. Затоа според мое мислење ова е многу важно. Не е важно само за да нѐ охрабрите нас во регионот, за да бидете силни, да бидете трпеливи и така натаму. Не, ние треба да ги направиме вистински чекори. Зашто од внатре ние сме 70 проценти поврзани со економијата на ЕУ. Тогаш, ако ние сме економски партнер и ако сме во НАТО, го знам одговорот. Доколку сме корисни, доколку сме кредибилни, доколку толку многу пати сме биле пофалени како одлични тркачи, тогаш имаме право и да го завршиме нашиот пат кон Брисел. И тогаш нема да речам дека нашиот маратон кон Брисел е како „Чекајќи го Годо“. “ , рече претседателката Сиљановска Давкова.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер