Политиката на Бугарија за македонските евроинтеграции останува непромента

На 20 дена до клучниот состанок на Европската Унија, на која ќе се знае судбината на македонските преговори, техничкиот премиер Стефан Јанев порачува дека ставот на Софија останува непроменет. 

Вели дека тоа експлицитно било укажано и на завчерашниот Совет за општи работи во Брисел дека Македонија не ги исполнува критериумите за одржување на првата меѓувладина конференција. Јанев појаснува дека и претходната влада имала јасна позиција, но не била прецизно претставена пред европските партнери.

-Ја објаснуваме (позицијата) и нема до отстапиме зашто се работи за бугарски национален интерес во однос на правата на нејзините граѓани, односно за правата на граѓаните на земја членка, кои почиваат на копенхашките критериуми и на принципите на кои функционира ЕУ. Независно што од 2019 година имаме позицијата и на Владата и поддршка од Народното Собрание, таа комуникација не била направена (со ЕУ)., изјави за Бугарската национална телевизија (БНТ), Стефан Јанев, премиер на Бугарија.

Во меѓувреме, бугарскиот претседател Румен Радев оцени дека билатералниот дијалог со Македонија треба да води до конкретни резултати. Во телефонски разговор со Оливер Вархеји, инициран од еврокомесарот за проширување, тој посочил дека очекува одговори на јасни прашања од Македонија и конкретно делување, потенцирајќи ги прашањата за правата на Бугарите во Македонија, наводниот говор на омраза и почитувањето на бугарската историја и културното наследство во Македонија. Во Бугарија веќе трет ден се одвиваат преговори за состав на нова влада меѓу победничката „Продолжуваме со промените“ и уште три политички партии.

Разбојници ја убиле сопругата на легендарен музичар

Сопругата на легендарниот музичар Кларенс Авант е убиена во вторникот во нејзиниот дом во елитната населба Трусдејл Естејтс во Лос Анџелес.

Имено, таа била убиена од крадци кои упаднале во нивната семејна куќа.

Полицијата на Беверли Хилс била повикана во куќата во Трусдејл Естејтс во вторникот вечерта околу 2.30 часот по полноќ, откако на телефонскиот број 911 добиле повик дека некој бил застрелан и убиен.

Сопругата на Авант, Жаклин Авант, итно била пренесена во болница, каде што подоцна починала. Таа имала 81 година.

Семеен извор изјавил за ТМЗ дека разбојниците пукале додека влегле во куќата и ја погодиле сопругата на Авант.

Авант (90) во тој момент бил дома, но не е јасно дали е повреден во нападот.Легендарниот музичар беше примен во Куќата на славните во октомври, а покрај него беше неговата сопруга.

Нивната ќерка Никол Авант е во брак со извршниот директор на Нетфликс, Тед Сарандос.

СЗО: За неколку дена ќе знаеме колку е заразен омикрон

Светската здравствена организација очекува за неколку дена да има повеќе информации за тоа колку е заразен новиот сој на корона, омикрон, изјави денеска техничкиот директор на СЗО Марија ван Керхове.

Во соопштението се посочува дека СЗО ќе има податоци за омикрон многу побрзо од предвиденото, бидејќи Женева претходно соопштила дека ќе бидат потребни недели за да се добијат податоците, пренесе Ројтерс.

Некои од главните прашања се дали сојот е позаразен или отпорен на заштитата од вакцини, а одговорите треба да се почекаат, се додава.

Софија Вергара на луда латино забава во кругот на семејството (ВИДЕО)

Софија Вергара (49) изгледа сензационално на прославата на американскиот Ден на благодарноста, а актерката на социјалните мрежи се пофали со фотографии и видеа од забавата на која присуствуваа членовите на нејзиното семејство.

На ѕвездата од ТВ серијата „Модерно семејство“ и` се придружија помладата сестра, музичарката Вероника (21) и внуката Клаудија (29). Веселото трио танцува пред огледалото, а на Софија подоцна во танцовите чекори и се придружила и нејзината баба.

Се чини дека на споменатата забава не присуствувал актерот Џо Манганиело (44) за кого заносната американско-колумбиска дива се омажи во 2015 година.

- Среќна шеста годишнина од бракот, љубов моја! Уште многу години заедно! Те сакам – напишала Софија на Инстаграм во вторникот.

Двојката се свршила на Божиќ за време на романтичен одмор на Хаваи во 2014 година, само шест месеци откако Вергара раскинала со Ник Лоеб. Тие се венчале во 2015 година во Палм Бич, Флорида. Заедно немаат деца, а Софија е мајка на 27-годишниот син Манол, кој го доби со поранешниот сопруг Џо Гонзалес.

притисни ентер