Политички дилеми за Денот на Европа – кој е за, а кој против интеграцијата на Македонија во ЕУ? - Канал 5

Политички дилеми за Денот на Европа – кој е за, а кој против интеграцијата на Македонија во ЕУ?

Денеска се одбележува и Денот на Европа, кој беше повод за политички пораки, но и обвинувања за тоа кој бил за, а кој против интеграцијата на Македонија во Европската Унија. 

Политички дилеми за Денот на Европа – кој е за, а кој против интеграцијата на Македонија во ЕУ?

Денот на Европа повторно ја отвори политичката борба помеѓу власта и опозицијата на тема ЕУ-интеграции. Претседателот на СДСМ Венко Филипче посочи дека Македонија можеше на овој ден да има многу повеќе причини за славење, но за жал државата ја води Мицкоски и како што кажа неговата организирана криминална. Како пример ја зема Црна Гора која што оди напред, која што ги затвора поглавјата, преговорите и која што догодина ќе стане земја членка на Европската Унија, а Македонија е претворена како Венецуела на Балканот.

За премиерот Христијан Мицкоски, Македонија и натаму верува дека Европа е нејзиниот единствен пат и дека државата нема друга иднина и шанса за успех освен интеграцијата во Европската Унија, не по секоја цена. Во говорот премиерот посочи дека во јавноста постои замор од ветувања, разочарување од блокади и чувство дека принципите не секогаш важат подеднакво за сите и е како „горко искуство“ од откажувања, препреки и неразумни спорови на патот кон ЕУ.

Проширена ЕУ значи поголема геополитичка отпорност, засилена енергетска независност, подобрена безбедност, но и поголема тежина на нашите заеднички вредности во турбулентните конфликти, посочи евроамбасадорот Михалис Рокас.

Првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали изјави дека, од 21 реформски чекор поднесен за проценка се очекува 16 да добијат позитивна оценка од ЕУ. Ова би ослободило околу 70 милиони евра финансиска поддршка од ЕУ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Најзгодната мама повторно воодушеви во бикини

Екс манекенката Роузи Хантингтон-Вајтли ужива во одморот со својот славен сопруг, холивудскиот актер Џејсон Стетам и децата.

Фото: Најзгодната мама повторно воодушеви во бикини

Познатото семејство летниот одмор го мининува на егозтичната Малта, каде што Роузи повторно позира во провокативно бикини.

Убавата Роузи Хантингтон-Вајтли ја покажа својата извајана фигура во минијатурни бикини за време на луксузниот семеен одмор со Џејсон Стетам.

39 годишната манекенка моментално ужива на Малта со 20 години повозрасниот Џејсон и нивните две деца – деветгодишниот син Џек и четиригодишната ќерка Изабела.

Парот веќе објави фотографии од одморот, но кога станува збор за Роузи, никогаш не е доволно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Франција пронајдени тела на пет бебиња

Француските обвинители покренаа истрага за сомнително убиство откако во станот на еден пар во градот Оранж, во југоисточна Франција, беа пронајдени посмртните останки на пет новороденчиња, соопштија локалните правосудни органи.

Во Франција пронајдени тела на пет бебиња

Остатоците од бебињата биле пронајдени во картонски кутии за време на претрес на станот во историскиот центар на градот, спроведен од 32-годишниот партнер на жената, откако тој – според обвинителството – дури во напредна фаза дознал дека таа повторно е бремена, пренесува „Франс 24“.

Жената во неделата дома родила здраво дете, по што била пренесена во болница.

По пристигнувањето во станот, нејзиниот партнер пронашол остатоци за кои се сомневал дека се човечки остатоци и ги известил болничките вработени, кои го пријавиле случајот во обвинителството. Според првите наоди на судскиот испитувач, остатоците најверојатно им припаѓаат на пет бебиња, а причината и околностите на нивната смрт ќе бидат утврдени со обдукции.

Истражителите сè уште не разговарале со мајката, соопштија од обвинителството.

Двојката има и две деца на возраст од осум и девет години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шпанската пејачка ја откри вистината за нејзината врска со фудбалерот

Шпанската пејачка Ана Мена одлучи да проговори по бројните гласини што ја поврзуваат со сè попопуларниот фудбалер Феран Торес.

Шпанската пејачка ја откри вистината за нејзината врска со фудбалерот

Шпанската пејачка Ана Мена категорично демантираше дека е во врска со напаѓачот на Барселона, Феран Торес – освојувач на Светското првенство во 2026 година со шпанската репрезентација – и ги нарече таквите тврдења „глупости“ и „апсурдни“, откако беа видени заедно за време на прославата на светската титула.

Пејачката веднаш реагираше на гласините што се појавија во медиумите деновиве, особено на оние што ја поврзуваат со фудбалерот на Барселона.

„Ова е бесмислица, за име на Бога. Навистина е смешно“, им изјави таа на собраните новинари, пренесува Goal.com.

Медиумите почнаа да ги поврзуваат Ана Мена и Феран Торес откако беа видени заедно на прослава на плоштадот Сибелес, организирана од Шпанската фудбалска федерација, а потоа и на приватна забава во еден од најпознатите ноќни клубови во Мадрид.

Шпекулациите дополнително се разгореа кога пејачката се појави во дрес со бројот 7, кој Торес го носи во шпанската репрезентација.

Кога ја прашале Анна зошто го носела токму тој дрес, Ана Мена кратко одговори: „Па, тоа е дресот што ми го дадоа, не знам.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер