Политички партии се уште не откриваат детали за преговорите за формирање нова влада

Чекаат ли партиите по Илинденските празници да почнат со формални преговори за состав на новата влада?

И по десетина дена од изборите, партиите и од македонскиот и албанскиот блок, не ги откриваат своите адути за можни коалиции и обезбедување на парламентарно мнозинство.

Од Алијансата за Албанците и Алтернатива, сепак, не ја исклучуваат можноста да бидат дел од владина коалиција во која би учествувала и ДУИ. И покрај првичниот категоричен став дека коалиција со „интегративците“ не доаѓа во предвид, денеска со омекнат став, велат, иако е тешко изводливо, се е во игра.

- Ние сме кажале дека не исклучуваме никого, но исто така сме кажале дека со ДУИ во Влада ќе биде многу тешко, можеби неизводливо. Но сепак, ќе оставиме на политичките лидери во договорите, има многу варијанти, кој ќе биде исходот ќе видиме. Нема нешто конкретно, нема нешто ново. Како коалиција ама и поединечно како партии комуницираме со сите политички партии а тие контакти ги одржуваме и денес. Следи период кога треба да почнат преговори за формирање Влада. Чекаме претседателот на државата да го предаде мандатот по што и мандатарот ќе ги почне преговорите за формирање на новата Влада воедно и тој одлучува со кој ќе коалицира, изјави Шефик Дураку од коалицијата АА и Алтернатива.

Покрај партиските калкулации, коалициските партнери Алијанса и Алтернатива утре ќе протестираат, незадоволни од последните избори и правото на слободен глас на, како што велат, албанските граѓани. Најавија т.н „Марш на демократијата“со партиски знамиња и албанското национално знаме.

Од ВМРО-ДПМНЕ остануваат на ставот дека во тек се неформални разговори, но не откриваат детали се додека нема конечен исход.Повикот на Заев за сите пратеници да им се приклучат во коалицијата, од ВМРО-ДПМНЕ го оценуваат како поткуп и пазар.

-Само за Зоран Заев и за СДСМ демократијата е пазар на кој што може да се купат гласови и со злоупотреба на државата да се купат пратеници. Претседателот на ВМРО- ДПМНЕ Проф д-р Христијан Мицкоски од партиските тела доби овластување да разговара со другите парламентарни партии за состав на нова влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Во интерес на разговорите до нивно финализирање нема да откриваме детали, велат од партијата.

И од СДСМ не откриваат ништо ново околу плановите за новата Влада. Го повторија ставот дека преговорите за идната коалициска соработка ќе ги започнат идната недела после Илинденските празници.

ДУИ по цврстиот став за премиер Албанец според последните изјави на партиските функционери ја омекнуваат позицијата и како коалициски услов го потенцираат почитувањето Охридскиот, Преспанскиот како и Договорот за добрососедство со Бугарија.

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер